- Член од
- 25 ноември 2010
- Мислења
- 558
- Поени од реакции
- 1.417
Прво, нема логика Израел како земја што е помала од Македонија по територија, со популација oд 10 милиони, да има поголем економски потенцијал од цел веќе развиен континент со 450 милиони жители. Нема економски сенс. Еве ти официјални бројки: ЕУ лани имаше околу 21 трилион долари БДП, додека Израел околу 600 билиони долари. Ова значи дека ЕУ е околу 35 пати поголема економија од Израел. Незнам како Израел може да има поголем економски потенцијал од ЕУ.Ова е илузија на европејците. ЕУ има огромен гап во економски потенцијал со тие што ги споменуваш.
Еден Израел има поголем економски потенцијал. Да не ги спомнувам арапските земји.
Второ, ЕУ нема гап во однос на БДП кон Кина, напротив, ЕУ има поголемо БДП (гледано по лански бројки, и покрај кризата), али помало од САД. Ако ја кликнеш мапата доле, ќе видиш како односот меѓу трите се менува низ годините. Во 2009та ЕУ има поголемо БДП од САД. 2011та ЕУ има поголемо БДП од САД. Значи ова веќе се има случено. ЕУ со тие луѓе, инфраструктура и капацитет што го има пазарен, може и на Кина економски и на САД да парира, и ова се гледа по бројките (подоле).
Меѓу САД и ЕУ нивниот гап почнува после 2014та и 2015та, или перидот после Крим, ИСИС, мигрантската криза и серијата конфликти на Блиски Исток. Овде имаш мапа и можеш да споредиш бројки од година во година и споредба меѓу ЕУ, Кина и САД (+ Русија, ради илустрација пошто ја спомна @kano која имаше континуиран раст до 2014та):
https://www.imf.org/external/datamapper/NGDPD@WEO/EU/CHN/USA/RUS

