Се повеќе Кинески брендови на автомбили во Македонија, дали вреди да се ризикува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Trolejbus
  • Време на започнување Време на започнување
Пежо,Рено и Цитроен во однос на електрониката тапкаат во место цели 30 години и сеуште го држат првото неславно место по најлоша авто електроника во светот.Што се однесува до каросеријата сега е далеку подобра од порано во смисол поцврст е лимот а не како на старите Цитроени хартија,подобра заштита од корозија посебно кај Пежо 206 кој има поцинкувана и ХДИ 1.6 а посебно ХДИ 2.0 како и 1.5 и 1.9 дизелите на Рено се трајни и докажани на терен додека бензинските на Пежо,Цитроен се тапа за разлика од оние на Рено 1.2,1.6 и оние бензинските од Рено 25 кои поминуваа без проблем 1 милион км без отварање.
Најголем проблем кај француските е електрониката.Имам Пежо 207 1.6 бензин.Колата каросериски супер и моторот е гром.Ама со електрониката мака мачев.Го сменав BSI модулот и сега е ОК.Арно ама од 2008 бензинците им се катастрофа.значи бегајте од 1.4 vti и 1.6 thp.Иначе после 2019 квалитетот на сите марки е во надолна линија.Независно дали се работи за кинески,јапонски или европски модел.Најголема причина за ваквиот пад на квалитетот е електрониката,регулативите и и инсистирање на тачскриновите.Значи немаш дугмиња за најобични команди туку се оди преку тач.Друго дизајнот на внатрешноста кај сите модерни коли е здодевен. Огромен екран по должина на кокпитот и толку.Никаква емоција никаква естетика.Независно дали си влегол во Хјундаи или Мерцедес.
 
Последно уредено:
Validni se poentite, najvekje taa so servisot so ogled na toa deka nova kola ocekuvas da ja vozis podolgo.

Megjutoa vo momentot koga kje gi resat ovie prasanja, cenata nema da bide tolku povolna kako sega.
А што е толку поволна цената? 20 посто поефтина макс. Па боље ќе плаќам уште една година плус али бар да можам да ја продадам кога сакам, некој "бренд" кола уместо кинеско.
 
20 posto ne e malce. Da bese Francusko kje ti smenese 20 posto neli?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Geely групација го има купено волво, не знам како се дали има делови што се исти со Volvo?
 
. Тоа или Mazda CX-5 само со новиов рестајлинг.
Мазда уште е со Фордови мотори?
Автоматски споено мислење:

Geely групација го има купено волво, не знам како се дали има делови што се исти со Volvo?
Волво си работи независно како и што си работеше. Може да имаат заеднички РД тимови, како трети фирми, ама делови и технологија директно не превземаат, бар така изјавуваат. Иако јас мислам дека уште како користат искуства и решенија од Волво.
 
Мазда уште е со Фордови мотори?
Автоматски споено мислење:

Волво си работи независно како и што си работеше. Може да имаат заеднички РД тимови, како трети фирми, ама делови и технологија директно не превземаат, бар така изјавуваат. Иако јас мислам дека уште како користат искуства и решенија од Волво.
Не. Цел мотор е на Мазда.
 
бегајте од 1.4 vti и 1.6 thp.
Имам Пикасо со 1.4VTI, 3 литра уље на 10 000 километри, минимум! Во багажник носам 2л секогаш :( Нит е штедлив, нит сила има, така за на кратко од точка А до точка Б.
Автоматски споено мислење:

Не. Цел мотор е на Мазда.
Сега прогуглав, Skyactiv! Тоа е веќе еден плус повеќе.
 
