Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
А ти сметаш дека после падот на некоја имеприја, нејзиното место останува „празно„, без да се појави некоја друга голема сила која ќе ја замени веќе паднатата?

Нели историјата тоа ни го потврдува па зашто Кина, со сиот нејзин економски, научен и воен залет, не би ги заменила САД кои се во пад?...
 
Па затоа што не гледам такви амбиции, ако ги гледаш посочи ги.
Остави ја историјата, таа се толкува според потребите.
Па таа не интервенира при очевиден пример на окупиран дел од нејзината територија-Формоза и настојува тоа да го реши со дипломатски средства а не пак да претендира да ја заменва постоечката империја.
Ако постојано од страна ви се сервира дека еве ја Кина само што не седнала на тронот разбирливо е да имате такви видувања ама ако сакате разумно и со аргументи да гледате на работите ќе видите дека такви претензии за сега немало од страна на Кина.
На Кина се гледа од аспект на еуроатлантски очила и се проектира таква слика но нивната култура е малкуцка поразлична од западнава, па тие граделе кинески зид за да се заштитат од вакви и сега ќе сакаат да се повампират и да е така за такво нешто потребно е време и посилен продор на западнава култура во Кина.
 
Веќе посочив во мојот претходен допис; екомонски, научни и воени. Што појќе е потребно?

Кина е економска сила, сигурен сум дека е прва, небитно што нејзините непријатели ја омаловажуваат. Производствениот обем од Кина е недостижен за било која друга земја.

Во науките и технологиите, Кина предничи во десетици категории пред другите земји.

И конечно, Кина се вооружува непрекинато и развива свои оружја (ај погоди зашто...).

Тоа што Кина се‘ уште не го окупира Тајван, тоа е прашање за нејзина воено-стратешка проценка дали тоа може да го стори или не-се чини дека тековно не може, не може да им парира воено на САД. Нуклеарното оружје од Кина е неспоредливо помало по обем во однос на руското и американското.

Тоа што Кинезите се со поинаков менталитет од западниот и не се „чаталат„ премногу, не значи и дека не би сакале да станат „замена“ за тековниот хегемон. Самиот брат Си, во кинеските планови, посочува дека за пар децении (до средината од веков), ниту еден светски процес нема да се одвива без учество и одлука од Кина.

Ако Кина не ја изведе таа „замена„, тоа ќе го стори некоја друга голема сила, оти во политиката не постои вакуум.

А такви има и само го чекаат своето време.
 
Му смрзна гомното

Трамп помеша птица со дрон за време на говорот
▪️Претседателот на САД се замрзна и почна да гледа во небото.
▪️Штом сфати дека е птица, рече дека сега се произведуваат дронови во сите големини.
➖„И, како што веројатно сте слушнале, тие можат да бидат многу деструктивни“, додаде тој.
 
И во кој сегмент се гледа дека Кина сака да ја замени постоечката империја?
Според сите параметри Кина е глобална сила ама дека сака или работи на планот да ја замени постоечката империја се само пропагандни манипулации (до почетокот на опиумските војни исто така беше водечка светска сила во економијата па не проектираше такви амбиции кои и се препишуваат) од страна на империјата која е во залез.
(мислам како дојде до заклучок дека Кина има такви претензии?)
Он не се фокусира на намери, амбиции или политичка реторика, туку на историски трендови (претежно економски). Ова што го гледаме сега, по него е нешто што сме го гледале 500 години наназад во различна форма, каде една велесила расте, е во пик, па потоа е во залез на својата моќ (економска, политичка, воена), додека друга е во раст. Он објаснува зошто овие циклуси се случуваат и кои се причинско-последични врски.

Во видеото имплицира дека Кина е веројатно таа сила која е во раст како што САД била во раст додека Британија била во пад, или како што Британија била во раст кога Холандија била во пад. Во книгата за денешно време зборува во повеќе детали за тоа како и Индија и Кина се во погодна позиција да бидат велесили во раст како резултат на макроекономски текови. Ова му е теоријата на големиот циклус на империите (како растат и како паѓаат) во една слика:

ray-dalio-changing-world-order-02.png

Додаток: немора да значи дека новата сила е причината за падот на старата или дека новата е секогаш "предизвикувач". На пример, трансферот од Пакс Британика на Пакс Американа, не се случува поради тоа што Америка активно се труди да го превземе приматот од Британија, туку поради внатрешни проблеми во Британија, и регионални проблеми од надвор (претежно од Германија која се бори за пристап до пазари во тие години, и во помала мера Франција која исто пробува да остане релевантна). По две големи војни, Британија и остатокот од старите држави во Европа ги губат своите империи (огромен дел од нивните колонии стануваат независни држави додека они слабеат) и во тој вакум, САД добива компаративно одлична економска и политичка позиција и се наметнува како доминантна економска сила, додека на воен план има контратежа од Советски Сојуз (и така доаѓаме до Пакс Американа).
 
