- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 25.190
- Поени од реакции
- 43.013
... во автошколите се учи дека за вртење лево мора да се користи внатрешната лента, но според Законот за безбедност во сообраќајот, кружниот тек правно се дефинира како еднонасочен пат со повеќе сообраќајни ленти.
... кога возилото од внатрешната лента (во овој случај Фиат) сака да излезе на вториот или третиот излез, тоа мора да ја пресече надворешната лента, законското правило за менување ленти е децидно:
Возачот кој ја менува сообраќајна лента е должен да ги пропушти сите возила кои веќе се движат во лентата во која тој сака да навлезе, без оглед на тоа што Киа-та возела во круг по погрешна лента, таа се наоѓала во својата лента, Фиат-от не смеел нагло да сврти десно и да ја удри во врата, туку морал да намали брзина, да ја пропушти Киа-та, па дури тогаш да се исклучи!
... полицијата ја поднела пријавата против Киа-та за „непочитување знаци/ознаки“ затоа што се потпираат на претпоставката дека надворешната лента на тој кружен тек е означена само за десно, но конкретно на нејзина фотографија во овој конкретен случај (не станува збор за друг кружен тек), таму нема хоризонтални стрелки на асфалтот ниту вертикален знак за принудно насочување, на суд, ако нема јасен знак кој му забранува на возилото во десната лента да продолжи да вози во круг, пријавата на МВР паѓа во вода, не може да се казни за прекршок на правило кое не е материјално означено со знак, не знам зошто не е јасно?
... пишуваме за овој случај, не за општо правило и кружни текови кои имаат сигнализација и ознаки, точно е тоа – ако сите возат така, ќе има милион сообраќајки, затоа во модерното инженерство се градат таканаречени „Турбо кружни текови“ (во Скопје кај Рамстор или во Прилеп), каде има бетонски рабници кои физички те тераат да излезеш ако си во надворешната лента и не ти дозволуваат да кружиш, но на обичните кружни текови каде што нема бариери ниту стрелки, законот го штити тој што се движи право во својата лента, дури и кога вози некултурно во круг.