Така е, да прифатеја сите Германија да ги владее под Хитлер со германците како надраса немаше да има војна. Се прашувам зошто не го прифатиле, баш се глупи ова европејциве, не капираат што им е во интерес. Да, точно е дека неговата идеологија уби 9 милиони Германци за 5 години што може не е најпатриотски чин во историја на Германија, али барем се знаело: меѓурасни и меѓурелигиски бракови, директно цела фамилија во Аушвиц, да се знае кој е кој.
Секогаш друг е крив од надвор за денешните проблеми (Ватикан, османлиите, евреите, ЕУ, Русија, Америка, Југославија), недај боже некој да е од тука крив за државава што е пљачкана. Државава 30+ години ја води иста неписмена политичка-бизнис багра, испартизираа цел јавен апарат, цедат средства каде можат, али Југославија е крива, евреите. Не баце, криви се од премиери, до министри, до олигарси и судии, до медиумски партиски мегафони, со име и презиме, никој не им ставил пиштол на глава да ја пљачкаат државата, него убаво им е - добри коли, куќи со базени низ Европа, пари што не се трошат за генерации.
Најјакото е што народот им ќути и место да бара одговорност и да си застане во свој интерес, си бара оправдување со цел да не се соочи со проблемот кој е озбилен (корупција од наши луѓе е рак рана на нашиот систем, не Југославија или евреите).