Жал ми е госпоѓо, што така мислите... За Вас ми е жал.
Но дали реалноста денес испадна каква што ја посакуваа Вирџинија Волф, Џејн Аустен, итн? Дали жените денес се посреќни? Дали човештвото општо имаше бенефит од целиот тој бран на менување на традиционалните вредности? Дали луѓето општо се посреќни? Дали се побезбедни? Дали не се експлоатирани? Дали живеат во поздрав свет, дали јадат поздрава храна и дали пијат почиста вода? Дали денес е подобро заради тие промени што се промовираат, тогаш со книгите а денес и преку десетици други медиуми?
Или наивните секогаш се искористувани од злонамерните и паметни познавачи на човечката природа?
Автоматски споено мислење:
Тоа би била дискусијата која би требало да биде поттикната во ретроспектива на ваквите листи на книги. Но за жал, јасно е дека тоа не е дискусијата која ќе ја добиеме... Следствено, за повеќето луѓе џабе е и да ги прочитаат сите книги на светот - ако од нив не научат ништо.
Не разбираш дека се обраќам за големата слика, не поединечните детали.
И целосно ја прескокнуваш тезата... Мислам ако воопшто имаш намера да дискутираш на темата, а не за мојата маленкост.
Не разбираш дека се обраќам за големата слика, не поединечните детали.
И целосно ја прескокнуваш тезата... Мислам ако воопшто имаш намера да дискутираш на темата, а не за мојата маленкост.
Тезата е промашена, и јас укажувам на тоа.
Не можам да дискутирам затоа што јас сум ја читала книгата, ти си гуглал.
Не можам да дискутираме затоа што не сме еднакви. Јас сум трошела часови да ги прочитам споменатите книги, да размислам за нив и да оформам мое индивидуално мислење. Ти мрзливо и анти интелектуално влегуваш тука со позајмени размислувања и глумиш интелектуала.
Пази женава Џејн Остин има пишувано романи ексклузивно за љубов и брак, и тебе ти е тоа феминистичко. Да не го испушти делот каде што Елизабет и цело семејство се во срам зошто сестра и избега со Викам? Зошто не ја фалат за тоа, како грлбос хм?
Џејн Ер па, е можеби похристијанска книга од Браќа Карамазови, ама ајде и таа некако феминистичка испадна. Зошто? Затоа што Џејн нејќе да му биде незаконска љубовница на Рочестер?
Оркански Височини е за маж.
Сите овие умреле 200 години пред феминизмот да се роди инаку, ама нема врска, сигурно сонувале за абортуси и зелени коси.
Не си свесен дека ВИ-то што не негираш дека ти ги сервирал мислењата идат баш од феминистичките мислења.
Ти реков веќе да не се фаќаш за детали. Општо земено секоја од тие книги презентирала нешто ново за своето време, нешто што тогаш не било меинстрим пракса но станало - меѓу другото и благодарение на книгите кои промовирале такви промени.
Зборуваме за генезата и почетоците, промената на размислување... Морало посуптилно да се почне за на крај да се дојде до масектомии и касапење на деца. Жабите полека се варат, инаку скокаат надвор од лонецот.
И ако веќе инсистираш за мене лично да дискутираш: Нема ден нешто да не прочитам, макар на половина час ако за повеќе немам време... Но по 24 часови во денот да ги имам слободни, и уште 24 животи да можам да проживеам - пак нема да можам да ги прочитам сите книги. Волф и Остин не ми се ми на 10-тото ниво на листата за читање, а јас ни првото немам големи шанси да го завршам.
Дали имам право да дискутирам општо за книгите, за што порано се користеле и за што денес се користат? Јас мислам дека имам право а ти ако не се согласуваш - се извинувам, но ништо не можам да направам за твојот проблем.
Ти реков веќе да не се фаќаш за детали. Општо земено секоја од тие книги презентирала нешто ново за своето време.
Зборуваме за генезата и почетоците, промената на размислување... Морало посуптилно да се почне за на крај да се дојде до масектомии и касапење на деца. Жабите полека се варат, инаку скокаат надвор од лонецот.
И ако веќе инсистираш за мене лично да дискутираш: Нема ден нешто не читам, макар на половина час ако за повеќе немам време... Но по 24 часови во деното да ги имам слободни, и уште 24 животи да можам да проживеам - пак нема да можам да ги прочитам сите книги. Волф и Остин не ми се ми на 10-тото ниво на листата за читање, а јас ни првото немам големи шанси да го завршам.
