И двете работи се точни. Сити го начекавме без тројца од стартната постава во одбрана, Челси е во распад систем, Вила се фокусирани на Европа Лига, а ливерпул скоро дојдоа до стадиум каде што мислеа дали да го набркаат тренерот. Сите овие екипи до пред некое коло играа во минимум уште едно натпреварување, ние имавме по 7 дена одмор.
Она што му требаше на Јунајтед се резултати, и Керик тоа го достави. Она што верувам дека поголемиот дел тука сакавме да видиме се тактички промени кога противникот очигледно не доминира.
Јас немам против да му ја дадат и наредната сезона, под услов сериозно да се засилиме со играчи, и на квалитет, и на квантитет, па да можеме прописно да му расудиме дали ова е серија на ура, или навистина има нешто во него како тренер. Пишав кои утакмици ми оставија сомнеж, Њукасл пораз со играч помалку, кои иако тотално не доминираа на средина, Керик ништо не смени до 70-та минута. Фулам ни се врати од 2-0 водство, Лидс не доминираше на Олд Трафорд, со Вест Хем се спасивме на крај. Тотално доминирани на средина од Бормут.
Ете, муабетот што сега се врти е дека ова не е фудбалот што Керик сака да го игра, туку се приспособува на играчите што ги има. И ова е за поздрав, кажува дека е флексибилен. Но останува да се види дали ке му се подобри in game management, каков ке биде со ротација на играчи кога ке играме и ЛШ и ПЛ, и да видиме дали овие играчи ке се подобрат кондициски, зашто по 75-та минута, делува дека не може да дишат, а муабетот е дека им ги разлабавил тренинзите. А играме по 1 меч неделно уште од Јануари.
Само се надевам дека ке биде 1+2 договор, а не да му шлапнат 6 години.