Последно уредено:
Веќе посочив во мојот претходен допис; екомонски, научни и воени. Што појќе е потребно?

Кина е економска сила, сигурен сум дека е прва, небитно што нејзините непријатели ја омаловажуваат. Производствениот обем од Кина е недостижен за било која друга земја.

Во науките и технологиите, Кина предничи во десетици категории пред другите земји.

И конечно, Кина се вооружува непрекинато и развива свои оружја (ај погоди зашто...).

Тоа што Кина се‘ уште не го окупира Тајван, тоа е прашање за нејзина воено-стратешка проценка дали тоа може да го стори или не-се чини дека тековно не може, не може да им парира воено на САД. Нуклеарното оружје од Кина е неспоредливо помало по обем во однос на руското и американското.

Тоа што Кинезите се со поинаков менталитет од западниот и не се „чаталат„ премногу, не значи и дека не би сакале да станат „замена“ за тековниот хегемон. Самиот брат Си, во кинеските планови, посочува дека за пар децении (до средината од веков), ниту еден светски процес нема да се одвива без учество и одлука од Кина.

Ако Кина не ја изведе таа „замена„, тоа ќе го стори некоја друга голема сила, оти во политиката не постои вакуум.

А такви има и само го чекаат своето време.
Значи Кина заради економскиот просперитет научните пробиви и грижа за својата безбедност има империјални намери!
Браво!

И така велиш Кина да ја окупира Формоза, се прашувам зошто би окупирала своја територија Формоза ја смета за составен дел од Кина и сега треба да ја окупира.
Тоа би било исто како Р. Македонија да го окупира Пиринскиот дел од Македонија или Егејскиот.
Логика нема што.

Како што реков најчесто лујџето формираат мислење/ставови врз основа на западнат пропаганда, твојот коментар оди во тој прилог.

Он не се фокусира на намери, амбиции или политичка реторика, туку на историски трендови (претежно економски). Ова што го гледаме сега, по него е нешто што сме го гледале 500 години наназад во различна форма, каде една велесила расте, е во пик, па потоа е во залез на својата моќ (економска, политичка, воена), додека друга е во раст. Он објаснува зошто овие циклуси се случуваат и кои се причинско-последични врски.

Во видеото имплицира дека Кина е веројатно таа сила која е во раст како што САД била во раст додека Британија била во пад, или како што Британија била во раст кога Холандија била во пад. Во книгата за денешно време зборува во повеќе детали за тоа како и Индија и Кина се во погодна позиција да бидат велесили во раст како резултат на макроекономски текови. Ова му е теоријата на големиот циклус на империите (како растат и како паѓаат) во една слика:

Прегледај го приврзокот 477560

Додаток: немора да значи дека новата сила е причината за падот на старата или дека новата е секогаш "предизвикувач". На пример, трансферот од Пакс Британика на Пакс Американа, не се случува поради тоа што Америка активно се труди да го превземе приматот од Британија, туку поради внатрешни проблеми во Британија, и регионални проблеми од надвор (претежно од Германија која се бори за пристап до пазари во тие години, и во помала мера Франција која исто пробува да остане релевантна). По две големи војни, Британија и остатокот од старите држави во Европа ги губат своите империи (огромен дел од нивните колонии стануваат независни држави додека они слабеат) и во тој вакум, САД добива компаративно одлична економска и политичка позиција и се наметнува како доминантна економска сила, додека на воен план има контратежа од Советски Сојуз (и така доаѓаме до Пакс Американа).
Во видеото само е дадена слика за животот на една(било која империја) низ кои се фази поминувапред да се распадне.
Но она што е битно е дека сето тоа е направено со цел да се прикаже дека сегашнава ЕУСА империја е на својот залез, тоа е пораката.
Е сеа ако не сум во право извинте ме!
 
Значи Кина заради економскиот просперитет научните пробиви и грижа за својата безбедност има империјални намери!
Браво!

И така велиш Кина да ја окупира Формоза, се прашувам зошто би окупирала своја територија Формоза ја смета за составен дел од Кина и сега треба да ја окупира.
Тоа би било исто како Р. Македонија да го окупира Пиринскиот дел од Македонија или Егејскиот.
Логика нема што.

Како што реков најчесто лујџето формираат мислење/ставови врз основа на западнат пропаганда, твојот коментар оди во тој прилог.

А твоите ставови се засновани на „научни докази„, нели?...

Кина (државата...) може да смета дека Месечината е нивна сопственост, ама „на терен„ работите се троа поинакви, па така и со Тајван, која Кина во смета за своја територија „на папир„ а „на терен„ Тајван е сосема друга држава, небитно што и Тајванците себе си се сметаат за Кинези.

