Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да дајт совет за држач за велосипед за автомобил. Сакам да земам ама незнам на што да обратам внимание дали овие што се за на кука се побезбедни од овие што се затегнати од сите страни со јажиња и од кровен држач?
 
ако не се проблем парите земај THULE на кука.
 
Некој да дајт совет за држач за велосипед за автомобил. Сакам да земам ама незнам на што да обратам внимание дали овие што се за на кука се побезбедни од овие што се затегнати од сите страни со јажиња и од кровен држач?
Ako imas kuka, togas za kuka e najkomotno i obicno najlesno za stavanje velosiped otkolku da go stavas na krov. Ovie na krov treba da pazis na podzemni garazi ili nekade kaj sho imaat ogranicenost na visina. Sansite da ja izgrebis bojata se pogolemi so tie na krov i onie pozadi na gepek sho se montiraat. So drzaci sho odat na kuka nema nikalva sansa da ja izgrebis bojata na kolata. Jas koristam Westfalia Bikelander BC60(so led svetla) veke nekolki godini i super e. Za praznicite i elkata si ja donesiv so nego :D
 
Имам опција за кука и логиката ми беше таја, све мислам дека ќе ги удрам во некоја гаража ако ми се на кров.
Гледам по фб се продаваат за 100/150 евра и искрејно сум скептик за такви no name не сертифицирани брендови.
Го гледав овој на Туле ми стојт ок за мојте потреби. Е сеа во меѓувреме го најдов и овај и според то шо гледав се добра алтернатива на Туле а дупло поевтин, мислам дека губам само во опцијата да го соберам и да го оставам на кука собран како не би зафаќал место. Ако има некој искуство со брендов нека сподели ама мислам дека ќе одам со него, неможам да ја оправдам дупло поскапава цена на тулево.
 
Најдобрата инвестиција ми е Туле на кука. Не се мисли.
 
Фала, зедов веќе EUFAB за на кука. Солидно ми делуват мада го немам пробано натоварен, петок ќе го пробам.
Многу голема разлика во цена ми беше Tule, 37000 за два велосипеди (каков што ми требаше) а EUFAB - 15000 и двата го имаја тој Tilt механизмот за пристап до гепек.
Во шо мислиш дека е Tuleto е подобар? Безбедност?
 
Дали се наоѓа добар велосипед до 20.000ден или морам да зголемам буџет?
 
Пиши прво дали си тотален почетник или не,за што ти треба конкретно дали само низ град или плус и каде точно за да добиеш прецизен одговор колку пари треба дадеш за да ги задоволи твоите потреби.
 
Да, почетник, претежно за низ град...
 
Да, почетник, претежно за низ град...
Тогаш не ти треба буџет од 20000 денари за таа намена бидејки солиден 26 ка МТБ кој е идеален за низ град чини околу 10000 денари нов па уште ако општината кај што живееш дава субвенции ќе ти излезе најмногу 7000 денари.Одржувањето е џабе ако имаш барем малку познавање на велосипедите.Еве ти мој предлог ако си висок помеѓу 175 и 180:
 
Фала, зедов веќе EUFAB за на кука. Солидно ми делуват мада го немам пробано натоварен, петок ќе го пробам.
Многу голема разлика во цена ми беше Tule, 37000 за два велосипеди (каков што ми требаше) а EUFAB - 15000 и двата го имаја тој Tilt механизмот за пристап до гепек.
Во шо мислиш дека е Tuleto е подобар? Безбедност?
Докажан бренд. За брзини над 130 и удирање дупки да не сум под стрес. Исто така максимална носивост од 46кг ми е доволна за пренос на два е-бајка.
 
Поздрав екипо имам едно прашање.

Не се разбирам многу во велосипеди ама иам добар мтб велосипед иако во последно време слабо го возам повеќе се посветив на трчање. Е сега бидејки 90% од времето возам на асфалт а сакам да добијам на брзина, прашувам што е попаметно дали да му ставам помазни гуми или да се префрлам купам гравел ? Голема ли е разликата помеѓу гравел бајк со мтб бајк а со помазни гуми наместо стандардниве

И што гравел бајк би ми препорачале како за влез во тие води, има ли нешто океј за до 800-900 евра буџет ?
 
На МТБ ако му ставиш потенки мазни гуми да речеме 32-622 напумпани до 90% од максимумот ќе добиеш околу 10% поголема брзина со ист отпор на педалите во однос на широките гуми.Разликата помеѓу Гравел и МТБ со мазни гуми е многу мала бидејки на Гравел даѓаат широки крампон гуми за да може да се вози и на земја но поради полесната рамка има мала предност но ако имаш МТБ со карбонска рамка мислам дека се исти.Поголема разлика во брзина можеш да добиеш само со роуд понов модел од средната класа алуминиум рам со карбонска виљушка до кај 9кг тежок и гуми не пошироки од 25-622 и тоа од типот на Continental па да добиеш околу 30% поголема брзина со ист отпор или ако на МТБ возиш 22 до 23 на саат со истиот отпор добиваш 29 до 30 лично проверено.Повеќе од ова но не знам точно колку се добива со целосно карбонски точак како што се користи на меѓународните трки бидејки осовините освен што се со индустриски тип на лагер материјалот не е метал туку керамички и тука е уствари тајната на тие поголеми брзини бидејки керамиката има помало триење од металот и инерцијата е поголема,значи кога ќе забрзаш многу помала енергија е потребна за одржување на таа брзина.Во група да возиш со 40 на саат и повремено да вртиш педали а притоа да можеш слободно без задишување да збориш со возачот до тебе е возможно само со многу мал отпор на триење и голема инерција.
 
Благодарам за деталното објаснување. Искрено мислев многу поголема е разликата во брзина помеѓу гравел и мтб велосипед па затоа сакав да го променам, инаку роад не ми одговара со оглед на тоа што сакав подолги тури на кои ќе има и дел неасфалтирани патишта
 
Back
На врв Bottom