Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Одбраната е подобра, посигурна, со Џејмс и Колвил.

Важно заврши црната серија, сега нека се фокусираат на финалето, Сити игра во среда со Палас, а нема да имаат ни одмор викендов, тоа е голема предност, ќе имаат повеќе време за одмор.
 
Пишуваат дека Алонсо е фаворит да не превземе, се согласиле да му дадат повеќе контрола Блу и Ко преварантите.

Ова е најдобро од најлошата ситуација во која што сме.

Јако е што имавме 5 спортски директори, пред некое време донесоа 6ти.

Тој 6ти бил со Алонсо во Ливерпул време, па он напинал најмногу за него и ги водел разговорите со Алонсо (наводно ова, којзнае што к се дешава).

Две ситуации се најверојатни:

1. Ќе го излажат со лажни ветувања за да дојде Алонсо, ќе го преебат и ќе си оди после 8 месеци.

2. Ќе завршиме со некоја друга превара и ќе свиткаме џам.

На крај, треба сите "спортски директори" да ги отпуштат, да земат баш спортски директори што разбираат од фудбал, да се тргнат Егбали и Компанија од менаџирање и да се врати братанац Боули што го купи костуров на тимов (Ензо, Палмер, Каиседо, Кукурела) плус Нето, Фофана, Густо, го задржа Колвил тука.

Не е дека немаше утки, ама после него само Жоао е погоден играч, се друго промаја.
 
Имаме шанса се додека не видиме некоја грешка на голман или дефанзивец (како на пример утакмицата со ПСЖ....или бирајте било која слична утакмица)

Јбг, хајпнат бев за ова после полуфиналето, мислев ќе се средат, ама делуваат изгубено ко да не им се игра. Некако со Ливерул демек..не беа катастрофа, сакам да верувам дека ќе се мотивираат за финалево барем, една утакмица е, мора да се појави таму некој лидер, знам има ликови што ќе го кренат тимот на ниво погоре. Особено во ситуација без вистински менаџер, мислам баш тука мора да се докажат сите и да влезат сплотени еден-за-сите-сите-за-еден стил.

Исто тешењето е дека Сити се малце уморни па знаат во вакви утакмици да не дадат максимум (многу пати се дешава ова со Сити на Пеп, не знам лани како се покажаа така лошо со Палас, на пример)

Не знам, фаворити се Сити ама стигнат сум до тоа да сакам барем...барем да изиграат тимски, машки, со желба за титула и да не го перцепираат ова како уште еден натпревар само. Ако влезат така..задоволен сум што и да е
 
Back
На врв Bottom