Woke и Cancel културата како алатка за државно управување.
Со глобализацијата, голем дел од производството се сели од запад во земји во развој, и високиот стандард почнува да станува недостижен за многу. Како резултат на тоа: мал број на луѓе акумулираат многу пари и моќ, додека мнозинството почнува да губи можност да најде лесно работа што е добро платена, да купи имот, да се обезбеди со добро образование, здравствено осигурување и тн. Паралелно на тоа, мал број на луѓе со многу пари купуваат масовно се што може да се купи, од живеалишта до медиуми што формираат јавно мислење, политички влијанија преку донации во кампањи, цели индустрии.
Во ваков амбиент се раѓа големо незадоволство кај мнозинството. Кога незадоволството е насочено кон оние кои имаат корист од системот, овие Woke тематики се форсираат преку мас медиуми со цел да се пренасочи незадоволството од суштински проблеми (мала социјална мобилност и како жителството губи моќ) кон проблеми замајувачи со цел гневот граѓани да го насочат меѓу себе (либерали-конзервативци на пример). Темите од овие culture wars како абортус, транс вециња и истополови бракови одеднаш добиваат огромно медиумско внимание и внимание во политичкиот дискурс.
Целта е да се одвлече вниманието од суштински проблеми (со други зборови: раздели па владеј). Во нашиот дел од светот, сличен механизам за владеење се користи кога се покренуваат прашања врзани со религија и етникум. Некои пробуваа низ годините да наметнат и cancel и woke тематики, но овде не лепат толку. За разлика од нив, овде етно-религиските прашања се доста плодни и имаат иста функција: на контролирање на јавен гнев и пренасочување, со цел полесно владеење со масите. Кога ова не пали, се носи нешто друго.
Вашингтон Пост на Џеф Безос во моментов:
