123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

05.04.2026, 53 албум:

1775416029503.png

053. Анастасија - Nocturnal (1998, Трето уво)

1775416473380.png

Анастасија
е една од најуспешните музички групи во Македонија. Нивната музика претставува оригинален микс од византиски звуци, православна црковна музика и етно ритми. Тие користеле повеќе акустични инструменти, како: кавал, гајда, тапан, но и компјутери, семплери и синтисајзери.

Групата „Анастасија“ била основана во 1990 година од страна на Горан Трајкоски (поранешен член на Сарацени, Падот на Византија, Мизар и Апореа), Климе Ковачески (поранешен член на Падот на Византија и Апореа), Златко Ориѓански (поранешен член на „Лола В. Стаин“) и Зоран Спасовски (поранешен член на „Мизар“ и „Апореа“).

Музиката на Анастасија претстаува спој на византиското минато, низ православната црковна музика, со големи примеси на етно ритам. Тие користеле акустични инструменти, како: кавал, гајда, тапан, но и модерна технологија, компјутери, семплови, синтисајзери и итн.

Анастасија направиле музички творби за театарски перформанси, филмови и ТВ програми.

Музиката за филмот „Пред Дождот“ била објавена од „Полиграм Рекордс“ и била распродадена во илјадници примероци низ целиот свет. Во 1996 година, „Анастасија“ ја направиле музиката за театарскиот перформанс „Баханалија“ кој се прикажувал низ цела Европа. Во 1997 година го издале синглот „Лице“, по кој следувал и синглот „Гори“, а потоа и албумот „Мелургија“ кој претставува компилација на необјавените песни на групата. Потоа следувал албумот „Ноктурнал“, снимен во скопското студио „Тра Ла Ла“ а миксуван во атинското студио, со Коти К.

Членови на бендот:
Горан Трајкоски, водечки вокал, клавијатури, гајда, кавал
Климе Ковачески, гитара
Златко Ориѓански, гитара, мандолина, кавал, придружен вокал
Зоран Спасовски, тапани, ударни инструменти, клавијатури, придружен вокал

Албуми:
„На реките вавилонски“/„Премин“, сингл, (Дом, Ниш, 1989)
„Давидова харфа“, песна на компилацискиот албум „Македонски документ“, („ТРОТ“, 1994)[1]
„Пред дождот“ (англиски: Before the Rain), албум 1995
„Лице“ (англиски: Face) и „Гори“ (англиски: Burn), ЦД-сингл, (Third Ear Music, 1997)
„Мелургија“ (англиски: Melourgia), албум, (Libra Music, 1997)
Ноктурнал“, албум, (Third Ear Music за просторот на СФРЈ и Libra Music за остатокот од светот, 1998)

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Анастасија - Nocturnal - 2.5/5

Интересно име за албум, ме потсети на мојата омилена песна победничка на Евровизија од сите досегашни изданија Nocturne од Норвешка 95 година, но албумов освен името си нема врска со таа песна. Искрено освен нумерата Мост друго ништо не ми беше по вкус, не дека е лошо скоцкано и без концепт, но не ми легна воопшто.

Влез - беше некако доста нападно и неслушливо за мој вкус, немам некоја ситуација во која би ми годела на уво ваква музика, не ми се допадна.

Лице - од старт ми беше поамбиентално, со етно мотиви, попријатна за нијанса. Како поголем Анастасија потпис да остава оваа песна. Но ќе лажам ако речам дека нешто посебно ми се допадан песнава, музиката е многу погласна од вокалот и се мачи човек да го слушне текстот, а баш во тој дел каде што беше текстот, музиката ми беше нападна. Меѓу двете строфи етно делот ми е за душа тука, а и стихот “Пушти го од тебе детето да побегне“ ми е ептен моќен и дава простор за размислување.

Дете - во еден момент ми стана премногу нападна, 12:40 ко псај транс ми стана за ушите, ко на журка на Козјак некоја. Од цела песна тој дел само беше ептен тежок, другото е налик на првите 2, не ми направи премногу кејф. За текстот ја имам истата замерка како Лице песната.

О, море, голтни ме - и тука имам ептен мешани чувства, од една страна добар ми е текстот, ама ми е премногу црковно пеење за мој вкус, од една страна има многу добри делови на инструметалката пријатни за уво, но од друга има толку многу нападни.

Сон на благодарност - почеток ко под дејство на дроги да си, екстази во клуб, како проаѓаше песната се полошо ми годеше на уво, така да не ми се допадна. На крај делот со тапанот може ми беше интересен само, заедно со завршното пеење.

Бавно и слатко - Ќе дочекам ли песна од албумов што ми се допаѓа, не и не. О о Ооо О оо Ооо, ќе ме сјебе ментално песнава ако продолжам да ја слушам.

Мост - Еј супер е ова, прва песна од албумов што ми се допадна, скроз е различен стил од другиве. Пеењето ми е одлично изолирано, ја надгласува позадинската музика, која е крајно пријатна на уво, мелем е песнава за слушање. Не би ја пуштил вака во секојдневието, ама ми се допадна на прва.

