Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да дадам околу 60к евра за учество за станбен кредит меѓутоа сите пари ги имам во кеш.
Некој што е многу упатен да ми кажи како е најдобро да се внесат тие пари на лична моја сметка?
Некој ми спомнуваше преку најблиската фамилија секој по 10к евра да ми уплати на сметка откако ќе отстојат парите неколку дена на нивна сметка па потоа безготовински само ќе се трансферира сумата кај мене.
Е сега муабетот ми е и безготовински парите секако на моја сметка доаѓаат па што ако банката или УЈП ми побараат доказ за потекло на парите. Во буквална смисла се пари чувани од под перница во тек од 15год заштеда но не би можел црно на бело да прикажам ништо.
Поука некоја?
Јас купував минатиот месец и бев во слична ситуација, дел од парите ми беа кеш.

Во банка ми кажаа дека правилото до 10к евра, повеќе не важи. Имало случаи каде УЈП реагирале и за износи и под 5к евра.

Ние сепак уплативме 10к кеш, а останатите пари ги уплатија родителите на нивни сметки, па после ги префрлија. Помина без проблем, но имајте на ум дека во иднина се потешко ке биде да се внесува поголема количина на кеш во банка.
 
Јас се зезнав 9 трансакции ќе се прилично многу али тоа е.... никој не кажува точна информација како што а политичариве милијарди испраа а нас за 50к евра во затвор би не пикнале.
 
Јас се зезнав 9 трансакции ќе се прилично многу али тоа е.... никој не кажува точна информација како што а политичариве милијарди испраа а нас за 50к евра во затвор би не пикнале.
Не е за затвор, туку можат да побараат потекло на парите!
 
Еве појасно

На мојата сметка ми беа исплатени средства (плата и бонус+над бонус), по што веднаш ми беше побарано дел од сумата да ја вратам во кеш на директорот, со образложение кое не беше јасно. Јас ја вратив сумата во кеш. Неколку недели подоцна повторно ми беше кажано дека ќе добијам бонус, без никаква писмена потврда, а откако почнав да ги трошам парите, повторно ми беше побарано да извадам кеш од банкомат и да ги вратам.

На крај после недела ми беше понудено покачување од 100 евра, кое не одговара на реалната работа што ја имам и беше понудено по сите овие нерегуларности. Во ниту еден момент не постои јасно и писмено образложение за бонусите, а од мене 2 пати беше барано враќање на кеш пари.

нема да ме пушти да си одам без 2 3 месеци плус да останам

Не дадов отказ, останав на тоа покачување и два големи бонуси за приход шо само ја го донесов во цела фирма. Ама добивам критики за банални ствари кои не ги ни регистрирам и на сметка на тоа сака договорот да ми го смени и да ми зависи од тоа дали пак ќе му донесам големи приходи. Тоа не зависи само од мене туку од милион други ствари.

Усно кажав дека сум отворен да разгледам, ама сакам сè да видам на писмено пред да се согласам.

После тоа беше пратено до финансии дека „сè е договорено“, без да имаме состанок или нешто формално потврдено. Јас вратив дека ништо не е договорено и побарав состанок за да се разјасни. И кажав дека повеќе се ориентирам кон посигурна варијанта

Целта му е да работам на оваа плата со речиси 0 простор за напредок (освен ако не донесам пак кај што добивам еднократни бонус) и ризик ако не донесам приход после година дена да рече па ти немаш резултати и да ме шитне, наспорти оваа посигурна позиција што ја имам сега? Сето ова го прави само поради одбивањето да враќам пари?
Може и целта е да напраи сам да си идам

Што ако одбијам, попаметно е да му речам дека сакам се да остане ко сега и он да ми даде отказ?
 
Ајде правници, да видам стручно мислење....

Деновиве гледам доста реакции окулу плаќање на казни за SafeCity. Откако, не дај боже, ќе те фатат со прекршок и добиеш електронски записник со казна (што ќе си платиш ко попче), требало потврдата за уплатата, заедно со испринтан записник, лично да ја однесеш на увид во ПС.

