Прегледај го приврзокот 471994
Дојде на ред и една од најубавите патеки во Азија.
Прегледај го приврзокот 471997
За другарчето што прашуваше еве го одговорот. Со испрекинати линии се означени кривините каде што некој од тимовите има блага предност, а со полни линии каде што имаат целосна предност. Во 1-2 блага предност има Мерцедес затоа што подобро ја контролира предната лева, 3-4 имаме чиста промена на насока и додавање на гас на излез и тука Ферари има блага предност, во 5-6 имаме кочење и нападно влегување во бавен свиок и овде Ферари има блага предност, 7-8 се чисти брзинци каде што треба стабилен преден дел и тука Мерцедес дефинитивно има чиста предност, 9 има смирување на автомобилот после 7-8 и тука Мерцедес има блага предност, а во 10-12 бара стабилност до 13 и тука е нерешено. Од 13 до 14 е правец од 1.2km тука има чисти перформанси на моторот и батеријата и тука Ферари има чиста предност, 14 е најголема зона за запирање и една точка клучна за престигнување, собирање на енергија и тука Ферари е во предност. Во 15-16 и излезот на стартно-целната рамнина имаме транзиција и припрема кон рамнината што значи и тука Ферари има блага предност. Веројатно ќе стартуваат на Ц3 и потоа ќе се вратат на Ц2 некаде на 50-55% од трката ако нема дожд.