И во кој сегмент се гледа дека Кина сака да ја замени постоечката империја?Ова што си го постирал е од теорија на Реј Далио (има книга напишано на темава, Principles for Dealing with the Changing World Order, и има мини документарец базиран на неа). На кратко, објаснува дека империите имаат тренд да стануваат економски неефикасни на долги стази и политички нестабилни најчесто поради голема концентрација на богатство во рацете на мал број луѓе, големи јавни долгови што создаваат внатрешна нестабилност и пад на економска конкурентност, додека новата/следната империја, ги нема истите проблеми и ја користи оваа ситуација кај империјата во заминување. По него, секоја транзиција на пад на една империја додека друга расте е проследена со конфликти.
Он објаснува дека тоа што е Кина за САД последниве 40 години (евтина работна сила, растечка економија што конкурира со цена и квалитет, додека САД доживува пад во производство, губење на работни позиции и мала социјална мобилност) е тоа што Британија била за Холандија пред неколку векови (каде Британија конкурирала на Холандија на сличен начин, евтина работна сила, иновации и конкурирање со пониски цени, до моментот додека не акумулира доволно капитал и моќ да може да конкурира посериозно на долги стази).
Ова е долгата верзија од документарецот, има и мини (5 минутна верзија) на каналот:
https://www.youtube.com/watch?v=xguam0TKMw8
Според сите параметри Кина е глобална сила ама дека сака или работи на планот да ја замени постоечката империја се само пропагандни манипулации (до почетокот на опиумските војни исто така беше водечка светска сила во економијата па не проектираше такви амбиции кои и се препишуваат) од страна на империјата која е во залез.
(мислам како дојде до заклучок дека Кина има такви претензии?)