Прашањето ми е: Што ако платиш и не ја однесеш лично на увид?

Освен што мене логички ми е МВР да си има увид во системот (и да не ги гњават граѓаните да одат лично), гледам дека доста го оспоруваат овој дел. Наводно, законот бара ДА ПЛАТИШ прекршок, а не и ЛИЧНО ДА ДОКАЖУВАШ уплата.

Што е точно?
Дали на суд можеш да добиеш ако си платил, а не си однел потврда?
 
Премногу комплицирано ми се виде сето ова. Отидов со картичка на шалтер во Полиција, платив, и толку беше.
 
Дали може некој да ја објасни разликата помеѓу сопственост и право да сопственост на имотните листови
1777664967303.png1777665021812.png
 
Дали може некој да ја објасни разликата помеѓу сопственост и право да сопственост на имотните листови
Прегледај го приврзокот 476489Прегледај го приврзокот 476490
Од мое искуство досега со ИЛ, нема разлика. Го пишуваат и едното и другото. Имаат и шифри како 813 за земјиште на пример, која во суштина исто значи.
Сопственост е општ опис, а право на сопственост е правен термин, во основа имаат иста правна тежина.
Нека напише некој правник овде, тие секогаш имаат поинакво мислење од нас........
 
Истото и ГПТ го вика, сепак не разбирам зашто 2 термина ако е истото значење
 
Истото и ГПТ го вика, сепак не разбирам зашто 2 термина ако е истото значење
Има повеќе термини, АКН сеуште не ги усогласила.
Термини, шифри, а може е и скриен јадец, за во иднина, правно да го преформулираат.
 
Исто е ама не е исто.

Спопственост си е кога си газда, право на сопственост е кога имаш право врз нешто, ама не е твое.

До пред некоја година се поднесуваше приватизација за да се решат ваквите со право на користење, колку што се сеќавам замислата беше тие што немаа да приватизираат да си плаќаат закуп, некој ден во следните 5 години можеби ќе излезат на прес и ќе соопштат дека започнува ова и кога народот ќе се побуни дека не знаел дека треба да си приватизира ќе донесат нов закон за приватизација и додека да се реши работата ќе поминат уште 20 години.
 
Спопственост си е кога си газда, право на сопственост е кога имаш право врз нешто, ама не е твое.
убаво кажано. Во овој случај за кој прашувам се работи за гаража. Сопственикот има имотен лист, со "право на сопственост", во истиот ред на гаражи постојат и имотни листови со сопственик "непознат" а неколку луѓе ми имаат спомнато дека тие гаражи се со времен карактер и да поради тоа да не купувам. Незнам дали "право на сопственост" има некаква врска со тоа.
 
Наследив куќа од починат чичко, ги платив сите даноци меѓутоа во катастар сеуште не е префрлен имотот на мое име, велат дека кога сме го праеле договорот за доживотна издршка не било наведено земјиштето под куќата?!? Како да го решам овој проблем на едноставен начин? И какви се тие глупости земјиште под куќа, на мене ми личи за измислица за дрпање повеќе ќеш од народот, па чичко ми на времето го платил тоа земјиште на кое е градена куќата, платил комуналии итн.
Кај нотар ми рекоа дека требало судски да се реши сега, со оставинска постапка?? Па каква оставинска постапка кога јас преку договорот за доживотна издршка сум наведен како единствен наследник на целокупниот движен и недвижен имот!!
 
идиоти се бе брат ИДИОТИ,

татко ми е починат пред 3-4 год. а мајка ми како единствен наследник со решение сеуште не може да добие решение да си плати данок на имот - имотен лист на нејзино име има,

сме биле безброј пати ама без успех стално викаат ќе биде имаме многу работа а кога да влезам таму имам чуство (а и со голема веројатност е така) дека никој ништо не работи во тие простории.
 
Back
На врв Bottom