Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.540
- Поени од реакции
- 7.965
Не разбирам зошто ова е вака формулирано и ќе претпоставам дека е само еден беден обид да биде вметната Левица политичката партија како еднаков дел од овој дискурс. За некој ако го предизвика одма истиот да се вади на идеолошки спектрум наместо специфична организација па се понатаму ќе анализирам од тој аспект.
Апсолутно не е точно цело време во секој дискурс се асоцира на континуитет на минато базиран на ВМРО но и на КПМ.
Што сака да каже дека независна Македонија нема никаква поврзаност со Социјалистичка Република Македонија и регионот Македонија. Класично либерално просерување каде што сака да се претстави како се да почнало во 1991 и нема никаков континуитет.
Дали човеков сака да каже дека од аспект на Македонија дека овие он како ги наведува "поделби" се со исто значење. И дека да си врховиста не е ништо поразлично од да си комуниста? Не ни разбирам како се поврзани и централисти/федералисти со остатокот зошто тоа е комплетно различна поделба. Ниту пак од каде дошле четниците. Малце ја збркал работата.
Првото тврдење е комплетно неточно, а второ многу симтоматски ми е како ВМРО или КПМ ете постоеле за да го спречат слободниот Македонец да гарантира секому рамноправност во независната република. Првин еве доста помина од текстот и досега сеуште не прочитав Македонија. Се независната Македонија. А и ова доста ми смрди на ДУИ пропаганда каде што ете КПМ ги малтретираше малцинствата до 1990, па после ВМРО продолжи понатаму.
Повторно зошто индиректно сакаше да ја асоцира и Левица во првиот дел, истата на ниту еден начин не флертува со ниту една религиозна организација. Исто така чудно е како тука не ги обвинува за истото и ДУИ и ВРЕДИ, и зошто и бализмот не е наведен заедно со КМП и ВМРО.
И еве го главниот удар. Проблемот бил што не сме доволно ЕВРО-ФУНДАМЕТАЛИСТИ. А да и државата е Северна Македонија, е сега не знам зошто претходно ја наведуваше како независна република. Зошто Северна е се само не независна република.
Повторно зошто истиот синуираше во почетокот Левица не е корсник на ниту еден грант на штифунзите. А тоа дека главните корисници на истите ја претвориле Македонија во држава со Блискоисточни карактеристики повеќе кажува за ЕУ туку за нашите политички партии.
Повторно некако се заобиколени ДУИ, ВРЕДИ како и нивната балистичка идеологија, Доста симптоматично. Уште повеќе дека ете требало да се распаднат ДПМНЕ и СДС за да почнела ЕУ итеграцијата. Иако претходно востанови дека ДПМНЕ и СДС се финансирани и обучени од фондации на ЕУ.
Да се сложувам дека ДПМНЕ и СДС треба да се распаднат ама секако не за да градиме вештачка творевина и да се интегрираме во некакви нови глупи федерации.
Првин би сакал авторот да ми каже чива е Македонија ако не на Македонците? Исто така мило ми е што никој не ставил лајк на ова ѓубре.
Обемна тавтологија, нажалост залудна. Не сум автор на текстот и немам намера да бидам ставен во позиција да го образложувам, а во засебен пост посочив поради кој сегмент од истиот тука го пренесов. Во тој дел може да се лафиме. Дали целта на текстот била или не одредена политичка партија не знам. А и не ме тангира воопшто тој дел.
И еве го главниот удар. Проблемот бил што не сме доволно ЕВРО-ФУНДАМЕТАЛИСТИ. А да и државата е Северна Македонија, е сега не знам зошто претходно ја наведуваше како независна република. Зошто Северна е се само не независна република.
Такви кованици како оваа од типиот евро-фундаменталисти и слични се креација на естаблишментот коректно именувано, а јас лично тоа би го нарекол УДБо секташи или секта УДБашка, сеедно, затоа што тоа се оние кои 36г безмислосно ја пустошат територијава, единствена цел им е да се задржат привилегираноста, огромниот комодитет кој го имаат воспоставено преку опшествената контрола и кој од колено на колено го предаваат до ден денес.
Еден од многуте типични примери ти е прецедник стопанске коморе вардарске бановине, јас мислев типот говори за корелација на минимална плата и продуктивност од аспект на стопанственик, веројатно соработува со сериозни, реномирани странски компании како сопственик на иста таква, кога неодамна имав прилика да прочитам кратка биографија на еден портал, ликот од втора генерација УДБаш станал наставниче кај УДБашките јуниори, па шефче во мотелче УДБашко и сега беседи за нешто една деценија од таа позиција. И никој да писне за очигледното. А кој да писне кога мнозината се поколенија од истата привилегирана секта.
Повторно да се вратам на еврокованицата, ако алтернатива за тој т.н евро-фундаментализам е враќањето на целава територија во скутот на структурите создадени од слободан милошевиќ и јовица станишиќ што во моментот е во тек и ги диригира целокупните политички процеси на оваа територија, и тоа е таа „независност“ или неврзаност како своевидна алтернатива, еве јас сум ЕВРОФУНДАМЕНТАЛИСТ.
На сево ова кажано во јенки жаргон-црешата на врвот е т.н француски предлог, традиционалните српски сојузници се само оние кои ни го служат, го сервирале бугарите, ама зготвен е некаде на Исток, преку Черното море, кај нашите славјански браќа. Српските браќа се хостеси во ресторанот. Токму сега во ситуацијата со Иран доаѓа до одраз таа руско-кинеско-француска врска. А не е само таа, ако имаш држава тогаш имаш интереси, колку помоќна држава толку поголеми интереси.
Нејасно само зошто е чудно кога татиниот професор и доброволно-насила опозиционерот се чудат како не ги есапат нешто на Запад (а богами и на Исток каде после членството во НАТО не може да бидеме монета за поткусурвање) , првиот ич, вториот со пола уста - исто како тој што ја поддржа Ленче Ристоска во изборот за ЈО. Нече карта код поштеног човека каже брачу срби.
Не знам колку е вистина, но некаде прочитав дека милошевиќ изјавил за територијавa: вратиче се они, не знају сами.
И био је у праву, јбг. Знаo је која роба колико вреди.