Дали имам право да дискутирам општо за книгите, за што порано се користеле и за што денес се користат? Јас мислам дека имам право а ти ако не се согласуваш - се извинувам, но ништо не можам да направат за твојот проблем.
Содржината на книгата, приказната Е најбитниот детал.
Што е побитно од тоа?
Дали книгите и нивната содржина би биле контроверзни ако главниот лик би бил маж?
Немаш право да дискутираш за книгите затоа што 1. Немаш поима за што се и за што се користеле; 2. Освен што не знаеш за што се, ги интерпретираш од модерен, феминистички видик.
Ако тој ти е омилен видик, тогаш Пепелашка е најфеминистка заедно со Мулан.
Ова нема врска со нивниот ранкинг на листата, каде што Сусаро објасни дека е англо центричен и превисок.
Битно, најбитно... За кого, за тебе?
ОК, за тебе можеби.
Само никако да се соочиш со моментот дека јас ја дискутирам листата, и критериумот за одбирање на „топ 100 книги на сите времиња“. Ти? Ти зборуваш за одредени книги кои ти ги имаш прочитано. Но за да ги критикуваш моите ставови за листата, ќе треба за листата да зборуваш. Не да ги собираш најниските плодови.
Немам право да дискутирам? За што немам право да дискутирам драга, за листата?
Затоа што ги немам прочитано повеќето книги од таа листа?
Па така според тебе тогаш никој нема право да дискутира за листата. Од досега изјаснетите никој од нас, пардон... Никој од вас овде ги нема прочитано сите книги. Никој нема ниту блиску до половина од книгите. И нели е чудно кога на место каде се собираат љубители на книги, некако излегува листа на „топ 100 книги на сите времиња“ од која листа никој овде нема прочитано ни петтина од „најдобрите 100 книги на сите времиња“?
Повеќето овде не застанаа да размислат зошто е тоа така. Но за мене таа слаба читаност зборува дека листата ја правеле луѓе со поинакви гледишта од гледиштата на овдешните членови. Воедно за мене можете да пишувате што сакате (ваков, таков, онаков), ама дури ни вие подобрите од мене немате такви гледишта како кураторите од Гардијан. Знаете ли зошто е тоа така (и не те персирам сега, туку на сите ви се обраќам): Затоа што Гардијан е политички медиум, и без разлика кои сѐ фаци ги поканиле да учествуваат во нејзиното составување, нивната листа е листа со политичка агенда.
И кога јас ќе напишам дека во таа листа е „воук“, и како пример за таа теза ќе наведам дека барем третина од книгите се со изразена или барем делумно со „феминистичка“ содржина - епа тогаш идеме до моментот зошто ти се тригерираше баш на таа констатација?
И уште поинтересно, зошто другиве што те честат лајкови, не се вклучуваат во дискусијата туку те оставаат тебе сама да ја браниш честа на Волф и на Остин?
Сега сериозно... Јас повеќето на подфорумов ги сметам за либерална збирштина, но дури и најлибералните овде се далеку од идеолошкото ниво на кое битисуваат таквите какви што денес се во западните институции и медиумите како Гардијан. И прашуваш како го знам тоа? Па сте гласале со изборот на книгите кои сте ги читале. Што значи дека има надеж за вас.
Само никако да се соочиш со моментот дека јас ја дискутирам листата, и критериумот за одбирање на „топ 100 книги на сите времиња“. Ти? Ти зборуваш за одредени книги кои ти ги имаш прочитано. Но за да ги критикуваш моите ставови за листата, ќе треба за листата да зборуваш. Не да ги собираш најниските плодови.
Woah buddy
Јас коментирам на твоите постови дека Џејн Остин и сестрите Бронте, а и Ана Каренина на Толстој се феминистички романи.
Ова сега со листава е нов момент што ми го внесуваш во дискусијава во 90та минута.
И да повеќето овде признаа дека не им се прочитани сите книги, и не е срамота тоа.
Смешно е што ТИ идеш со заклучок и тоа за непрочитани книги кои се предмет на дискусија дека е категорична ВОУК листата, додека другите горе доле се согласуваме дека е премногу англо центрична.
