...
Дури и Рони О' Саливен и Џад Трамп од светот на снукерот се преселија во Хонг Конг.
Не оди добро ситуацијата во УК за белиот Англосаксонец.
Тие двајцата првично фатија џаде за Дубаи/Обединети Арапски Емирати/Саудиска Арабија, но американско-израелската воена агресија против Иран и иранскиот одговор на истата им ги помати плановите на дамите и господата со пари кои си се сместија таму како бубрези во лој.
Рони О'Саливен со години само најубави зборови има изјавувано и објавувано на Интернет за Кина, ама изгледа таму конкуренцијата му е голема за да отвори сопствена снукер академија, за разлика од Саудиска Арабија каде што отвори снукер академија, парите секако дека се силна мотивација.
Еве и оваа нашава таканаречена мајсторка се врати летово од Дубаи каде што се имаше преселено со сопругот и децата, таму им било убаво за време на пЛандемијата на корона вирусот, ама одговорот на Иран на американско-израелската воена агресија изгледа им ги помати плановите.
Ќе си се вратат во лојот кога ќе завршат воените дејствија, или ќе си заминат за поудобен и помирен лој, на шНоле убаво му беше до неодамна во Монако, ама изгледа ќе се селел во гејлада, мајка му на О'Саливен е Италијанка и живее во Италија, Шпанија традиционално е дестинација за британските пензионери.
Ништо нема да им биде на луѓето со пари, обичниот смртник ќе си бара решенија за сопствените проблеми, луѓето со пари ќе платат некој друг да им ги решава проблемите.