Се повеќе Кинески брендови на автомбили во Македонија, дали вреди да се ризикува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Trolejbus
  • Време на започнување Време на започнување
Кратко кажано: BYD е чекор погоре од повеќето кинески брендови како Chery, MG, DFSK или Dongfeng, но тоа не значи дека другите се лоши. Разликата е главно во технологијата, контролата на производството и позиционирањето на брендот.

Технологија е најголемата предност на BYD. BYD е еден од ретките производители што сам ги прави скоро сите клучни делови, батерии, мотори, електроника и софтвер. Имаат развиено сопствена Blade Battery технологија која е побезбедна и постабилна од другите. Во многу тестови има подолем домет и побрзо полнење од конкуренти како MG Motor.

Хибридниот систем на BYD генерално се смета за понапреден од оној на Chery. Затоа BYD често го споредуваат со Tesla.

BYD произведува голем дел од компонентите во своите фабрики, што значи: подобра контрола на квалитет, пониски трошоци, побрз развој на нови технологии.

Кинеските производители генерално се развиваат многу брзо, но BYD е меѓу најинтегрираните и најголемите.

Приближно вака изгледа рангирањето

BYD
Geely / Zeekr
Chery
MG
DFSK
Dongfeng
Само да те дополнам дека BYD ги произведува батериите за европските производители на електричен погон.
Автоматски споено мислење:

Nајинтересно е шо тој мотор и 1.6THP добија во соработка со BMW.Не знам шо им требаше таков луксуз.Нивните TU бензиски мотори беа далеку поквелитетни.Ако сакаа турбо бензиски мотори можеа да се договорат со Фиат. Фијатовите турбо бензинци 1.4 се доста квалитетни.
Да знаеше BMW да направи саглам бензински мотор немаше да бара помош од Honda за нивната VTEC технологија а наводно за возврат да им ја кажат рецептурата за нивните проверени дизели но во таа размена нити едните добиле комплет рецепт ниту другите но Honda после успехот со втората генерација на 2.2 дизелот кој сеуште има маани и успева да стигне до 1 милион км на добар пат е да го усоврши и сериозно да им конкурира на германските дизел мотори.
 
Последно уредено:
Кинеска кола нема што нема внатре за ептен мала цена, па ако споредиш со другиве што нудат ептен се понапред. Баш како што рече другаров пред мене, во Поло нема ништо за 20.000 а овој во кола од 18.000 ми дава и дисплеј во кола и се.

Само не би купил барем сега кинеска кола од 3 причини.
Првата е што од Кина купувам еден куп работи преку Тему, половина од тоа што е дојдено не е она што е рекламирано, а животниот век му е значително помал од тоа што би го купил од регуларна продавница.
Конектор за повеќе УСБ портали земав, по 2 месеца самиот почнува да ми ги гасне и пали глушецот и тастатурата. Отидов од Сетек земав еве го една година тера да не го подречам. Разликата у цена 400 денари.
Ако е ризик да земеш нешто со толку мала цена што можеш одма да го фрлиш и да речеш шо го ебам, за 15.000 - 20.000 евра не би рекол дека така ќе ти биде реакцијата.
Градбата на електрониката внатре е со послаб квалитет од градбата на европските коли, и до сега што следам најмногу замерки на коливе има за лоша инсталација на електрика внатре која предизвикува споеви и оштетувања па не ти работи дисплеј или светло додека не го замениш кабелот внатре(плус и дека лошо се смирисувале внатре, ова додека не видам не тврдам).

Втора работа можност за сервисирање на возилото и резервни делови. Тие што имаат американски коли знаат како е да шеташ од мајстор по мајстор па кој иде до грчка да земе нешто. Плус овде се работи веќе за возило што не се сервисира кај боле мајсторот. Никој овде нема работено кинеска кола и колку ќе се нафатат да ја прават. Внатре има електроника до пичку матер, а сервис официјален од кинезите уште е под формата „имаме 1 ама е за цел балкан“, во меѓувреме имаме соработка со тие носи ја кај нив, па чекаш па ќе видиме.

