Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Последниве 5-6 години носталгично се навраќам за некои серии од детството, па така знаете дека ја репризирав цела Beverly Hills 90210, после ја репризирав (само не ја довршив) The OC, а сега, веќе неколку месеци ми е на мета Heartbreak High (старата, австралиската). Со нејзе ми е најлесно, зашто не треба да се молам дали ќе има торенти и дали Torrentio ќе работи, зашто ја има на Netflix. Сега некаде во 4 сезона сум и се изненадив дека во серијава глуми и Сајмон Бејкер од The Mentalist. Само некои 7-8 епизоди е меѓу главните улоги како професорот Том, по што заминал за Холивуд каде изградил доста поуспешна актерска кариера.

Прегледај го приврзокот 474978
Исто и јас се размислувам Стар Трек да ја изгледам повторно. :rolleyes:
 
Да, таа е серијата, али истата серија ја имаат пуштено во колор верзија и во црнобела. Јас ја симнав колор, али ја немам почнато уште.
За колор верзијата викаат дека има ефект како стрип, а црно белата е автентична Noir жанр од 1930тите.
 
Back
На врв Bottom