Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга...

На времето Офф-фест беше андерграунд фестивал кај што можеа да се чујат и видат у живо ју-бендови!
Хладно пиво првпат таму сум ги слушал како копиљак додека дожд утоп не правеше..

Потоа го киднапираа "интелектуалците" и "џезерите" како Оливер Белопета, па денес на програмата имаме црнци кои дуваат у гомно, индијански танци, и други "музичари" во обид што свират нешто као џез...

Од фестивал на отворено, го претворија во уште една гнасна манифестација у сала, со скапи билети, државни пари, и нормално масна заработка на организаторите :cautious:
Пари да ми даваат сега не одам на такви глупоштии!
 
Ако овде има некој вработен/волонтер во ЈП Лајка во Скопје или некој кој познава вработен/волонтер таму, нека ми пише порака. Сакам да го прашам нешто.
 
Драга Кајгана,

Бев во најубавото кино во кое досега сум платил карта (ВИП киното во Веракруз жена ми плаќаше карти). Се наоѓа во Берген, Норвешка. Пуканки и сокови си зимаш од полица како во супермаркет, на крај плаќаш на каса. Пуканките се топли бидејќи се во топли комори (обратно од фрижидер). Внатре седишта од кожа со врвен квалитет и со многу простор за нозете (додуша норвежаните се поприлично високи луѓе). Платно, звук... совршенство.
Е сеа, картата беше 20 долари за да го видам Мајкл и уште 13 долари за пуканки и кока кола, ама меракот за цена не прашува.

Вечерва ќе седнам да го пишувам дневникот па ќе пуштам линк кога ќе биде готов.
п.с. Ме има на CrnoBelo.com :) значи станав и ја инфлуенсер :)
 
Последно уредено:
Passed down to you...

Од февруари, откако го испративме колегата у пензија нѝ донесуваат секакво неспособно ѓубре од замена. Прво еден, се прави џоа Едвард Нортон во the score, демек не сфаќа, со посебни потреби бил, споро укапирува работи. Го истестирав три-четири пати, падна ко зрела круша на сите тестови. Не е ретардиран он, не му се работи. Уствари, сака цело време шлеп служба да си тера. Го избркаа после 2 месеци конечно, дојде еден кој за жал веднаш мораше да биде преместен на друг реон, па уште еден со краток фитил ама саглам работник и сеа уште еден кој се гледа дека не е капацитет. Проблемот е што краток фитил и неспособоен ти ко двајца мачори усред февруари, морам да изигравам јебен медијатор да не настане тепачка меѓу нив. А искрено неам веќе нерви за нечиви каприци, посебно откако шефот тешко нѝ се разболе. Сега се' така некако на шашма терам, сакам да си го сработам своето и ич друго да не ми чуе. И одморот зимски здравствено ми се прееба, трчајќи по лекари, физикални, ред ред разне пичке материне. Летниов со душа го чекам и понатака да видам што како би сменил.

So says Saladin....
 
После трофејот на ПСЖ во Парис завладеа хаос ,палежи уништени автомобили,ограбени продавници, разулавени орки насекаде. Пред некој ден ракометниот клуб Охрид освои титула.
Прославата беше далеку подостојна и цивилизирана. И сега овие нас треба да ни објаснуваат за култура и цивилизраност? Овие ли треба да ги молиме за влез во ЕУ?
Оооо судбино апсурдна и клета!
 
Драга кајгана,
бидејќи е забрането да се реплицира на коментари на оваа тема, на врвот од оваа 2901 страница на оваа тема, првиот коментар не соодвествува на современото време.
Сега е време на полова еднаквост и рамноправност, нели драга?
Па еве контра прашање:
Драга кајгана, женско е ( можеби ) треба прва да се јави?
 
Кајг,
не е секогаш исто тоа што се изедначува, има разлика и во автобусот и во сандалата што не е наша и е дигната толку високо, тоа не е наша жена некултурна :(

...гледајќи низ прозорецот од бусот кон црниот билборд на сивата зграда преку булеварот, прикажан слоганот „НАПРАВЕТЕ ГО ЖИВОТОТ ВОЗЕЊЕ“ придружен со „Делта Моторс“ добро познат рекламен банер за BMW Motorrad кој е официјален увозник и дистрибутер за возила на BMW лоцирани во Белград, Србија.

...наши жени се културни не дигаат нозе во автобус и Злате ќе јаде чоколадна торта! :)
 
Драга,
На некој овде му се е*е му се плаче. И наместо да работи на суштината, тоне во дилеми за формата.
После Цацко е крив.
 
Дк,
Гледам дека долго време немам пишано на темава.

Не ни планирав искрено, ама цел ѕид на социјалниве мрежи ми е полн со видеа и инсерти од еден од најдобрите спортски коментатори на екс-ју простпрот, Един Авдиќ, кој почина денеска на 47 години.

Искрено, во последниве неколку години помалце ми стана и иритантен поради фаворизирањето на ривалскитот клуб. Ама денеска кога се деси се ова некако чувството е како да заминал некој што го познаваш долги години иако никогаш не си го запознал, ниту тој знаел дека постоиш. Од 2010 кога првпат го имам слушано во некој пренос сигурно имам изгледано троцифрен број кошаркарски натпревари кој ги имал пренесувано. Плус, еден куп други емисии и поткасти. И сфатив дека многу работи поврзани со кошарка како спорт ги имам упиено баш низ тие преноси и емисии. Човекот беше буквално енциклопедија за баскет, како што и постои една фб страна со такво име, Един енциклопедија. Неверојатна пасија кон спортот кој му беше главна преокупација. Можда има уште двајца или тројца луѓе од таа професија со таква страст.

Пак ќе кажам, колку и да ме иритирал последниве години, човекот остави неизбрислива трага и еден куп легендарни моменти, видеа од коментари кои се вртат и години после (Телетовиќ с паркингааа). Плус, ликот беше буквално на "ти" со многу јаки "глави" од светот на кошарката. Не зборувам само за оние од Екс-ју просториве туку и пошироко. И со сите рамноправно можел да застане и да дискутира со саати и се тоа да личи како најнормален муабет во кафана.

А буквално вчера беше објавен последниот (така ќе се испостави за жал) негов поткаст, а денеска човекот го нема. Дефиниција на она, денеска си тука, утре те нема. Да ти ебам и живот и све.

И некако последниов период се некои црни вести околу. Постов го завршувам со надеж дека следниот ќе биде за некоја позитивна работа.
 
Кајг,
последиците од аплицирани генетските антиковид вакцини ровари различно кај луѓето, како да се тие наночестици кои циркулираат во телото активатори на крајот на животен век, во моментот цк, цк, толку!

1000019314.jpg

... ненајдената смрт што никој не ја спомнува антиковид вакцината, барем како една од сомнителните причинители за ненајдена смрт, ме потсетува на филмот ,,In time" со Justin Timberlake со отчукување на времето!

1000019313.jpg
 
Драга Кајгана,

Си испловивме од Амстердам и пловиме по каналот што води накај атлантскиот океан, си фоткам ветерници и една Емилија почна да ми се буда пред апарат... детали - ТУКА.

TON_0986.JPG
 
Драга,

Кај мене антиковид вакцината делуваше спротивно на теориите на заговор и многу веројатно немам да имам потреба од вијагра до мојата 93та година. Дали ги смешале шишенцата незнам, ама благодарен до сестринскиот оддел во подрачна единица Врање.
 
Back
На врв Bottom