Не стигнав порано да ти одговорам. Прво за фудбалот У право си , квалитетот на лигата е многу слаб, очобол, тука у иста каша сме.
Дел по дел од твојот пост,, остатокот, Вардар се бори за титула, сега сме биле мала бројка, добро ќе ти речам у втора лига со Царев Двор, со Кораб бевме поише точно и кореографии вадевме во 3Д. Ова може и нешто друго да ти каже, значи не е нај битно дали клубот се бори за титула.
Околу исмејување и арагонтност, треба да знаеш дека на форуми, може да напраи јузер било кој, макар и лажен јузер, да пишва или буцка или исмејува на сметка да направи штета на друга група, така да не може да зимаш за мерило коментари од луѓе кои не знаеме кој стои позади тастатурата, иако Никот кажува дека може е некој од Комити.
Сите МААЛА у Скопје имале групи и Пирати сеа се појавиле.. добро, за оформени групи од Скопје од поише маала знаеме, а за Пирати , ова е малку глупости, тие 30 души што им се јавуаат кога да идат, подобро и да не пробуваат да се на запад, не само сега, или во подобрите времиња, да пробале ако ги приметат би биле избркани.
Треба да знаеш дека шуто и рогато не се собира на трибина, зашто може да настане хаос, да ти се упропасти и кореографија и се. Така да тие, нити биле дел од таргетот, нити некој би сакал да ги види искрено.
ЦПБ, може некоја младина од слични населби да Но таму одредени се вратија кај самите нив, зошто се вратија у ПАРК да бидат домаќини, нема ништо освен што некои населби се исти од еден дел на Скопје, кај што се црпе младината од тој крај.
, една работа да знаеш, кај Комити , јаадрото е тоа што е и стои, моментално не иде на утакмици, за да не дојде до хаос на утакмици , ќе се решава на друг начин. Нема маалска приказна и нема врска дека секој сака да иде со маалски групи, напротив мислам дека и младината ќе знае дека подобро една јака група отколку 5 маалски.
За крај, има 100тици изданија, па дури и Февруари 2026та година пример, корео, изглед итн, кај што сеуште Комити се далеку напред. Сега точно е дека пад 4-5 утакмици веќе. Кај Чкембари 2-3 утакмици добар пеформанс, али тоа не го менува фактот и неможе да го смени фактот, која тифо група е на врвот долго време!
Ваши членови сами признаа, дека со над човечки елементи, Комити го спасија Вардар, има луѓе што не идеа на работа, за да работат како да се обезбеди плата за игрчаите на Вардар, луѓе почнаа развод, други раскинаа со девојки , трети изгубија работа, четврти дома не зборат со семејстовото, зашто од 24 саати 22 беа посветени на ВАРДАР! Дадоа многу повеќе, од финансии до се друго!
Кај вас, знам дека најголем дел, у живот немаат дадено 500 денари за клубот, и сте скржавци не видени, неможеме да се споредуваме извини! Да знаеш колку сум дал и што сум дал може нема да веруваш али нема ни потреба.
Добро е да идат напред Чкембари, само неможе 5 утакмици, да ги сменат изминатите 55!
Има некои работи кои се битни ,како лошите термин и лошиот квалитет на лигата. Ова е сериозно за цела тифо сцена.