Сообраќајка во кружен тек: МВР ме мести за избришани стрелки, а ме удрија во возачка врата! (Ми треба адвокат)

Член од
11 јуни 2026
Мислења
6
Поени од реакции
3
Здраво дечки,
Ми треба итен совет и препорака за добар, проверен адвокат во Скопје што се занимава со сообраќајни прекршоци и штети. Случајот е класичен пример за тоа како МВР оди по линија на помал отпор и сака да казни невин возач.
Сообраќајката се случи пред една година на кружниот тек во Гази Баба (на кружниот кај East Gate ).
Ситуацијата беше следна:
Јас се движам во десната (надворешна) лента со намера да продолжам право низ кружниот тек накај пластичарска. Другата кола се движи во левата (внатрешна) лента, нагло решава да излезе десно и ме мава директно во мојата, возачка врата. Значи, јас веќе навлезена во кругот, таа ми сече патека од лево без да пропушти возило во десна лента.
Каде е апсурдот?
МВР сега ми праќа пријава дека не сум почитувала сообраќајни знаци/ознаки на патот, демек стрелките на патот ме терале да свртам десно уште на првиот излез.
Имам слики од денот на сообраќајката каде јасно се гледа:
Десната лента каде што возам е со дупки и стрелките се 100% избришани и непостоечки (државата не ја обновила сигнализацијата со години). Левата лента има стрелка за право и лево.
Ударот е директно во мојата возачка врата, што физички докажува дека таа ме удри мене додека јас бев во мојата лента, а не јас неа.
Дознав дека другата страна веќе ангажирала адвокат за да ми ја префрли вината и да цица пари од моето осигурување, па полицијата затоа ми врши притисок. Колата ми е веќе поправена на мој трошок, но не е фер бидејќи на оваа раскрсница има безброј случаи каде што плаќаат ради ова,а не се поправа сигнализацијата.
Ве молам за препорака за остар адвокат во Скопје што знае како да ги сруши МВР на Прекршочен суд со помош на овие слики (материјални докази) ако е возможно
Благодарам однапред!
 

Attachments

  • Screenshot_20260611_065120_Maps.jpg
    Screenshot_20260611_065120_Maps.jpg
    149,9 KB · Прегледи: 129
  • Screenshot_20260604_055923_Photos(1).jpg
    Screenshot_20260604_055923_Photos(1).jpg
    589,3 KB · Прегледи: 128
  • Screenshot_20260604_055349_Photos.jpg
    Screenshot_20260604_055349_Photos.jpg
    222,1 KB · Прегледи: 123
  • Screenshot_20260604_055400_Photos.jpg
    Screenshot_20260604_055400_Photos.jpg
    235,9 KB · Прегледи: 105
  • Screenshot_20260604_055657_Photos.jpg
    Screenshot_20260604_055657_Photos.jpg
    331,6 KB · Прегледи: 112
Не смееше да си во десната лента ако не излегуваш на тој излез. Избришани стрелки не влијаат на вината.
Како и да е, не се појавувај на рочиште без вештачење и од твоја страна.
 
Не смееше да си во десната лента ако не излегуваш на тој излез. Избришани стрелки не влијаат на вината.
Како и да е, не се појавувај на рочиште без вештачење и

Не смееше да си во десната лента ако не излегуваш на тој излез. Избришани стрелки не влијаат на вината.
Како и да е, не се појавувај на рочиште без вештачење и од твоја страна.
Во голема грешка си за двете работи, а еве и зошто
  1. За лентата и излезот: Во десната (надворешна) лента на кружен тек имаш право да возиш и да го пропуштиш првиот излез за да излезеш на вториот, особено ако нема хоризонтална сигнализација (стрелка) која експлицитно те присилува да ја напуштиш раскрсницата на првиот излез. Надворешната лента не е наменета исклучиво за првиот излез.
  2. За вината и престројувањето: Она што целосно ја менува вината е правилото за менување лента. Дури и јас да сум била во погрешна лента (што не е случај), возачот од левата (внатрешна) лента НЕМА првенство кога сака да излезе од кружниот тек. Тој е должен да ги пропушти сите возила во десната лента, па дури тогаш да се престрои. Со оглед на тоа што таа ме удри странично во мојата возачка врата, тоа е чист доказ дека таа изврши нагло сечење на мојата патека на движење и направи прекршок за неправилно престројување. Јас веќе бев внатре во кругот, навлезена пред неа во мојата лента.

За делот со вештачењето се согласувам дека е добро да се има силна одбрана, но на прекршочен суд за ваков јасен страничен удар каде што полицијата не го утврдила правилно престројувањето, добар адвокат со приговор и овие фотографии може многу лесно да ја собори пријавата на МВР и без да плаќам приватни вештаци поскапи од самата казна.
 
Ова е класично и тотално непознавање на општи сообраќајни правила во Македонија кои тешко ќе ги искорениме пошто сите возат вака ко абдали како Фиатот.

Левата лента во кружен тек е за вртење лево и возење право, а десната за излез од кружен тек (небитно кој!)

Ако си во лева лента немаш првенство према автомобилите во десна лента, мора да почекаш да биде слободна левата лента да се престроиш

Во право си 100%
 
Кога влегуваш на кружен гледај у исто време да нема никој да вози паралелно со тебе, тоа е најдобар совет. А возиш паралелно со некого има големи шанси да те сјебе.
 
Ако мислиш да го вртиш кружниот треба да си во внатрешна лента. Незнам што е спорно твоја вина е сообраќајката. Нонстоп се пазам од вакви будали на истиот кружен.

1781182851082.png

Еве ти слика од кружниот кај што е обележано дека таа лента е само за десно.
 
Последно уредено:
Ако мислиш да го вртиш кружниот треба да си во внатрешна лента. Незнам што е спорно твоја вина е сообраќајката. Нонстоп се пазам од вакви будали на истиот кружен.

Прегледај го приврзокот 479766

Еве ти слика од кружниот кај што е обележано дека таа лента е само за десно.
Така де. Ама другиов возач возел по внатрешната (лева) лента, и свртил нагло десно (излез) како што разбрав. Не може да е во право.
 
Така де. Ама другиов возач возел по внатрешната (лева) лента, и свртил нагло десно (излез) како што разбрав. Не може да е во право.
Она морала да се исклучи десно не смее да го врти кружниот. Таму се две ленти, тој од внатре на кругот може или да врти или да продолжи право во НЕГОВАТА лента.
 
Ова е класично и тотално непознавање на општи сообраќајни правила во Македонија кои тешко ќе ги искорениме пошто сите возат вака ко абдали како Фиатот.

Левата лента во кружен тек е за вртење лево и возење право, а десната за излез од кружен тек (небитно кој!)

Ако си во лева лента немаш првенство према автомобилите во десна лента, мора да почекаш да биде слободна левата лента да се престроиш

Во право си 100%
Не си во право, десната лента е за излез од кружен тек, левата е за право и излез. Возачот со Киата е виновен затоа што од лената за излез продолжува право.
 
Здраво дечки,
Ми треба итен совет и препорака за добар, проверен адвокат во Скопје што се занимава со сообраќајни прекршоци и штети. Случајот е класичен пример за тоа како МВР оди по линија на помал отпор и сака да казни невин возач.
Сообраќајката се случи пред една година на кружниот тек во Гази Баба (на кружниот кај East Gate ).
Ситуацијата беше следна:
Јас се движам во десната (надворешна) лента со намера да продолжам право низ кружниот тек накај пластичарска. Другата кола се движи во левата (внатрешна) лента, нагло решава да излезе десно и ме мава директно во мојата, возачка врата. Значи, јас веќе навлезена во кругот, таа ми сече патека од лево без да пропушти возило во десна лента.
Каде е апсурдот?
МВР сега ми праќа пријава дека не сум почитувала сообраќајни знаци/ознаки на патот, демек стрелките на патот ме терале да свртам десно уште на првиот излез.
Имам слики од денот на сообраќајката каде јасно се гледа:
Десната лента каде што возам е со дупки и стрелките се 100% избришани и непостоечки (државата не ја обновила сигнализацијата со години). Левата лента има стрелка за право и лево.
Ударот е директно во мојата возачка врата, што физички докажува дека таа ме удри мене додека јас бев во мојата лента, а не јас неа.
Дознав дека другата страна веќе ангажирала адвокат за да ми ја префрли вината и да цица пари од моето осигурување, па полицијата затоа ми врши притисок. Колата ми е веќе поправена на мој трошок, но не е фер бидејќи на оваа раскрсница има безброј случаи каде што плаќаат ради ова,а не се поправа сигнализацијата.
Ве молам за препорака за остар адвокат во Скопје што знае како да ги сруши МВР на Прекршочен суд со помош на овие слики (материјални докази) ако е возможно
Благодарам однапред!
Ако ти си со спортажот, ти си виновникот. Надворешната летна е за исклучување, а внатрешната е за исклучување и вртење на втор излез. Баш поради вакви примери кога влагам во кружен тек, поспоро возам зашто знам дека луѓево немаат појма од правила.
 
