Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Салах за мене е фудбалерот кој во својот прајм најмногу потсетувал на Меси.

Прв сум во мојава крвна лоза што го читам ова.

Најмалку технички поткованиот фудбалер што има постигнато над 100 голови најмногу да те потсеќа на топ 3 нај-технички надарен фудбалер на сите времиња е голема работа.

И да, знам дека има над 250 голови Салах ама сакав повеќе фудбалери да опфатам во споредбата.

Во последно време ги имаш гледано Нејмар и Азар ама Салах најмногу те потсеќа на Меси...

Еден Такефуса Кубо повеќе потсеќа на Меси отколку Салах бро...

Да не ти се верува што читаш, неверојатно!
 
Секој со своето мислење.
Ти имаш мислење дека Салах е најмалку технички поткован фудбалер што има постигнато над 100 голови.
 
Тајмингов на видеово, па уште и на 6-то место салах...

Za 5-10 godini ke ne mavni nostalgija ko za Henry, Lampard, Rooney i ke go vbroime vo legendite na EPL.
 
Не реков лош играч ништо посебно, Агуеро беше бољи.
Агуеро го има измислено фудбалот за Салах, ама луѓето од вчера прават статистики.
 
Не претерувајте. Салах е еден од играчите кој ја одбележа последнава деценија на ПЛ.
Играч закитен со куп тимски и индивидуални награди, меѓу кои и долго очекуваната ПЛ на Ливерпул.
Меѓу најзаслужните што Ливерпул беше едно ниво погоре последнава деценија.
Доволно направи за да се вброи во легендите на ПЛ.

Само слеп ривал може да го негира ова.
 
Да не склопи тим Клоп ни пола од тие бројки ќе ги немаше.
Али да успехот му е добар, ова се лични мислења повеќе.
 
Агуеро го има измислено фудбалот за Салах, ама луѓето од вчера прават статистики.
Како бе вакво нешто пишуваш? Не навлагам у тоа кој е бое и дали некој е боље, ама знаеш што значи Агуеро го има измислено фудбалот за Салах? Па не праиш муабет за Бендтнер бе друже, разбирам дека е играч од омразен ривал ама малце реални бидете. Салах ја одбележува последнава декада во ПЛ и нема ниту еден играч што е близу до неговите бројки.

Јас погоре на муабетот за Меси реагирав не дека е слаб Салах него дека не се исти играчи со Меси, едниов е класично крило, а другиов напаѓач со слободна рола и радиус на движење, плејмејкер, скорер, све на куп.
 
Да не склопи тим Клоп ни пола од тие бројки ќе ги немаше.
Али да успехот му е добар, ова се лични мислења повеќе.

Ова можеш да го кажеш за било кој играч/тренер, ама ова не е никаков аргумент против Салах. Тренерот може да му го извади талентот на виделина со тоа што ќе му даде шанса, но не и да му го всади.
Имаше и други играчи во Ливерпул, секој играч има и негова замена, зашто друг не се истакна, туку баш Салах?

Знам друг муабет ќе правеше да беше Бруно во истава ситуација. Разбирам и тоа :)
 
Персонали преференции се ко што реков ја го ставам Агуеро пред него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom