Како стигнавме до оваа точка?
Буквално фразата "развиен ко албански туризам" беше неиронично и точно користена се до пред декада-две. За сега да стигнеме до ситуација каде што Албанија полека се одделува од нас ко Борнмут што се оддалечи од екипи ко Вест Хем. Како стигнавме до оваа точка каде што можеш да пишеш "Еве шанса свет да видиш летово, патувај до Тирана и уживај" и тоа да има логика? Буквално ова ќе звучеше ко кромид вест да го постираш во прајм годините на форумов.
Не е дека само ние сме тапа, тој дефетизам дека ние сме најлоши не е вистинит, но сепак, буквално треба да се погледне кон Албанија, земја што не е членка на ЕУ, има корупција, страдаше и имаше проблеми да застане на нозе и да се спореди со нас. Земја што... се ова погоре, да не се повторувам.
Колку ние паѓаме, толку тие се креваат. Фала богу и тие не се нешто, тука се, на дното, ама како што реков, ете и Борнмут беа доле до пред некоја година, па догодина ќе играат ЛЕ.
Кој е виновен за тоа што ние тонеме додека другите полека се снаоѓаат?
Кој???