Најголем проблем кај француските е електрониката.Имам Пежо 207 1.6 бензин.Колата каросериски супер и моторот е гром.Ама со електрониката мака мачев.Го сменав BSI модулот и сега е ОК.Арно ама од 2008 бензинците им се катастрофа.значи бегајте од 1.4 vti и 1.6 thp.Иначе после 2019 квалитетот на сите марки е во надолна линија.Независно дали се работи за кинески,јапонски или европски модел.Најголема причина за ваквиот пад на квалитетот е електрониката,регулативите и и инсистирање на тачскриновите.Значи немаш дугмиња за најобични команди туку се оди преку тач.Друго дизајнот на внатрешноста кај сите модерни коли е здодевен. Огромен екран по должина на кокпитот и толку.Никаква емоција никаква естетика.Независно дали си влегол во Хјундаи или Мерцедес.
1.6 THP им го собори рекордот на французите убедливо како најлош конструиран бензински мотор во историјата на нивната авто индустрија.
 
Најголем проблем кај француските е електрониката.Имам Пежо 207 1.6 бензин.Колата каросериски супер и моторот е гром.Ама со електрониката мака мачев.Го сменав BSI модулот и сега е ОК.Арно ама од 2008 бензинците им се катастрофа.значи бегајте од 1.4 vti и 1.6 thp.Иначе после 2019 квалитетот на сите марки е во надолна линија.Независно дали се работи за кинески,јапонски или европски модел.Најголема причина за ваквиот пад на квалитетот е електрониката,регулативите и и инсистирање на тачскриновите.Значи немаш дугмиња за најобични команди туку се оди преку тач.Друго дизајнот на внатрешноста кај сите модерни коли е здодевен. Огромен екран по должина на кокпитот и толку.Никаква емоција никаква естетика.Независно дали си влегол во Хјундаи или Мерцедес.
NCAP за максимум ѕвезди воведе правилник за се што мора да биде со механичка контрола.
Под механичка контрола влегуваат жмигавците, контрола на звук, контрола на клима и светла, менувач, кваки на врати, гепек и сирена. Истите ќе може да бидат како опција и преку дисплеј/сензор да се контролираат, ама ќе мора да имаат и физичко мануелно копче со што се ограничува целосно досегашното „се во дисплеј на дланка“.
Досегашната пракса им покажала дека е проблем при возење да скролаш на дисплеј што ти го одвлекува вниманието и беше реакција на повеќето купувачи на коли дека додека вози и сака да пушти клима пример не сака да запре па да скрола на дисплеј да го најде тој сетинг и да подеси па да продолжи.

Истово го кажа и директорот на Волксваген дека ги враќаат мануелните копчиња секаде.

Дисплејот мене ми служи многу во однос на наоѓање на локација кога одам во друг град, посебно со гугл мапс кога е врзан и ми кажува точно кај да најдам нешто или пак сам си одредувам дестинација и слушам гласовна порака кај треба да свртам или да најдам паркинг.
 
Имам Пикасо со 1.4VTI, 3 литра уље на 10 000 километри, минимум! Во багажник носам 2л секогаш :( Нит е штедлив, нит сила има, така за на кратко од точка А до точка Б.
Автоматски споено мислење:

Сега прогуглав, Skyactiv! Тоа е веќе еден плус повеќе.
Продавај го шо побрзо.Не е проблем само потрошувачката на уље туку имале проблем и со ланецот.
Автоматски споено мислење:

NCAP за максимум ѕвезди воведе правилник за се што мора да биде со механичка контрола.
Под механичка контрола влегуваат жмигавците, контрола на звук, контрола на клима и светла, менувач, кваки на врати, гепек и сирена. Истите ќе може да бидат како опција и преку дисплеј/сензор да се контролираат, ама ќе мора да имаат и физичко мануелно копче со што се ограничува целосно досегашното „се во дисплеј на дланка“.
Досегашната пракса им покажала дека е проблем при возење да скролаш на дисплеј што ти го одвлекува вниманието и беше реакција на повеќето купувачи на коли дека додека вози и сака да пушти клима пример не сака да запре па да скрола на дисплеј да го најде тој сетинг и да подеси па да продолжи.

Истово го кажа и директорот на Волксваген дека ги враќаат мануелните копчиња секаде.