И С. Кореја уставно смета дека Ј. Кореја е нивна територија...
 
Оваа штом пропеала вака сега јавно, веројатно ја држеле во комуникација се додека не утврдиле во Пекинг кој издава насоки.
 
А твоите ставови се засновани на „научни докази„, нели?...

Кина (државата...) може да смета дека Месечината е нивна сопственост, ама „на терен„ работите се троа поинакви, па така и со Тајван, која Кина во смета за своја територија „на папир„ а „на терен„ Тајван е сосема друга држава, небитно што и Тајванците себе си се сметаат за Кинези.

И С. Кореја уставно смета дека Ј. Кореја е нивна територија...
Вон тема сме ама некои работи мора да се разјаснат, а модераторот само нека брише кога напишаното не му е по волја.

Значи да повторам, зошто Кина би окупирала своја територија?
Таа може само да ја ослободи територијата од окупацијата, која со децении е под окупација од страна на САД!

Ј.Кореа е исто така окупирана од страна на САД, и во тој случај С.Кореа со право ја смета за своја територија.
Во Ј.Кореа има разместено нукес и воени бази на САД, присуство на странски воени сили на некоја територија се дефинира како окупација.

П.С.
Да прашам, ако во некој случај направиш грешка (добро знам дека не правиш грешка ама сепак) и во размената на мислење увидиш дека си грешка дали може да се случи да се повлечеш од понатамошно релативизирање и млатење на празна слама.
 
присуство на странски воени сили на некоја територија се дефинира како окупација.
Односно и ЕУ е окупирана од странски воени сили (САД) а сега се молат на бог да не си отидат. :D
 
Во видеото само е дадена слика за животот на една(било која империја) низ кои се фази поминувапред да се распадне.
Но она што е битно е дека сето тоа е направено со цел да се прикаже дека сегашнава ЕУСА империја е на својот залез, тоа е пораката.
Така е, тоа е теоријата, а за моменталниот залез конкретно зборува за Пакс Американа.

Тој што го направил постеров погоре си cherry-pickнал тоа што му одговара за пропаганден постер и изигнорирал дека Њу Јорк во моментов има историско најниско ниво на криминал (по податоци од NYPD што он сам ги цитира). Порастот на насилство од цитатот е само за метро системот во Њу Јорк, додека градот во целост има историско најниско ниво на криминал (најниско ниво на убиства, престрелки и тн). Еве го целиот контекст од објава на NYPD:

Outside of transit the Big Apple has been seeing historic lows in crime, including the lowest monthly murder count in recorded history with 19 in April 2026, following the safest first quarter for shootings and murders, which was driven by precision policing and increased officer hiring, according to officials.
https://nypost.com/2026/05/09/us-news/murders-robberies-surge-in-nyc-subway-nypd-data-shows/

NYPD Commissioner Jessica Tisch said the “unprecedented” hiring of more cops helped drive down major crime by 9.5% across the five boroughs through the first four months of 2026. New data released by the department showed documented murders hiting an all-time low in April – part of an overall dip in crime that NYPD brass attribute to a focus on gang violence and illegal guns.
https://nypost.com/2026/05/04/us-ne...reveals-plan-to-keep-streets-safe-for-summer/

Околу даноците: најголем проблем во моментов во Њу Јорк се превисоки трошоци за живот за обичен свет (пошто како град, слично место е на Лондон, каде инвеститори од цел свет купуваат имот, без да го користат, и тоа крева трошоци за живот за сите што се во градот). Ако си при пари во Њу Јорк, немаш гајле, али за обичен свет, кирија за еднособен стан е меѓу 3500$ и 5500$ месечно, тековни трошоци се исто луди, без 10.000$ плата во доста незгодна позиција си. Тек па семејство ако имаш тоа се други проблеми. Даночната политика му е реакција на тоа, прогресивен данок: ако правиш милиони или милијарди, да си даночен повеќе, ако правиш помалку, да си даночен помалце.
 
3.500-5.500 во NYC едвај за гарсоњера.

Ако знаеше што прави комуњаров немаше секојдневно да гледам како идат од New York кај мене во комшии да живеат.
 
Тоа што во Њу Јорк лудо растат цени е проблем 30 години наназад, нема везе со момакот што е градоначалник 3 месеци (цените растат ради гентрификација, купување на имот како инвестиција, голема побарувачка а мал простор, и тн).

Предпоставувам си во Њу Џерси? Блиску е до Њу Јорк, доста поевтино е и за некој со фамилија цените се хумани. Тоа што Лутон е за Лондон, Њу Џерси е за Њу Јорк и голем дел од големиве градови го имаат истиот проблем. Целата негова платформа на која Мамдани ги доби изборите беше дека сака да го направи градот поевтин за живеење за луѓе да немора да се иселуваат.
 
Back
На врв Bottom