Третата е што вредноста на тие коли значително побрзо опаѓа од вредноста на европските коли. Посебно со тоа што имаат преку 60 продавачи на различни коли, не знаеш која ќе згасне за 2 години и колку време ќе остане поддршката со резервни делови.

Кинеска кола во игра за мене лично ќе влезе по најмалце 10 години. Сакам да видам друг да ги вози, да ми рече другар кинезов го земав еве го тера ништо гајле нема 7-8 години го возам. Да видам кинеска кола да не рѓосува сама по себе на металот.
Одлична анализа, која чајна фенс не можат да ја разберат. :icon_mrgr:

Доколку се покажат добри и јас би земал. Па ќе почекам прво чајна фенс да кажат јузер експирианс.
 
Гледав на видеа имаше по Кина огромни плацеви на ефтини половни кинески автомобили. Мислам дека за некоја година ќе почнат и во Македонија да носат половни Автомобили од Кина и така секој ќе може по пристапна цена да си купи за помалку пари повеќе опции.. За 10к евра ќе си земиш 5 - 6 години старо Кинеско возило.
 
Што мислите за големиот замав на Кинески брендови во Македонија? Дали вреди да се купи Кинески автомобил и колку се чека за делови и сервиси пошто ќе зависите само од овластениот сервисер. Дали постои можност да останете бе сервис доколку брендот што сте го одбрале не се продава доволно и компанијата затвори?

За сега се продаваат следниве Кинески брендови во Македонија: Баик во Чилаз, групацијата Донфенг (Forting, Aeolus, DFSK) во ABC Brother, Чери и МГ (не знам зашто МГ ги викаат Кинези, кога се Британци со Кинески газди) во Мида, GWM во Толту Моторс, Skywell во АвтоМакедонија, Geely и Lynk & CO во Делфино, доколку сум пропуштил некој бренд, дополнете. Во Србија ги има плус и Чанган и BYD. Во кина има преку 150 различни брендови на коли, не ми е јасно како се исплати толку различни брендови да постојат, јес да се милијарда ама пак, кај нас веќе има преку 8 бренда, многу брзо може да се засити пазарот.

Од поевтините коли се Аеолус со Шајнот и Мејџот и тие веќе почнуваат доста да се гледаат по улиците, коли со соилден мотор од 200 коњски сили и одлична опрема за 20 000 и 25 000 евра, Чери исто така имаат доста добра понуда, поготово Аризо 8 кој за 24 000 евра добивате лукузна лимузина, но каков е квалитетот? Од поскапите Кинески коли се Линк анд Ко, но и тие веќе се забележуваат по Скопје, значи некој пукнал 50 000 евра на Кинеска кола...
Дур трај гаранцијата ок се и после фрлија. Исто како шаоми телефоните. vw можда нема нешто woow внатре и опрема ама ќе тера многу повеќе него кинез. Моторите на кинеските се чисто кинески само конструкцијата е на Мицубиши и сите мислат еве ја мотор има јапонски и тука многу се лажат. Има видеа на тик ток каде што после 4 години користени кинески возила јавува доста корозија по трап напред и назад,бетомени,прагој.
Колку пари толку музика јебига.
 
Лошото кај Кинезите што кога ќе дојдат во Европа се скоро двојно поскапи од нивната цена во Кина, поради царини, ддв, еколошки такси и слично и веднаш стануваат неисплатливи.
Пример овој модел на Гили во Кина почнува од 20К еура па оди до 25во топ пакетот на опрема, што е нешто невозможно да се случи во Европа, тоа е класа на Поло, а не на full-size luxury SUV.
 
Лошото кај Кинезите што кога ќе дојдат во Европа се скоро двојно поскапи од нивната цена во Кина, поради царини, ддв, еколошки такси и слично и веднаш стануваат неисплатливи.
Пример овој модел на Гили во Кина почнува од 20К еура па оди до 25во топ пакетот на опрема, што е нешто невозможно да се случи во Европа, тоа е класа на Поло, а не на full-size luxury SUV.
За тоа да го избегнат ќе отворат фабрика во Сегедин и производот ќе биде MADE IN EUROPE само данок нема царина и ќе видиме како ќе им оди продажбата бидејки цената драстично ќе биде пониска во однос на истиот производ произведен во Кина:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom