Повеќе земји најавија протерување мигранти во последниве неколку дена (Мерц даде изјава околу порастот на насилството во Германија поради мигранти и најави законски промени).
Во контекст на Европа, има две миграции. Едната е во корист на земјите (високо квалификуван, или ниско квалификуван кадар што доаѓа да ја движи економијата напред). Европа старее, и ако сака да е конкурентна, и треба свежа, способна и агилна работна сила. Втората миграција делува како оружје за дестабилизација на Европа, со тоа што се отвараат канали со лица кои се неподобни и непожелни, и лица кои бараат заштита. Вториов тип на миграција создава атмосфера каде што има причини за гнев кај десничарите (што меѓу мигрантите доаѓаат и насилници, криминалци, неподобни луѓе) и кај левичарите (некои од овие мигранти се семејства, со деца, професионалци, кои бараат искрена заштита од опасност или бегаат од сиромаштија). Оваквата комплексна атмосфера на бранови мигранти со различни профили, создава амбиент за дестабилизација на Европа како исклучително мешана средина (и без миграција, Европа е турли-тава од народи). Мигрантските бранови се идеални за генерирање гнев, нервоза и омраза, политичка дестабилизација, безбедносни проблеми.
Зошто Европа е таргет? ЕУ како политички ентитет има сериозен економски и политички потенцијал. По БДП прилагоден на куповна моќ (purchasing power parity) САД има само 1.05 повисок БДП од ЕУ - разликата е исклучително мала. Европа има земји со нуклеарен потенцијал, и озбилна бројка на луѓе со напредна инфраструктура (480 милиони жители, здрава економија). Џорџ Фридман пред 10-15 години имаше доста познато излегување каде што објаснување дека најголема закана на САД не е Кина, или Русија сама по себе (Русија има помало БДП од Италија). Туку, најголема закана е сојуз помеѓу Германија и Русија - силна економија со силна воена и ресурсна поткрепа (
линк). Ова се што го гледаме, војната во Украина, предходно Грузија, норд-стрим, јужен-стрим што опфати една криза и кај нас, мигрантска криза, е производ на тоа. Германија и Русија низ годините градеа силен однос (Русија преку политика на гас пробуваше да се приближи до ЕУ особено Германија). На Полска, балтичките земји и земјите од централна Европа тоа не им изгледа како добра идеја (од историски причини), тоа исто САД ги става во незгодна позиција, и тука се раѓа една комплицирана ситуација која ја гледаме во моментов како се развива.
Кризите во Ирак, Сирија, Авганистан, Либан, Јемен, а и сиромаштијата од југот на Африка, канализираа движења на север кон Европа. Сега кога има страв од ескалација на кризата во Иран и потенцијал за нов мигрантски бран, поголем од оние предходно, Европа почна да реагира со поголема независност во делувањата и гради резервиран пристап кон Иран, протерување мигранти, и се консолидира. И се што гледаме овде е тоа - геополитика околу Блиски Исток (која делумно и влијае на Кина), и порелевантно за нас, ефектите на Европа - која е под директна закана од ескалација (заради тоа и изјавите на Шпанија, анти-мигрантски сентимент во Шведска, Германија и други земји). Едноставно реагираат на геополитичка закана.
Мигрантите овде се само колатерала во игри на големи земји и нивните интереси.