Другите ме честат со лајкови бидејќи знаат дека ги имам прочитано книгите и имам пишувано за нив во читачкиот клуб и знаат дека не тресам од ракав, овај од четџипити де.
Може ги немаат прочитано, можеби еден ден ќе ги прочитаат и ќе имаат различно мислење за нив од мене, ама тоа ќе биде нивно оригинално само нивно мислење, и тоа ќе го почитувам многу повеќе од твоето кое се базира на некои баук репоситори од редит и куора.
Е сега, листата без разлика од која политичка страна е, малку е неразумно да се стави Браќа Карамазови под Гордост и Предрасуда, и нема да ме изненади ако креаторите/ките на листата имаат повеќе заедничко со тебе, со читање ВИ сумаризација или клифс ноутс како што е популарно сега, одколку со мене.
Без разлика на политичката ориентација, неписменоста која доаѓа од мала концентрација, недоволно внимание, користење на short form content дефинитвно не носи кон вистинска Мрачна Доба, не како онаа замислената од средниот век.
WOW, некој вчера да ми речеше дека толкава дискусија ќе се развие на форумов за тема поврзана со книжевност, ќе му се изнасмеев во фаца. Некако мило ми е што со објавувањето на листата на Guardian на некој начин ја поттикнав таа дискусија. @Darling и @Sussaro се потполно во право со своите мислења. Особено се согласувам со мислењето на @Sussaro дека овие листи се англоцентрични. Нашата, на пример, на форумов, мислам дека беше далеку поинклузивна и поразновидна и многу ми е мака што не успеавме да ја довршиме (всушност, листата беше горе-долу завршена, само што никогаш не ја објавивме во целост, зашто @Setsuko тогаш сакаше да ги објавуваме само оние книги кои ги има на листата за кои ќе напишеме краток осврт/рецензија. Ајде, можеби ќе дојдат некои подобри времиња па истата ќе го види светлото на денот.
Друго мислење за листата на Guardian, нешто што неизбежно се наметнува со сите вакви листи - без оглед на тоа што преку 170 книжевници биле интервјуирани, сепак сметам дека е мал број и дека има голема доза на субјективност во неа. За да се создаде листа на светско ниво која би била што пообјективна, треба истите тие книжевници кои гласале да доаѓаат од различни средини, континенти, држави, и истите да се подеднакво или пропорционално застапени. Овде очигледно е дека мнозинството биле од државите од англиско говорно подрачје.
Трето - многу ми е жал што кај нас не постои некој весник / медиум / институција, или што и да е, кој би се нафатил да направи нешто вакво во Македонија. Нека побара од 100 луѓе поврзани со книжевноста кај нас да состават топ 10 листа на своите најомилени романи од светската и македонска книжевност и потоа нека ги сумира во една топ 100 листа. Јас сум сигурен дека многумина би се одзвале на таков повик. Но за жал нема ентузијасти кои тоа би го извеле.
И четврто - со оглед на тоа што бројот на прочитани романи од листата ми е толку мал (само 11, мислам беа), каква и да е листата, одлучив следниот роман кој ќе го прочитам да биде роман од оваа листа кој го имам дома, а до сега го немам прочитано. Само мора убаво да погледнам што се имам на располагање, па ќе побарам помош кој да е следниот роман што ќе го прочитам.
Автоматски споено мислење:
Еве вака. Ги имам, а ги немам прочитано:
3. Улис - Џејмс Џојс
4. Кон светилникот - Вирџинија Вулф
5. Во потрага по загубеното време - Марсел Пруст
14. Г-ѓа Даловеј - Вирџинија Вулф
21. Портретот на една дама - Хенри Џејмс
23. Децата на полноќта - Салман Ружди
24. Остатоци од денот - Казуо Ишигуро
25. Лолита - Владимир Набоков
32. Богот на малите нешта - Арундати Рој
36. Приказна за робинката - Маргарет Атвуд
41. Срце на темнината - Џозеф Конрад
42. Волшебниот рид - Томас Ман
54. Орландо - Вирџинија Вулф
55. Бранови - Вирџинија Вулф
57. Бука и бес - Вилијам Фокнер
83. Збогум на оружјето - Ернест Хемингвеј
93. Невидливи градови - Итало Калвино
И да повеќето овде признаа дека не им се прочитани сите книги, и не е срамота тоа.