Ако мислиш да го вртиш кружниот треба да си во внатрешна лента. Незнам што е спорно твоја вина е сообраќајката. Нонстоп се пазам од вакви будали на истиот кружен.

Прегледај го приврзокот 479766

Еве ти слика од кружниот кај што е обележано дека таа лента е само за десно.
моја вина на необележано, да идеме сега таму сите така возат поради правило на необележан кружен тек каде што првенство има тој што е прв во кружниот тек, за се си има закони, а не може мвр да гони за невидливи стрелки од минимална цена од 200 евра, до сега од толку незгоди ќе нацртаа, што правиме со странците и тие од дриги градови, на пример јас прв пат го возев овој кружен тек.
Автоматски споено мислење:

Не си во право, десната лента е за излез од кружен тек, левата е за право и излез. Возачот со Киата е виновен затоа што од лената за излез продолжува право.
од десната продолжува право, фиатот од левата се исклучува и ме мава во врата што е знак дека не пропушта во кружен тек
 
моја вина на необележано, да идеме сега таму сите така возат поради правило на необележан кружен тек каде што првенство има тој што е прв во кружниот тек, за се си има закони, а не може мвр да гони за невидливи стрелки од минимална цена од 200 евра, до сега од толку незгоди ќе нацртаа, што правиме со странците и тие од дриги градови, на пример јас прв пат го возев овој кружен тек.
Автоматски споено мислење:


од десната продолжува право, фиатот од левата се исклучува и ме мава во врата што е знак дека не пропушта во кружен тек
Untitled.pngUntitled2.png

Колата со број 1 може да продолжи право кон а или да излезе кон б, додека колата со број 2 иде само на б.
Доле на асфалтот ги имаш и стреликте.
 
Screenshot_20260611_065120_Maps.jpg

Општо кажано од прв поглед за сообраќајната несреќа:

... кривица на возилото во внатрешната лента (сина линија) на кружен тек што продолжува да вози право всушност ја менува сообраќајна лента со што треба да се престрои и да го пропушти возилото што му доаѓа од десна страна, па потоа да продолжи право,

... кривица неправилно престројување пред кружниот тек надворешната лента (црвена линија) во кружен тек е наменета исклучиво за исклучување на првиот или најдоцна на вториот излез одење десно или право, а не да врти лево (кружи) по надворешната лента, наместо навреме да се престрои во внатрешната лента пред почетокот на маневарот за вртење лево,

... во вакви ситуации сообраќајната полиција и осигурителните компании најчесто утврдуваат поделена одговорност (обично 50/50), возилото на сината линија згрешил бидејќи му го пресекол патот на возилото од десната страна, а возилото на црвената линија згрешил бидејќи се позиционирал во погрешна лента за насоката во која сакал да се движи.


Screenshot_20260604_055923_Photos(1).jpg

... е сега клучен момент (затоа се вели треба вештачење) ОВА ФОТОГРАФИЈА, ударот на возилото на сината линија од внатрешниот дел на кружен тек во возачката врата на возилото на црвената линија на надворешниот дел на кружниот тек со што се заклучува дека возилото кое се движело во внатрешниот дел (сина линија) е директен предизвикувач на судирот, затоа што возилото на црвена линија на надворешниот дел од кружниот тек веќе било позицирано пред него,

... така да возачот на сината линија не внимавал и нагло свртел десно да излезе од кружниот тек со што буквално му го пресекол патот и удрил во возило кое веќе се наоѓало пред него и тука веќе имаме според Законот за безбедност во сообраќајот, тој што менува правец/лента мора да ги пропушти сите возила што му се наоѓаат од десната страна, без разлика што возилото што вози во надворешниот дел (црвена линија) направил прекршок движејќи се во погрешна лента на за кружење, така да возилото во внатрешниот дел на кружниот тек на сината линија сноси поголем дел од вината (или целосна вина за самиот судир) во сообраќајот постои правило дека возачот мора да реагира за да избегне сообраќајна несреќа доколку некое возило пред него прави прекршок, бидејќи ударот е во возачката врата, возилото во внатрешниот дел на кружниот тек на сина линија имал чист преглед кон автомобил кој му бил од десната страна (црвена линија), но возачот воопшто не кочел ниту го пропуштил пред да излезе

... со овој нов доказ, ситуацијата се менува во корист на возилото на надворешниот дел на кружен тек (црвена линија), па во судска практика, возачот на синото возило ќе биде прогласен за главен виновник за предизвикување на сообраќајната незгода (поради неправилно и небезбедно исклучување/менување лента), додека возачот на возило на надворешниот тек (црвена линија) евентуално може да добие само помала прекршочна казна за неправилно престројување пред кружниот тек.

... десното црвено возило (Kia Sportage), претрпело директен удар во возачката врата, левото помало црвено возило (Fiat Panda) е позиционирано со предниот дел кон него, со оваа визуелна состојба дополнително се потврдува клучните факти за вината:

... чист доказ за одземање првенство (Главна вина), возилото од левата страна (Fiat) со својот преден дел удрило во бочната страна (возачката врата) на возилото од десната страна (Kia), возачот на Fiat-от правел дејствие на исклучување од кружниот тек (или нагло менување лента во десно) во момент кога лентата до него веќе била зафатена, тој имал целосна прегледност кон Kia-та која му се наоѓала од десната страна и бил должен да ја пропушти пред да започне да врти десно.

Со ова, возачот на Fiat-от е главен виновник за предизвикување на сударот !!!


... иако возилото Kia е оштетената страна во самиот судар, неговата позиција во кружниот тек (продолжување во круг по надворешна лента) и понатаму претставува сообраќаен прекршок за неправилно престројување, меѓутоа, овој прекршок не му дава право на другото возило нагло да му го пресече патот и да го удри. (y)

... во пракса, полицијата и судските вештаци во Македонија ваквата ситуација ја третираат како предизвикување сообраќајна незгода со одземање првенство на минување, најверојатно возачот на Fiat-от ќе ја добие главната прекршочна пријава за предизвикување на сообраќајната несреќа, додека возачот на Kia-та може да добие казна само за непочитување на сообраќајните ленти/сигнализација, но неговата штета би требало да биде покриена од осигурувањето на виновникот.

Screenshot_20260604_055400_Photos.jpg


... врз основа на ОВА ФОТОГРАФИЈА направена на влезот на кружниот тек оди целосно во корист на црвеното возило (Kia Sportage), на столбот од десната страна јасно се гледаат поставените сообраќајни знаци, ајде да ги искоментираме, затоа што се многу значајни во одбраната:

- Син кружен знак со стрелки (Кружен тек): овој знак означува дека се влегува во кружен тек со првенство на минување за возилата што веќе се внатре.
- Нема дополнителни табли за насоки на лентите: на самиот влез нема поставен вертикален знак кој експлицитно условува или забранува одредена лента да се користи за одредена насока.
- Нема хоризонтални стрелки на асфалтот: колку што може да се забележи од состојбата на коловозот, нема јасно исцртани стрелки на асфалтот кои би го обврзале возачот во десната лента задолжително да излезе на првиот или вториот излез.

... со оглед на тоа што нема јасни знаци за принудно насочување на лентите пред влезот, во сообраќајната практика и пред судовите во Македонија се применува општото правило:
Возилото кое се движи во својата сообраќајна лента во кружниот тек има првенство на минување пред секое возило кое сака да ја пресече таа лента. (y)

... бидејќи црвеното возило (Kia) цело време се движело во својата (надворешна) лента, а другото возило (Fiat) ја пресекло таа лента за да излезе:

- возачот на Fiat-от сноси 100% од вината за судирот, бидејќи извршил небезбедно престројување и одземање првенство.
- возачот на Kia-та е целосно невин за самиот судир, бидејќи неговата лента не била законски ограничена само за излегување, па тој имал право да продолжи да се движи по неа.

така да заклучиме :
Оваа фотографија од сообраќајната сигнализација заедно со претходната каде се гледа ударот во врата е капитално важен доказ за осигурителната компанија и за полицискиот записник, со неа ќе докажете дека не постоела сообраќајна забрана за движење во круг по таа лента!

... е сега, според изнесеново возачот законски има право самиот да се брани во судската прекршочна постапка, што значи дека ангажманот на адвокат не е строго задолжителен, НО- и покрај тоа што ситуацијата е визуелно „чиста“, постојат неколку сериозни правни и процесни причини зошто е многу посигурно да се ангажира адвокат:

- Иако фотографиите се јасен доказ, најважниот документ во судот е записникот за увид од МВР, ако полицијата погрешно ја проценила ситуацијата на лице место и пишала прекршок или поделена вина за Киа-та, судот слепо ќе се држи до тој записник (како всушност се случило што си добила известување од МВР за прекршок), адвокат знае како правно да го оспори полицискиот записник, да поднесе приговор и да побара сообраќајно вештачење кое ќе ја докаже вистинската состојба.

Ако полицискиот записник е 100% во корист на Киа-та (односно МВР го обвинило само возачот на Фиатот), тогаш возачот на Киа-та може сам да се појави на суд само како сведок и да ги покаже сликите, но доколку возачот на Киа-та добил каква било казна, покана како „второобвинет“ или ако осигурувањето одбива да ја исплати штетата, подобро е да се земе адвокат, бидејќи неговите трошоци на крајот ќе ги плати виновната страна или осигурувањето (тоа си ти).


Бидејќи поминала цела година, случајот е веќе влезен во редовна судска процедура, во прекршочните постапки постојат строги законски рокови за застареност и рокови за поднесување докази и приговори, ако возачот сам пропуштил некој рок или не знае во кој момент да ги приложи фотографиите и видеото во судницата, судијата може едноставно да ги одбие доказите како задоцнети!

Полицијата со оваа пријава се обидува да ја префрли вината на возачот на Киа-та за да го заштити другото возило (или да затвори случај со поделена вина), што директно ја загрозува можноста да ги вратите парите за поправката.

Зошто МВР тврди дека имало стрелки кога ги нема?

Полициските службеници кои го правеле записникот најверојатно напишале дека на коловозот имало хоризонтална сигнализација (стрелки) која ве обврзувала да излезете, без оглед на тоа што на Вашата фотографија јасно се гледа дека асфалтот е празен и избришан.
Совет : На суд, преку адвокат, мора да се приложат фотографиите од влезот како круцијален доказ дека сообраќајната сигнализација во реалноста не соодветствувала со тоа што МВР го навело во пријавата.

Тоа што возилото е поправено на сопствен трошок пред да се реши судскиот спор го отежнува процесот, но не го прави невозможен:

Ако имате направено „Процена на штета“: Доколку пред поправката осигурителна компанија или овластен судски вештак излегле и направиле официјален записник за оштетувањата (со фотографии), тој документ е валиден доказ за судот.
Фискални сметки и фактури: Мора да ги чувате сите сметки и фактури од сервисот каде што е поправана Киа-та. Тие ќе бидат основа за регресно барање (тужба) со која ќе ги барате парите назад од осигурувањето на Фиат-от откако ќе го добиете судскиот спор.
Ако немате претходна процена: Ова е најопасниот дел. Ако возилото е поправено „на диво“ без официјален записник за штета, осигурувањето подоцна ќе одбие да плати бидејќи нема материјален доказ за висината на штетата. Адвокат ќе мора преку вештачење на самото место на судирот и врз основа на полициските слики да докажува што сè било скршено.

Не ја плаќајте казната од МВР: Ако ја платите казната (дури и на половина), законски ја признавате вината за прекршокот, а со тоа автоматски го губите правото да барате отштета од другото осигурување.
Ангажирајте адвокат за сообраќајно право: Одете кај адвокат и однесете му ја пријавата од МВР, фотографиите од влезот (каде се гледа дека нема стрелки), фотографиите од ударот во возачката врата и сите сметки од поправката.
Барајте сообраќајно вештачење: Адвокатот на првото судско рочиште ќе поднесе приговор и ќе побара лиценциран сообраќаен вештак да излезе на терен. Вештакот ќе потврди дека на тој кружен тек нема сигнализација која ве обврзува да свртите десно и дека прекршокот на Фиат-от (удар во бочна врата) е единствената директна причина за сообраќајната несреќа.


Еве, една опширна евалуација на ситуацијата според твоите изнесени податоци, се надевам дека ќе ти помогнат, барем ќе бидеш задоволен(а) дека не си крив(а), твојата борба ќе си видиш дали ти се исплаќа или не, ја да сум ќе одам до крај, правдата е на твоја страна! (y)
 
Последно уредено:
моја вина на необележано, да идеме сега таму сите така возат поради правило на необележан кружен тек каде што првенство има тој што е прв во кружниот тек, за се си има закони, а не може мвр да гони за невидливи стрелки од минимална цена од 200 евра, до сега од толку незгоди ќе нацртаа, што правиме со странците и тие од дриги градови, на пример јас прв пат го возев овој кружен тек.
Автоматски споено мислење:


од десната продолжува право, фиатот од левата се исклучува и ме мава во врата што е знак дека не пропушта во кружен тек
Па не знам што не ти е јасно. Кога се влегува во кружен тек, со намера да се врти истиот (не се исклучуваш на првиот излез), се оди по внатрешната лента. И секако дека во даден момент мора да излезеш од кружен тек (вториот, третиот излез, небитно), па мора да преминиш на надворешната или десна лента како што ја викаш.

Ако сите што сакаат да возат по надворешна лента а се исклучуваат на вториот или третиот излез, ќе има милион сообраќајки. Сите ќе се удираат.

Ти си крива.
 
Back
На врв Bottom