GreenRoot
^Зелен^
Јас купував минатиот месец и бев во слична ситуација, дел од парите ми беа кеш.Треба да дадам околу 60к евра за учество за станбен кредит меѓутоа сите пари ги имам во кеш.
Некој што е многу упатен да ми кажи како е најдобро да се внесат тие пари на лична моја сметка?
Некој ми спомнуваше преку најблиската фамилија секој по 10к евра да ми уплати на сметка откако ќе отстојат парите неколку дена на нивна сметка па потоа безготовински само ќе се трансферира сумата кај мене.
Е сега муабетот ми е и безготовински парите секако на моја сметка доаѓаат па што ако банката или УЈП ми побараат доказ за потекло на парите. Во буквална смисла се пари чувани од под перница во тек од 15год заштеда но не би можел црно на бело да прикажам ништо.
Поука некоја?
Во банка ми кажаа дека правилото до 10к евра, повеќе не важи. Имало случаи каде УЈП реагирале и за износи и под 5к евра.
Ние сепак уплативме 10к кеш, а останатите пари ги уплатија родителите на нивни сметки, па после ги префрлија. Помина без проблем, но имајте на ум дека во иднина се потешко ке биде да се внесува поголема количина на кеш во банка.

