Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Абе која будала го има смислено она дебилното “Жена не се прашува за килограми и години“. Ако некоја има внатрешна несигурност, тоа не значи дека ние сме криви што сме прашале најнормално прашање, туку дека личноста има комплекс на ниска вредност и се срами од годините и килажата. Body count таму на подкасти кажуваат, секакви приватни искуства споделуваат јавно, во Америка да ги чуе некој со кој се дупеле, кај шмркале и кај се пијанчеле, ама тебе треба да ти е непријатно ако си прашал за генерација и килажа, нема проблем.
 
Мислам дека ни требаат уште 10 нови неработни денови во годината за секој викенд да е продужен викенд, и таман ја стигаме финска со 4 работни дена во неделата :cool:
 
Драга Кајгана,

Кога помина одморот.. додуша не беше ни нешто долг, вкупно 51 ден.
Почетокот со многу трчаници по документи и најбитниот момент годинава, потпишавме у матично со Клаудија. За да биде подраматично ќе го пишам нејзиното име ко да е лик во теленовела: Ла Дотора Клаудија Стефани Флорес Онофре де Лас Чоапас :)
Прошетавме малку до Белград, малку до Кратово и Велес и помина одморот...

Следното читање ќе пуштам линк од Бродскиот Дневник. Мојот следен брод е Викинг Сатурн и по тој повод албумот Мама Сатурн од Танерејл
 
Се разбудив презадоволен што универзумот или потсвеста ми сервираа таков сон. Толку епик конверзација не сум имал од 2011-та кога во еден ресторан во Битола го запознав Кире Мајмуно, тапанарот на Чоканче, каде што свртевме сто муабети за македонскиот и светскиот метал и рокенрол од 80-ти и 90-ти, за Дивље Јагоде и Зеле Липовача, за Чоканче за легендарни рок/метал анегдоти и случки од тоа време. Не знам дали он беше позадоволен што си најде соговорник што разбира тоа што има да го каже или јас да го слушам како збори за цел еден историјат.

Тоа лето 2011 агендата беше захтевна. Прво неколку дена во Охрид, па Битола, па преку Меџитлија до Игуменица, траект до Крф, секој ден на различни места и рехабилитација во Владимирово. Седиме во Метро Битола на топено сирење и до нас Кире Мајмуно пие бело вино сам. А сам човек што пие секогаш сака муабет. Не му требаше многу да ни улета па уште кога дозна дека ги знам Чоканче и општо Македонска, екс-ју и светска рок и алтернативна сцена му се отвори дизната. Следеа епски муабети од тие сцени низ годините, плочите, ангедотите, битолските сатанисти од 90тите, за другите членови на Чоканче, за Оризо од Медуза, за Орион, за како го заебавале Дарио дека ги слушал Каџагугу... Останавме подолго од планираното само за да доправам муабет со него.
Пет години подоцна Чоканче прават реунион со два концерта, првиот во Битола, вториот во Скопје во тогашниот Led Zeppelin бар.


Оригиналната постава, ама на тапани некој млад дечко без Мајмуно. Во тогашен муабет со Ставро на битолски теми ми рече дека Мајмуно е станат многу алкос и дека тоа што сум го начекал сам во кафана како пие било честа слика. Претпоставувам поради тоа беше изоставен од тоа повторно собирање на Чоканче. Бев тогаш во Led Zeppelin да ги гледам, ама не ми беше тоа без Мајмуно. Ќе го размуабетев пак после свирка за да ми раскаже уште некоја рок анегдота. -Кој знае кај е сега и дали "ги фрлил чевлите"-ми рече тогаш Ставро.

Епа денес ги фрлил.



1775851518600.png


-Не' знајш?
-Е како не ве знам, уште како дете кога прв пат ја гледав на МТВ Нема, нема, време за нас, сите сме осудени, на беда и на пропаст од паметни будали.

Знае универзумот да ми сервира такви луѓе и муабети.

R.I.P. Кире

 
Драга,

Има луѓе кои не ти се роднини, нити пријатели, ама кои ти биле толку блиски и кои ти ги подариле најдобрите моменти во животот. Животот тече, ама тие моменти ти се претвараат во спомени кои ке останат во тебе до последниот здив. За жал главниот творец на тие спомени си замина пред неколку дена.

Имав прилика само еднаш до тој човек да застанам и да се сликам и мислам дека сум постигнал премногу во својот живот, можеби едноставно жалам што не разменив некој збор, а не дека немав прилика тоа да го направам.

Едноставно беше човечка громада и мајстор на својот занает, заљубен во уметноста, музиката, книгите... Човекот кој навивачите на Партизан го обожававме, а ривалите го почитуваа.

Обично не сум толку силен да заплачам кога некој кој ми е близок ке го напушти овој свет, меѓутоа веста за неговата смрт, а повеќе настаните од денешниот натпревар ме натераа да дојде и до тоа.

Почивај во мир Душко Вујошевиќ, голем човеку!
 
Кајг,
и упорно никој не ја спомнува барем како една од главните причини за појава преку ноќ на инвазивен канцер, автоимуни болести и ненајдена смрт, антиковид вакцина денес си ги собира бустираните посебно тие со Фајзер, било млад, било во најубај години, било возрасен, све ги собира, а медицината базирана на докази си ќути има докази што и' е гајле!
 
Зашо одите негде кај што не поштувате?
У Охрид се зборвит на охридски, не знам шо има тука омаловажувачки. И ние од Скопје за некои збориме лигаво па шо?
IMG_9579.jpeg
 
Имаме толку многу проблеми, од немање доволно финансии и секојдневно покачувани цени до несигурна иднина поради војните надвор. Ама, наместо да се погрижиме за овие работи, се воодушевуваме на еб***от Артемис.
Заради ова не нè бива.
 
Back
На врв Bottom