Излез - Не е нападно како некои од албумов, но не ми ни се допадна, не би ја слушал.
 
052. Васка Илиева - Васка (1974)

Гласот не го коментирам, инзвонреден. Песните, не ми се допаднаа, освен 2-3.

3/5


053. Анастасија - Nocturnal (1998)

Интересен албум, пријатен. 90% инструментал. Го преслушав два пати, еднаш во кола, еднаш на слушалки. За изненадување, во кола ми се допадна повеќе. Се гледа дека сакале да експериментираат и фатат нов модерен правец.


3.5/5
 
09.04.2026, албум 54:

1775726421532.png

054. Дарио - Дарио (1999, Mister Company)

1775726666550.png

Дарио Панковски
или познат само како Дарио (23 јануари 1963 во Скопје) — македонски поп-пејач и композитор.
Дарио Панковски својата музичка кариера ја започнал во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хитови од тоа време се: Добрите девојки,Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест.

По распаѓањето на групата, Дарио на неколкупати учествувал на Макфест, како солист.

Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.

По неколкуте промени во составот на членовите на групата, во 1994 година бил издаден нивниот втор албум насловен како „Фанки саунд“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Дај да заспијам“, „Сети се“ и „Секој сака“. Песната „Дај да заспијам“, која претставува латино-балада, била прогласена за хит на годината во 1994 година. Во овој период излегла и најпозната песна „Дупла вотка“ која ги соборила сите рекорди и се задржала долго време на топ листите.

Во 1996 групата била прогласена за најдобра на годината. Во 1998 година се одржале двата големи концерти во Универзална сала со масовна посетеност.

Дискографија:

Со Миг-21:

Албуми:

Бактерија (1992)
Фанки саунд (1994)
Компилации:

Најхитови...до сега! (1997)
Синглови:

Нека биде што биде/Меѓу сите ѕвезди (1995)
Да ја видам пак/Дупла вотка (1996)
Зајди јасно сонце (1997)
Здравје Боже (1998)

Соло кариера

Aлбуми:

Дарио (1999)
Исток, запад, север, југ (2001)
Сите порази и победи (2004)
Човек без спомени (2008)
Ако силно посакам... (2016)
Компилации:

Најхитови + Нови Хитови (1999)
Хитови 1 (2006)
Хитови 2 (2006)
Балади (2010)

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
+бонус траки:

6. Дај да заспијам
7. Нека биде што биде
8. Да ја видам пак
9. Дупла вотка
10.
Зајди јасно сонце
 
Дарио - Дарио - 3/5

Ова е мини албум, нема доволно песни за албум, освен ако не ги рачунаме и тие бонус песните од Б страната. Како и да е, Дарио е ептен интересен лик, најдобра негова песна ми е “Косоока“, која не е во албумов, а од албумот вероајтно “Здравје Боже“. Доста ве уморив од реферати, за мини албум ќе имам и мини мислење. :D

1. Здравје Боже - Топ3 или Топ5 хитови на Дарио. Убава порака си носи песната, убав текст. По тој параметар може оваа ми е најдобра негова песна заедно со “Што е мое ќе си дојде“, понова негова песна.
2. Мегамикс 2000 - Собрани повеќе песни од Дарио, вклучувајќи и дел од Косоока (не сум бил во право дека ја немало во албумов), во форма на некој диско ремикс. Искрено не ми се допадна баш како е миксано ова, како некое интро да требало да снимат за документарец за Дарио или за најава на концерт, а не песна од официјален албум, но океј да не барам влакно во јајцето за албуми од тој период.
3. Која ли си ти? - Убава, нежна песна, баш по вакви ми е препознатлив. Ми фалеше малку поенергичен рефрен, го нема моментот на општа певливост тука.
4. Земи се - Не ми е во првокласни песни на Дарио оваа. Има некој латино ритам, за танцување, но ми е страшно непевлива, никакаш ми нема влезено во уво, ниту мислам дека ќе ми влезе.
5. За мене сонуваш - Оваа ми е доста певлива и заразна во делот кај рефренот “што ти ќе посакаш од него добиваш...“, иначе генерално ми е просек негова песна, има и подобри, има и полоши.
 
Последно уредено:
054. Дарио - Дарио (1999)

Песни и текстови прегазени од времето. За мој вкус, прелош албум. Секогаш сум се чудел, после пишување на текст за една песна, пред да биде објавена, колку души ја преслушуваат? Има ли некој да рече, абе ова не ми се допаѓа. Или важното е да се учествува?

2/5
 
054. Дарио - Дарио (1999)
...Важно е да се учествува.
Дарио и неговата музика никогаш не сум ја сакал, текстовите на повеќето песни звучат патетични музиката бејзик, вајда коа се појавил некако стекнал слава и така тера со неколку песни цела кариера. Никаде не ми текнало од него рандом да си пуштам барем една песна.
Заради популарност нема да иде 1.
2/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom