Не сум појаснил во описот, требаше да оставам повеќе контекст. Валтер како артист доаѓа од мак-панк водите (90ти) во рап води (рани 2000ти), но во духот секогаш останува панкер. За тие што го знаат Валтер, во тие години (90ти) е анти-естаблишмент, има доста шаренолика младост, и дел од тоа го изразува во песните погоре (особено во Се враќам во деновите). Неговата приказна, за тие што го знаат од тоа време до денес е приказна на трансформација, од млад бунтовен Валтер, во тоа што е денес, семеен и духовен човек.