Дисплејот мене ми служи многу во однос на наоѓање на локација кога одам во друг град, посебно со гугл мапс кога е врзан и ми кажува точно кај да најдам нешто или пак сам си одредувам дестинација и слушам гласовна порака кај треба да свртам или да најдам паркинг.
Мене доволно ми е екран за навигација.За се друго попрактично и побезбедно е контрола со копчина.Најергономични и практични се покажаа копчината на волан. Команди на тач се само непотребно комплицирање и отргнување на вниманието.
 
Последно уредено:
Продавај го шо побрзо.Не е проблем само потрошувачката на уље туку имале проблем и со ланецот.
Автоматски споено мислење:

Мене доволно ми е екран за навигација.За се друго попрактично и побезбедно е контрола со копчина.Најергономични и практични се покажаа копчината на волан. Команди на тач се само непотребно комплицирање и отргнување на вниманието.
Јас го земав на 130000, со првиот ланец беше. Сменив се' што може да се смени.
Сега е Ок. Ќе тера уште една стоиљадарка.
Ама трики машинче е. Доказ дека и европејците можат да утупат нешто, до немајкаде.
 
sto e razlikata megu byd i ostanative cherry, mg, dfsk, dongfeng? poizvikani se byd ili? mozam da guglam ama gledam deka i tema imas otvoreno pa zatoa prasam
Кратко кажано: BYD е чекор погоре од повеќето кинески брендови како Chery, MG, DFSK или Dongfeng, но тоа не значи дека другите се лоши. Разликата е главно во технологијата, контролата на производството и позиционирањето на брендот.

Технологија е најголемата предност на BYD. BYD е еден од ретките производители што сам ги прави скоро сите клучни делови, батерии, мотори, електроника и софтвер. Имаат развиено сопствена Blade Battery технологија која е побезбедна и постабилна од другите. Во многу тестови има подолем домет и побрзо полнење од конкуренти како MG Motor.

Хибридниот систем на BYD генерално се смета за понапреден од оној на Chery. Затоа BYD често го споредуваат со Tesla.

BYD произведува голем дел од компонентите во своите фабрики, што значи: подобра контрола на квалитет, пониски трошоци, побрз развој на нови технологии.

Кинеските производители генерално се развиваат многу брзо, но BYD е меѓу најинтегрираните и најголемите.

Приближно вака изгледа рангирањето

BYD
Geely / Zeekr
Chery
MG
DFSK
Dongfeng
 
Јас го земав на 130000, со првиот ланец беше. Сменив се' што може да се смени.
Сега е Ок. Ќе тера уште една стоиљадарка.
Ама трики машинче е. Доказ дека и европејците можат да утупат нешто, до немајкаде.
Nајинтересно е шо тој мотор и 1.6THP добија во соработка со BMW.Не знам шо им требаше таков луксуз.Нивните TU бензиски мотори беа далеку поквелитетни.Ако сакаа турбо бензиски мотори можеа да се договорат со Фиат. Фијатовите турбо бензинци 1.4 се доста квалитетни.
 
Validni se poentite, najvekje taa so servisot so ogled na toa deka nova kola ocekuvas da ja vozis podolgo.

Megjutoa vo momentot koga kje gi resat ovie prasanja, cenata nema da bide tolku povolna kako sega.
Добро тука доаѓа што цениш во тоа кога земаш кола. Мене искрено ми е битно да знам каде и да сум во Европа дека имам кој да ми реши проблем, не сите Кинези имаат решение за ова. Ама тоа е затоа што проаѓам доста време во кола и на пат.

Баш вчера бев до Форд имат некој рикол на воздушни перничиња да се договориме кога да ги средат. И се распрашував за новата Куга да видам дали може да ја земам како заменско возило со цел да истестирам и да си потврдам дали квалитетот е опаднат, фидбекот што го добив беше повеќе во стил чувај Мондеото и терај.

Од кинезиве мислам дека би им дал шанса на Џили за тест драјв па ќе видиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom