Се разбудив презадоволен што универзумот или потсвеста ми сервираа таков сон. Толку епик конверзација не сум имал од 2011-та кога во еден ресторан во Битола го запознав Кире Мајмуно, тапанарот на Чоканче, каде што свртевме сто муабети за македонскиот и светскиот метал и рокенрол од 80-ти и 90-ти, за Дивље Јагоде и Зеле Липовача, за Чоканче за легендарни рок/метал анегдоти и случки од тоа време. Не знам дали он беше позадоволен што си најде соговорник што разбира тоа што има да го каже или јас да го слушам како збори за цел еден историјат.
Тоа лето 2011 агендата беше захтевна. Прво неколку дена во Охрид, па Битола, па преку Меџитлија до Игуменица, траект до Крф, секој ден на различни места и рехабилитација во Владимирово. Седиме во Метро Битола на топено сирење и до нас Кире Мајмуно пие бело вино сам. А сам човек што пие секогаш сака муабет. Не му требаше многу да ни улета па уште кога дозна дека ги знам Чоканче и општо Македонска, екс-ју и светска рок и алтернативна сцена му се отвори дизната. Следеа епски муабети од тие сцени низ годините, плочите, ангедотите, битолските сатанисти од 90тите, за другите членови на Чоканче, за Оризо од Медуза, за Орион, за како го заебавале Дарио дека ги слушал Каџагугу... Останавме подолго од планираното само за да доправам муабет со него.
Пет години подоцна Чоканче прават реунион со два концерта, првиот во Битола, вториот во Скопје во тогашниот Led Zeppelin бар.
Event in Skopje, North Macedonia by Vladko Simonovski and 4 others on Friday, October 7 2016 with 219 people interested and 157 people going.
www.facebook.com
Оригиналната постава, ама на тапани некој млад дечко без Мајмуно. Во тогашен муабет со Ставро на битолски теми ми рече дека Мајмуно е станат многу алкос и дека тоа што сум го начекал сам во кафана како пие било честа слика. Претпоставувам поради тоа беше изоставен од тоа повторно собирање на Чоканче. Бев тогаш во Led Zeppelin да ги гледам, ама не ми беше тоа без Мајмуно. Ќе го размуабетев пак после свирка за да ми раскаже уште некоја рок анегдота. -Кој знае кај е сега и дали "ги фрлил чевлите"-ми рече тогаш Ставро.
Епа денес ги фрлил.
Ni zamina Majmuno... Kire Majmun Babinkostov 02-01-1970 ....10 - 04 -2026
www.facebook.com
Денес на 56 годишна возраст почина Кире Бабинкостовски - Мајмун. Поранешен тапанер на групата Чоканче - ČOKANČE
www.facebook.com
-Не' знајш?
-Е како не ве знам, уште како дете кога прв пат ја гледав на МТВ Нема, нема, време за нас, сите сме осудени, на беда и на пропаст од паметни будали.
Знае универзумот да ми сервира такви луѓе и муабети.
R.I.P. Кире