Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Ти благодарам. Гледам си го фалел Јован Бонанца, гледам копа нова дупка позади Убац, па размислувам да земам од него, отколку од некои непознати инвеститори.

Сакав да видам искуства кој има со неговите згради, а човекот има направено неколку згради, така да веројатно е за верување дека ке има и имотен лист и навремено завршена зграда. Се надевам дека собите ќе се дизајнирани добро, сепак ќе треба да отидам кај него на состанок, иако не знам каде му е канцеларијата. Се надевам ќе успеам да го добијам на телефон за да се договориме.

Уште нешто, го купи станот во градба или изграден?
Па можда твојот вкус ќе е поинаков од мојот, затоа се оградувам за премногу фалби :) да не испаднам после јас виновен. Позади и до Убац кај двете згради што ги прави, сигурно ќе ги најдеш неговите помошници кои ќе ти кажат телефон за средба. Канцеларијата му беше тогаш (веројатно уште е) од крајот на Илинденска кога се врти лево, ја поминуваш пералната за коли и има една улица, вртиш десно кон Церта, фирма за технички преглед и веднаш лево има паркинг, ниски згради и бараки. Ќе го најдеш без проблем.Пишува канцеларии ул. Манапо, карши Сити молот, ама седиштето му е кај што бевме, пред Стара Телевизија.
Колку иде сега квадрат, не знам. Тој дел е погоден од аспект на маркети, пазар, поврзаност и на ул Ѓорче и на Партизанска со јавен превоз. Само мислам дека немаат баш блиску школо/градинка. И мора да ја направи, асфалтира улицата со коцка оти хорор е за колите. Може да ги прашаш што материјал ставаат за изолација, дали ќе има таркет или ламинат итн. Можеш да ги замолиш неговите помошници и да видиш некоја од веќе изградените а невселени згради како се изведени, дали прави криви ѕидови, инсталации, плочки, столбови...да не испадне дека сум те зезнал оти сепак се работи за голема сума и животен потег.
Ова е исечок од друг форум каде прашуваат за слични локации
Лего инженеринг градат на главната улица во Хром нова зграда, веднаш до училиштето и градинката, ќе искача и на уличката позади. Познати се дека градат многу квалитетно во Хром. Јас купив стар стан од нив 10 години и можам да се пофалам дека има одлична звучна и топлотна изолација. Добра висина на ѕидови(266см) и општо вака супер влесче. Дополнително тогаш оставиле и паркинг места пред зграда за станарите што истотака е супер. Со оглед на тоа дека станот ми гледа на главна улица и тоа приземје, а не ги слушам колите што поминуваат претпоставувам дека ставиле и квалитетни прозори.

Бонанца, не е во локацииве што ги наброи, но е можеби на многу поубава локација. Во Ѓорче Петров веднаш до паркот и пазарчето. на само 300 метри од влае, а сепак во парк добиваш зграда. Последно катче што се гради таму.
Генерално сум задоволен и од Лего и од Бонанца.
не земам процент од нив ради информација :D
Извини на прашање, ама каква ти е оваа надеж дека „собите ќе се дизајнирани добро„? Си ги видел, барем во проектна документација или „само„ се надеваш а ќе видиш откако ќе се вселиш и ќе поарчиш пари?...
Верувам Непознатиот е доволно паметен да ги провери сите параметри самиот по свој вкус. Во канцеларија газдата ги вади плановите на зградата со становите и ти кажува кој е резервиран, кој не е така да таму може да се види распоред, квадратура, катност и слично.
Затоа велам, на лице место нека се договара, разгледа планови, материјал местоположба и слично. Ова важи за сите згради, не само за овие.
 
Па можда твојот вкус ќе е поинаков од мојот, затоа се оградувам за премногу фалби :) да не испаднам после јас виновен. Позади и до Убац кај двете згради што ги прави, сигурно ќе ги најдеш неговите помошници кои ќе ти кажат телефон за средба. Канцеларијата му беше тогаш (веројатно уште е) од крајот на Илинденска кога се врти лево, ја поминуваш пералната за коли и има една улица, вртиш десно кон Церта, фирма за технички преглед и веднаш лево има паркинг, ниски згради и бараки. Ќе го најдеш без проблем.Пишува канцеларии ул. Манапо, карши Сити молот, ама седиштето му е кај што бевме, пред Стара Телевизија.
Колку иде сега квадрат, не знам. Тој дел е погоден од аспект на маркети, пазар, поврзаност и на ул Ѓорче и на Партизанска со јавен превоз. Само мислам дека немаат баш блиску школо/градинка. И мора да ја направи, асфалтира улицата со коцка оти хорор е за колите. Може да ги прашаш што материјал ставаат за изолација, дали ќе има таркет или ламинат итн. Можеш да ги замолиш неговите помошници и да видиш некоја од веќе изградените а невселени згради како се изведени, дали прави криви ѕидови, инсталации, плочки, столбови...да не испадне дека сум те зезнал оти сепак се работи за голема сума и животен потег.
Ова е исечок од друг форум каде прашуваат за слични локации

Генерално сум задоволен и од Лего и од Бонанца.
не земам процент од нив ради информација :D

Верувам Непознатиот е доволно паметен да ги провери сите параметри самиот по свој вкус. Во канцеларија газдата ги вади плановите на зградата со становите и ти кажува кој е резервиран, кој не е така да таму може да се види распоред, квадратура, катност и слично.
Затоа велам, на лице место нека се договара, разгледа планови, материјал местоположба и слично. Ова важи за сите згради, не само за овие.
Ти благодарам на времето што го освои да ми објасниш. Се слушнав со него ке правиме состанок па ќе видиме што како. Важна работа ми е тоа што е многу флексибилен за плаќање, а и има некоја репутација во градбите
 
Ama pazarot ja diktira cenata. I lokacijata
Вака кога ќе размислиш и не е толку лоша понуда ако видиш што друго се нуди. Во онаа усраната стара зграда карши Зегин Буњаковец, веќе неколку месеци пробуваат да продадат стан за 230-240 илјади евра. :tapp:
 
прашање е само на време а не дали ќе се продаде
 
прашање е само на време а не дали ќе се продаде
Може нема баш на таа цена, но ќе намали малку и коа инфлацијата ќе ја изеде вредноста на парите уште малку, ќе им биде логично на луѓето дека 70 квадрати се 200К евра и така.
 
ако си продавал нешто ќе знаеш што кажувам има луѓе што не прашуваат за цена иде плаќа и го добива она по што дошол,
не бадијала има една народна за вакви ситуации "за секоја роба има купец"
 
Релативизираш...

Односото „плата/цена на стан„ сигурно во ЕУ не е ист како кај нас, исто како што не е исто дали си купил квалиттетно изграден стан, или си купил зборка од бетон, тули и гипс-картонско ѓубре.
Автоматски споено мислење:

Неспорно е дека е така као велиш...ама последиците ги трпат купувачите на становите.
Кажими дека збориш на памет, без да ми кажеш… Дај земете прочитајте нешто пред да треснете и извртувате како што вас ви одговара.

Еве ти од најлоша кон најдобра сортирани. Не ќе да е “најскапо” кај нас според платите.

IMG_3520.jpeg
Автоматски споено мислење:

Откако е отворена темава со години веќе паѓаат имотите
 
Прегледај го приврзокот 479302
Автоматски споено мислење:

Откако е отворена темава со години веќе паѓаат имотите
О кеј, во право си, а мене лично, статистиката ми е омилен извор на „вистини„...
 
О кеј, во право си, а мене лично, статистиката ми е омилен извор на „вистини„...
Ама не треба да се правиме жртви како само ова кај нас дека се случува. Ајде игнорирај статистика нека биде све лага.
Прашај ако имаш роднини и пријатели што живеат во главен град во странство дали можат да купат.

Еве мојот менаџер на работа е од Лондон и самиот ми вика платата е ништо за таму и живее надвор во периферието на Лондон.
Незнам зошто сите од Мк заслужуваат да живеат во Дебар Маало, Центар или Аеродром. Се знае дека таа област е прескапа и луѓето плаќаат премија за да не возат кола.
 
Оваа Рубик ми е убедливо најнепотребна градба, на најлоша можна локација, буквално боде очи и не се совпаѓа во просторот на никој начин, направена во простор (коцка) за болници. А и гледам како никогаш досега се дигаат згради околу бензински пумпи, не е само оваа, туку и Биси околу Макпетрол Козле, а и уште некои зградички има околу таа бензинска, таман да е од сите страни опколена. Со кој памет не ми е јасно, па во некои земји од Африка ко Руанда на кои им се смееме има закон 30 метра од парцелите на бензинската да нема зграда.
1780653685276.png
 
Од кај ти е зачуденоста за градење објекти во непросредна близина од бензински?...
Тој „проблем„ во „нашата земјата„ се решава на веќе познатиот „начин„.
 
А од каде тоа дека не смее до бензиски?
Зградине до бензиските во Дебар Маало, кај АМСМ, Мечкаров, Автокоманда кај кулата, железничка се изградени пред 50-60год, не дека е од сега тоа.

Плус имам гледано по запад исто до згради. Во Грција, Италија имам гледано буквално во зграда бензиска.
 
Ама не треба да се правиме жртви како само ова кај нас дека се случува. Ајде игнорирај статистика нека биде све лага.
Прашај ако имаш роднини и пријатели што живеат во главен град во странство дали можат да купат.

Еве мојот менаџер на работа е од Лондон и самиот ми вика платата е ништо за таму и живее надвор во периферието на Лондон.
Незнам зошто сите од Мк заслужуваат да живеат во Дебар Маало, Центар или Аеродром. Се знае дека таа област е прескапа и луѓето плаќаат премија за да не возат кола.

- имам роднини по странство, не живеат во главни градови, аме веќе го имаат решено проблемот со просторот за живеење,
- твојот менаџер од Лондон, ако има немерени апетити и потреби „за све и свашта„, ниту една плата нема да му биде доволна,
- намерата да се живее во Дебар Маало, Центар и сл. е тешка дијагноза, за потребата од лечење комплекси на инфериорност („живеење во град по секоја цена„),
- централните делови од градовите одамна се прескапи, ама тој феномен кај нас од скоро се појави.
Автоматски споено мислење:

А од каде тоа дека не смее до бензиски?
Зградине до бензиските во Дебар Маало, кај АМСМ, Мечкаров, Автокоманда кај кулата, железничка се изградени пред 50-60год, не дека е од сега тоа.

Плус имам гледано по запад исто до згради. Во Грција, Италија имам гледано буквално во зграда бензиска.

Не дека не смее, туку смее, ама на пропишано противпожарно растојание од бензинската до најблиските објекти.
Тоа што си видел е веројатно затекната состојба, каде обично бензинската е првоизградена а потоа околните објекти, во недостаток на доволно простор за прописно урабно планирање, па „допуштено„ е градење на така згуснато поставени објекти.
До пред некоја година, на влезот во ГТЦ имаше бензинска, која практичо беше „налепена„ на објектот.
 
еве јас не сум многу шетан човек но од најблиско сосетство знаете како е во европска грција на пр?
 
Back
На врв Bottom