Какви патики носите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Filip89
  • Време на започнување Време на започнување
474 $ не е малку scam?
Има по земјиве кај што луѓето имаат малку вишок пари, специјализирани продавници за патики кои се пуштени во промет во мали едиции, колекционерски примероци.
Оригинално сакав да купам Air Jordan XIV ама немаа мој број. 14ките ќе ми испаднеа 230-250 долари.
Автоматски споено мислење:

Овие имаат само онлајн ко што видов. Можеби некој следен договор ако сум во порт каде што се врши достава за морнари.

Бај д веј, Air Jordan носам 8,5 или 42 по нашки.
 
Има по земјиве кај што луѓето имаат малку вишок пари
Мајндсет и брејнуошинг е тоа, вишок пари не верувам дека имаат.

Типовите кои се со вистински вишок на пари, си се веќе доволно самобендисани за да носат туѓи брендови.
 
Мајндсет и брејнуошинг е тоа, вишок пари не верувам дека имаат.

Типовите кои се со вистински вишок на пари, си се веќе доволно самобендисани за да носат туѓи брендови.
Ммм... Да. Во право си.
Имав цимер кој научи да пазари на потешкиот начин. Првиот пат кога бил со брод во Италија купил Луи Витон патики за 990 евра. во Венеција Две недели подоцна во некој друг италијански град нашол продавница на некој локален бренд и купил патики од таму за 140-150 евра. Кога се вратил на брод ги ставил патиките една до друга и видел дека само знакчето ЛВ е разлика (и додуша малку потемно обоена кожа на едните патики во споредба со другите).

Е сега кај мене заебот е што сакам да ги имам патиките од вториот трипит на Џордан.
- 12ките ги купив од BUZZ есента 2019та, видов дека ги имаат скроз црни (Reverse Taxi colorway) прашав дали имаат 42ка и само дадов картичка и на батката му кажав наплати. Братот беше збунет затоа што не веруваше дека некој ќе даде 12,900 денари без воопшто да прави драма.
- 13ките ги купив во Ливерпул во Футлокер. Бели со сино и сиво, ја прашав девојката дали има мој број, ми донесе и само и реков океј, води ме до каса да ги платам бидејќи футлокерот во Либерпул е масивен. Не се сеќавам колку ги платив, дали беа 160, дали беа 190 фунти... не се сеќавам, ова беше пред 3 години
- 11киве ги купив затоа што видов 14ки во излог, чинеа 200 и нешто долари, со се данок 230-250 ама и од белите и од жолтите немаа мој број па батката што работеле таму ме викна да отидам до таблетот што го имаа до каса, стави филтер 8 и 8,5 и ме праша што ми се свиѓа од таму. Кога видов дека имаат 11ки високи си реков, меракот не прашува за цена Тончи. Со се данок испаднаа 474 долари меѓутоа тоа е помалку важно, важното е дека имам 11ки :)

Е сеа ми останува уште да начекам 14ки во мој број. Додуша ги имав начекано еднаш на Антигва, ама ги имав 13ките со мене па си викам ај да не претерувам само по еден пар по договор.

Инаку чисто да разберете зошто сум опседнат со тие 4 модели на џорданки. Секоја ноќ кога на А1 имаше пренос од НБА со Љубомир Николовски, останував буден или се будев специјално за да гледам НБА. Често ги даваа Булс бидејќи тогаш тие беа најдоминантниот тим во било кој спорт. Памтам во Скопје ги донесоа 12ките во црвено-црна комбинација и чинеа 8488 денари а татко ми имаше плата од 9.000 денари (обичните работници зимаа 4-6 илјади денари тие доцни 90ти). Сакав еден ден да ги имам. Да имав место во куфер ќе ги купев и нив во Сан Хуан бидејќи беа 250 долари со се данок, ама можеби некој следен пат. До сега само adidas Kobe 1 ги имам во две различни бои :)
 
Инаку чисто да разберете зошто сум опседнат со тие 4 модели на џорданки. Секоја ноќ кога на А1 имаше пренос од НБА со Љубомир Николовски, останував буден или се будев специјално за да гледам НБА.
Screenshot_20260131_185315_Chrome.jpg
Љубомир did a pretty damn good job.
 
Црнечкиве патики не ги можам. Има луѓе цела берза што водат со црнечки патики. Као биткоин, некои илјадници долари ги вреднуваат.
 
Црнечкиве патики не ги можам. Има луѓе цела берза што водат со црнечки патики. Као биткоин, некои илјадници долари ги вреднуваат.
Eднаш начекав документарец, ама не го запамтив ни името ни каде го гледав. Поентата беше со луѓе што убиваат други луѓе за да им ги украдат џорданките. Да и тоа има во 'Мурика.

Кога истече договорот помеѓу Коби Брајант (и неговото семејство) и Најки. Ванеса Брајант како клучно барање за продолжување на договорот бараше кога Најки ќе пушта во промет патики со името на Коби, тоа да го прави во големи серии.
 
Eднаш начекав документарец, ама не го запамтив ни името ни каде го гледав. Поентата беше со луѓе што убиваат други луѓе за да им ги украдат џорданките. Да и тоа има во 'Мурика.

Кога истече договорот помеѓу Коби Брајант (и неговото семејство) и Најки. Ванеса Брајант како клучно барање за продолжување на договорот бараше кога Најки ќе пушта во промет патики со името на Коби, тоа да го прави во големи серии.
Друже ти си ептен виктим на хајп.
 
Не сум виктим на хајп, во моето семејство баба ми собираше марами, татко ми добира бејзбол капчиња, јас собирам патики.
За секојдневна употреба највеќе ми одговараат adidas zx flux и слични на нив, ама за мерак носам патики од кошаркарите кои ги гледав кога бев млад.

Видеово ќе го ѕирнам кога ќе имам јутјуб, на бродов немам :(
 
Некој да сподели искуство со овој модел на патики:
 
Некој да сподели искуство со овој модел на патики:

Како некој што скоро цел живот носи газеле, овие ги купив случајно и се 3x пати поудобни
 
Како некој што скоро цел живот носи газеле, овие ги купив случајно и се 3x пати поудобни
Како дете многу носев Адидас, класичните бели со црни траки :love: , во Словенија произведени, кај нас се продаваа во Борово продавниците. Последно сум носел Адидас пред 10ина години. Сега сакам пак да се вратам, а овие баш изгледаат убаво плус и ако се удобни како што викаш, може ќе се одлучам. Ќе одам да пробам баш да видам како стојат.
 
Овие можеби се меки пошто пена, другите им се крш невиден. Со Скечерс нема споредба.
 
Од денес прам транзиција на Barefoot.
 

Attachments

  • 20260331_152354.jpg
    20260331_152354.jpg
    1,4 MB · Прегледи: 34
  • 20260331_152422.jpg
    20260331_152422.jpg
    1,5 MB · Прегледи: 34
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
@zee German дали adidas Adizero Evo SL 'Silver Metallic' се убави патики според тебе? :)
Како и да е, си ги купив од JD Sports во Пиреја. Полесна патика немам носено во животот, мислам дека се полесни и од старки, треба да проверам кога ќе се вратам дома :) Од утре натаму ќе почнам да ги користам па ќе пишам рецензија ако не ме мрзи :)

1589461_01.jpg.jpeg
 
Back
На врв Bottom