Навивачки групи на подрачјето на бивша СФРЈ

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
1. Комити 92
2. Делије во Скопје 90-91
3. Комити и Ајдуци (поново)
4. Комити Аеродром
5. Чкембари на Пелистер - Вардар
Прегледај го приврзокот 472429Прегледај го приврзокот 472430Прегледај го приврзокот 472431Прегледај го приврзокот 472432Прегледај го приврзокот 472433
Не се гледа убо , ама мислам дека на последната слика дечкото носи мајца Војводи со син крст во рака.
 
Mozi malce kasnam na desavkite ama jas uste se cudam na brojkata na zrinjski gledam nikoj od ovde ne prokomentiral za toa,ama neznam mozi jas samo taka mislam
Во Мостар секогаш ќе е ин навивањето, нема мрдање од тој мајндсет таму. Нема град во поранешна СФРЈ со сфаќања како Мостар, тој степен на поделеност е нереален за 2026 година и 21 век. Имаше на времето една емисија Перспектива каде што водител беше Марчело раперот и баш снимија емисија за Мостар, каде што младите си кажуваа размислувања. Меѓу нив имаше и такви кои рекоа (пази сега) НИКОГАШ во животот не го посетиле центарот на Мостар, бидејќи не бил во хрватскиот дел и дека се плашат дека ќе го претепаат босанците муслимани. Пази во свој град не си стигнал до центарот кој ти е на 1-2км, а имаш 18 години. После имаше млади кои јавно говореа дека нема зошто да се дружат муслимани и хрвати и дека ако има некој што се дружи или не дај боже љубовна врска има остварено, треба најстрого да се осуди и е срамота. А една улица булевар ги дели босанскиот дел на Вележ и хрватскиот дел на Зрињски Мостар. Хрватите знам од Хрватска очи превртувааат кога некој хрват доаѓа од Херцеговина, од старт го гледаат со предрасуда дека е проблематичен/затуцан. Границите одамна се поминати таму на здраво ривалство.
 
Имаше на времето една емисија Перспектива каде што водител беше Марчело раперот и баш снимија емисија за Мостар, каде што младите си кажуваа размислувања
Дали таа емисија можи да се најди некаде?
 
Дали таа емисија можи да се најди некаде?
ова е првиот дел, 4 дела се со Мостар вкупно и сите се на Јутуб прикачени. Типот Анте кој го кажува муабетот спомнат горе е од вториот дел, на 6:50 се појавува прв пат.
 
Последно уредено:
Grobari posle ova uste 100 godini nema da se isperat i epten gi opravdaa dellije so ona Franjo i ustasi. Kakva ljubov niz porakite, zbratimeni grupi da im zavidat hahaahhaaha.
 
Што се случува со Делије и Гробари? Вчера имаше огромен митинг на СНС во Белград кој има цела трибина навивачи. линк од навивачко водење на митинг на СНС во Белград вчера и линк од лански митинг (воџата на СНС навивањето има фирми со тендери од вкупна вредност околу 30 милиони евра)

Како државата ги става навивачите под своја капа? Како воспосатуваат контрола кон група што историски била секогаш анти-авторитарна или про-граѓанска? Им ги врбуваат клучните луѓе преку прогледување низ прсти за криминал или директно за пари. Принципот е: јас како власт на тебе како воџа на екипа слобода, моќ и пари, ти мене ќе ми доаѓаш на митинзи, нема да ме пљукаш на трибина и ќе ми вршиш прљави работи:

Ова е некоја Тифо квази-криминал, квази-политичка улична рака на партија. Ми изгледа како државата да ги става под своја капа или со пари (како кај Делије), или со моќ (кај Принципи), или со репресија (Алкатраз).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom