Па можда твојот вкус ќе е поинаков од мојот, затоа се оградувам за премногу фалбиТи благодарам. Гледам си го фалел Јован Бонанца, гледам копа нова дупка позади Убац, па размислувам да земам од него, отколку од некои непознати инвеститори.
Сакав да видам искуства кој има со неговите згради, а човекот има направено неколку згради, така да веројатно е за верување дека ке има и имотен лист и навремено завршена зграда. Се надевам дека собите ќе се дизајнирани добро, сепак ќе треба да отидам кај него на состанок, иако не знам каде му е канцеларијата. Се надевам ќе успеам да го добијам на телефон за да се договориме.
Уште нешто, го купи станот во градба или изграден?
да не испаднам после јас виновен. Позади и до Убац кај двете згради што ги прави, сигурно ќе ги најдеш неговите помошници кои ќе ти кажат телефон за средба. Канцеларијата му беше тогаш (веројатно уште е) од крајот на Илинденска кога се врти лево, ја поминуваш пералната за коли и има една улица, вртиш десно кон Церта, фирма за технички преглед и веднаш лево има паркинг, ниски згради и бараки. Ќе го најдеш без проблем.Пишува канцеларии ул. Манапо, карши Сити молот, ама седиштето му е кај што бевме, пред Стара Телевизија.Колку иде сега квадрат, не знам. Тој дел е погоден од аспект на маркети, пазар, поврзаност и на ул Ѓорче и на Партизанска со јавен превоз. Само мислам дека немаат баш блиску школо/градинка. И мора да ја направи, асфалтира улицата со коцка оти хорор е за колите. Може да ги прашаш што материјал ставаат за изолација, дали ќе има таркет или ламинат итн. Можеш да ги замолиш неговите помошници и да видиш некоја од веќе изградените а невселени згради како се изведени, дали прави криви ѕидови, инсталации, плочки, столбови...да не испадне дека сум те зезнал оти сепак се работи за голема сума и животен потег.
Ова е исечок од друг форум каде прашуваат за слични локации
Генерално сум задоволен и од Лего и од Бонанца.Лего инженеринг градат на главната улица во Хром нова зграда, веднаш до училиштето и градинката, ќе искача и на уличката позади. Познати се дека градат многу квалитетно во Хром. Јас купив стар стан од нив 10 години и можам да се пофалам дека има одлична звучна и топлотна изолација. Добра висина на ѕидови(266см) и општо вака супер влесче. Дополнително тогаш оставиле и паркинг места пред зграда за станарите што истотака е супер. Со оглед на тоа дека станот ми гледа на главна улица и тоа приземје, а не ги слушам колите што поминуваат претпоставувам дека ставиле и квалитетни прозори.
Бонанца, не е во локацииве што ги наброи, но е можеби на многу поубава локација. Во Ѓорче Петров веднаш до паркот и пазарчето. на само 300 метри од влае, а сепак во парк добиваш зграда. Последно катче што се гради таму.
не земам процент од нив ради информација

Верувам Непознатиот е доволно паметен да ги провери сите параметри самиот по свој вкус. Во канцеларија газдата ги вади плановите на зградата со становите и ти кажува кој е резервиран, кој не е така да таму може да се види распоред, квадратура, катност и слично.Извини на прашање, ама каква ти е оваа надеж дека „собите ќе се дизајнирани добро„? Си ги видел, барем во проектна документација или „само„ се надеваш а ќе видиш откако ќе се вселиш и ќе поарчиш пари?...
Затоа велам, на лице место нека се договара, разгледа планови, материјал местоположба и слично. Ова важи за сите згради, не само за овие.


