Одбраната е подобра, посигурна, со Џејмс и Колвил.
Важно заврши црната серија, сега нека се фокусираат на финалето, Сити игра во среда со Палас, а нема да имаат ни одмор викендов, тоа е голема предност, ќе имаат повеќе време за одмор.
Ова е најдобро од најлошата ситуација во која што сме.
Јако е што имавме 5 спортски директори, пред некое време донесоа 6ти.
Тој 6ти бил со Алонсо во Ливерпул време, па он напинал најмногу за него и ги водел разговорите со Алонсо (наводно ова, којзнае што к се дешава).
Две ситуации се најверојатни:
1. Ќе го излажат со лажни ветувања за да дојде Алонсо, ќе го преебат и ќе си оди после 8 месеци.
2. Ќе завршиме со некоја друга превара и ќе свиткаме џам.
На крај, треба сите "спортски директори" да ги отпуштат, да земат баш спортски директори што разбираат од фудбал, да се тргнат Егбали и Компанија од менаџирање и да се врати братанац Боули што го купи костуров на тимов (Ензо, Палмер, Каиседо, Кукурела) плус Нето, Фофана, Густо, го задржа Колвил тука.
Не е дека немаше утки, ама после него само Жоао е погоден играч, се друго промаја.
Имаме шанса се додека не видиме некоја грешка на голман или дефанзивец (како на пример утакмицата со ПСЖ....или бирајте било која слична утакмица)
Јбг, хајпнат бев за ова после полуфиналето, мислев ќе се средат, ама делуваат изгубено ко да не им се игра. Некако со Ливерул демек..не беа катастрофа, сакам да верувам дека ќе се мотивираат за финалево барем, една утакмица е, мора да се појави таму некој лидер, знам има ликови што ќе го кренат тимот на ниво погоре. Особено во ситуација без вистински менаџер, мислам баш тука мора да се докажат сите и да влезат сплотени еден-за-сите-сите-за-еден стил.
Исто тешењето е дека Сити се малце уморни па знаат во вакви утакмици да не дадат максимум (многу пати се дешава ова со Сити на Пеп, не знам лани како се покажаа така лошо со Палас, на пример)
Не знам, фаворити се Сити ама стигнат сум до тоа да сакам барем...барем да изиграат тимски, машки, со желба за титула и да не го перцепираат ова како уште еден натпревар само. Ако влезат така..задоволен сум што и да е
Се слажам со Зоки само да нема некоја глупа грешка како што сме навикнати да направиме.
Факт е дека Сити е подобар тим, фаворити се, но Челзи пак тогаш кога е во подредена улога е најсилен, барем тоа беше днк на Абрамович ерата.
Натпреварот ќе е показател за квалитет на доста играчи пред се мислам на Палмер, Енцо, Кукуреља па би го ставил тука и Нето.
Во завршниот дел они ми беа некако највеќе гласни и се појавија разни шпекулации воедно очекувам од нив да дадат барем скала повеќе труд.
Добро е што Џејмс и Колвил се спремни дали ќе ризикува со нив од прва минута незнам, но според мене би требало да почнат од прва минута.
Претпазливо полувреме, ништо посебно, Сити имаа само една посериозна шанса и тоа е тоа.
Палмер лош, себичи. Кукуреља треба да биде заменет со крило кое ќе направи дополнителен притисок на одбраната.
Со Колвил назад, дефинитивно се постабилни. Ама пак, со 6 дефанзивци на терен, плус голман, па и Каиседо кој се средишен дефанзивен играч. Многу буквално сфатил дека со одбраната се добива натпреварот.
Чаби Алонсо 4-годишен договор, на Росениор договорот беше 5/6 години...
Треба да му дадат одврзани раце и саглам спортски директор.
Има за чистење во екипава (иако солидна чиста се направи претходното лето), со тоа што потенцијално би биле вклучени и некои нови играчи (Гарначо во тебе гледам, Делап може и на позајмица да оди во некоја ПЛ итн...).
Сакам да верувам дека во Алонсо ќе биде првиот прав чекор направен од оваа администрација кога станува збор ракување до кормилото. Во своето сиви ги има Леверкузен и секако Реал- гигант, за разлика од многу други кои имаа водено помали клубови од Челси односно не можеа да одолеат на понудата и да кажат Не.
Првично мора да се фокусира на чистката. Сето она што е недисциплонирано, да летне. Природните антиталенти, како Делап, треба да добијат вечно збогум. И секако, тука се оние кои не се потребни, односно тимот има доволен број на играчи на тие позиции, а овие само зафаќаат место и земаат пари, притоа нема да добијат ни минутка во еден од куповите. Дел вечно збогим, дел на позајмица да се доделкаат.
Мора да целат кон шпиц, во тимот има само еден квалитетен напаѓач кој од ништо може да направи нешто. Палмер е паднат, премногу, не е ни просек, усерува шанси, себичи, промашува пенали. Дефинитивно има потенцијал и му треба мотиватор. Другите тапа.
Башка, Алонсо мора да ужива авторитет, сепак имаше навистина плодна кариера, Пул, Реал и Баерн. Има нешто искуство во Реал на ова поле, каде соблекувалната го остави без работа. Мора да воведе дисциплина и да најде начин како да го сочува Енцо во тимот.
Ме интересира како ќе го скоцка тимот, и дали има одврзани раце да носи играчи или пак целосно ќе зависи од управата, а он ќе работи со алатот кој го има на располагање.
Ако му требаат играчи за системот, треба да има одврзани раце. Управата зезна работа, некој кој има искуство и како играч и како тренер, односно ја знае психологијата на играта, знае да проценува играчи и карактери. Треба прикладност. Во спротивно, ќе си отиде со торба пари и во јануари ќе бараме нов тренер.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.