Смешно е што ТИ идеш со заклучок и тоа за непрочитани книги кои се предмет на дискусија дека е категорична ВОУК листата, додека другите горе доле се согласуваме дека е премногу англо центрична.
Никого не обвинив дека е „срамота“ зошто немаат прочитано воук-центрична листа од 100 книги. Всушност ги пофалив сите што немаат прочитано многу од листа направена по таков критериум.
И ахем... Следниве два искази и двата се точни но од „најдобриот резултат засега е 16% од листата“ до „не им се прочитани сите книги“ има прииилично голема разлика. Првиот исказ јасно кажува до каде е работата, вториот... Па да кажеме дека сака да ги покаже работите поинакви од тоа какви што навистина сѐ.
Релативизираш се разбира, ама веќе доволно те познавам за да го очекувам тоа. Изгледа „феминизам“ делот незгодно допре некој нерв?
WOW, некој вчера да ми речеше дека толкава дискусија ќе се развие на форумов за тема поврзана со книжевност, ќе му се изнасмеев во фаца. Некако мило ми е што со објавувањето на листата на Guardian на некој начин ја поттикнав таа дискусија. @Darling и @Sussaro се потполно во право со своите мислења. Особено се согласувам со мислењето на @Sussaro дека овие листи се англоцентрични. Нашата, на пример, на форумов, мислам дека беше далеку поинклузивна и поразновидна и многу ми е мака што не успеавме да ја довршиме (всушност, листата беше горе-долу завршена, само што никогаш не ја објавивме во целост, зашто @Setsuko тогаш сакаше да ги објавуваме само оние книги кои ги има на листата за кои ќе напишеме краток осврт/рецензија. Ајде, можеби ќе дојдат некои подобри времиња па истата ќе го види светлото на денот.
Друго мислење за листата на Guardian, нешто што неизбежно се наметнува со сите вакви листи - без оглед на тоа што преку 170 книжевници биле интервјуирани, сепак сметам дека е мал број и дека има голема доза на субјективност во неа. За да се создаде листа на светско ниво која би била што пообјективна, треба истите тие книжевници кои гласале да доаѓаат од различни средини, континенти, држави, и истите да се подеднакво или пропорционално застапени. Овде очигледно е дека мнозинството биле од државите од англиско говорно подрачје.
Трето - многу ми е жал што кај нас не постои некој весник / медиум / институција, или што и да е, кој би се нафатил да направи нешто вакво во Македонија. Нека побара од 100 луѓе поврзани со книжевноста кај нас да состават топ 10 листа на своите најомилени романи од светската и македонска книжевност и потоа нека ги сумира во една топ 100 листа. Јас сум сигурен дека многумина би се одзвале на таков повик. Но за жал нема ентузијасти кои тоа би го извеле.
И четврто - со оглед на тоа што бројот на прочитани романи од листата ми е толку мал (само 11, мислам беа), каква и да е листата, одлучив следниот роман кој ќе го прочитам да биде роман од оваа листа кој го имам дома, а до сега го немам прочитано. Само мора убаво да погледнам што се имам на располагање, па ќе побарам помош кој да е следниот роман што ќе го прочитам.
Автоматски споено мислење:
Еве вака. Ги имам, а ги немам прочитано:
3. Улис - Џејмс Џојс
4. Кон светилникот - Вирџинија Вулф
5. Во потрага по загубеното време - Марсел Пруст
14. Г-ѓа Даловеј - Вирџинија Вулф
21. Портретот на една дама - Хенри Џејмс
23. Децата на полноќта - Салман Ружди
24. Остатоци од денот - Казуо Ишигуро
25. Лолита - Владимир Набоков
32. Богот на малите нешта - Арундати Рој
36. Приказна за робинката - Маргарет Атвуд
41. Срце на темнината - Џозеф Конрад
42. Волшебниот рид - Томас Ман
54. Орландо - Вирџинија Вулф
55. Бранови - Вирџинија Вулф
57. Бука и бес - Вилијам Фокнер
83. Збогум на оружјето - Ернест Хемингвеј
93. Невидливи градови - Итало Калвино
Helou Zlate
Od toa sto sum procital od tvojava lista bi ti jas bi ti preporacal po ovoj redosled :
1. Ulysses - James Joyce
2. A Farewell to arms - Earnest Hemingway
3. Midnight's children - Rushdi ( mozebi treba da vtoro na to read listava ama H mi e posvez vo sekavanje pa zatoa nr.2)
4. The God of small things - ne ja zavrasiv poradi licni pricini premnogy slicnosti sto se sudiraa so mene od emocionalen aspekt
I moram da ja stavam Lolita , iako apsolutno ne e za vo top 100 lista , ama Nabukov mi e slabost, gi imam doma vo mojata kolekcija site negovi dela...
E sega ako moze da spoedlis mal detal koj mnogy ke vlijae na redosledot i listata , koj e izdavacot
Pozdrav Zlatikivicious se citame ...
P.s ako sakas moza da pisam i koe malo summary zosto da citas po ovvoj redosled, i ti vetyvam nema da e copy paste od google ili nekoe drugo AI based drugarce
Можеби халуцинираш зошто не реков дека ТИ сметаш оти е срамота.
Прочитај си некоја книга да знаеш што значи зборот релативизирање, оти приметувам кога ќе се истрошиш од зборови, го шлапнуваш ова како некој готча момент.
Секој би се тригернал ако некој лажно претставува нешто со цел да го угнаси, да го претвори во нешто што не е.
Во потрага по изгубеното време
Портретот на една дама
Децата на полноќта
Лолита
Богот на малите нешта
Срце на темнината
Волшебниот рид
Орландо
Овие ги имам прочитано а само Потрага по ,.. два пати.Од мене препорака за Пруст,Набоков,Томас Ман,Ружди,Џејмс.Останатите ништо не оставиле во мене,само Орландо ми е како во магла.
Улис не пробувам да го дочитам.
Можеби халуцинираш зошто не реков дека ТИ сметаш оти е срамота.
Прочитај си некоја книга да знаеш што значи зборот релативизирање, оти приметувам кога ќе се истрошиш од зборови, го шлапнуваш ова како некој готча момент.
Секој би се тригернал ако некој лажно претставува нешто со цел да го угнаси, да го претвори во нешто што не е.
Double triggered на „феминизам“, ќе има ли третпат?
Сега сериозно, ти кажав дека релативизираш затоа што (како и повеќето други) упорно зборуваш за мене а малку за мојата теза. А ако сеуште има било каква забуна која е мојата теза еве ја уште еднаш јасно кажана:
Листата на Гардијан е направена според воук агенда. Во денешно време сите медиуми служат за промовирање воук пропаганда. Дилм, ТВ серии, музика, поп-култура, книжевност, итн. Така и книги кои во себе имаат повеќе или помалку воук наратива, кога ќе ги споиш во една листа каде агендата е промовирање воук, тогаш секако добиваш промовирање воук. Без разлика на одделните книги. И без разлика како ти драга, ги доживуваш поединечни книги во таа демек „топ 100 книги на сите времиња“ листа.
И хаха, интересно е дека повеќето овде не размислуваат многу различно од мене. Тоа е така затоа што гласале со изборот на книгите што ги прочитале досега. Претпоставувам дека повеќето овде имате илјадници книги прочитано, пошто секако повеќето овде читате повеќе од мене а знам колку јас читам. Следствено кога страствени читачи како Злате и повеќето други овде, имаат прочитано толку малку од таа воук листа, тоа мене ми кажува дека сите тие внатре во себе не сакаат воук наративи. Инаку досега ќе прочитале повеќе од книгите од листата, но ете одбрале сѐ друго да читаат освен тоа. Па ете за ги прочитаат им треба поттик од Гардијан со „топ100“ декларации.
Туку кажи ми сега, ќе се обидеш можеби да ја дискутираш мојата теза - или пак ќе ми кажеш уште нешто повеќе за мене?
Имам 5 реферати напишано зошто дел од книгите (бидејќи ги немам прочитано сите) што ти ги даде четгпт не се феминистички.
Јас ако релативизирам, ти ЛАЖЕШ.
Ти исто така не разбираш дека информациите од ВИ ги добиваш од редит, куора и слично, кои се феминистички.
На пример пред да ја читам Џејн Ер прочитав дека била ЛГБТ што е најлоша небулоза бидејќи нема нешто такво.
Така и твоето знаење се базира на редит феминисти што гледаат феминизам секаде, како што гледаат и расизам, и нацизам и така натаму.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.