The Sopranos

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Сопранови беше врвот на телевзијата.

Колку честа работа е она што опишува Тони...еден момент на јасност во нашите мисли кој потоа тешко се повторува.
 
Извадок од мојата омилена епизода, whoever did thiѕ.
Ралф поминува низ пекол, игра на зборови...затоа што Чејс низ целата серија Ралф го претставува како ѓаволот, но и тој влегува во сериозна криза по она што му се случи на неговиот син, Џастин.
Покажа искрено каење, каење за тоа каков е како личност, за своите дела, за влијанието врз средината, за тоа што беше menace to society...и го убија, окривувајќи дека ја спали кобилата...дали навистина го направи тоа? Јас не мислам така.
Ралф е убиен од повеќе причини, а една од тие е тоа што Тони не може да помисли некој да се промени за подобро, едноставно сите ги влече заедно со него, надоле.

Ралф Сифарето заврши, а со тоа и неговиот арк, не дознавме дали навистина сакаше да се промени како личност, но согледувајќи како Чејс ги има пишувано своите ликови, он самиот не верува во промена кај луѓето, веќе видено со Тони Сопрано.

Слушајќи го Aphex Twin, доаѓам до песната blur читајќи коментари гледам одјавна песна била во финалето на сезона 3(мај,2001)

Морничав избор на песна, како некоја увертира за тоа што следи во пост-9/11 свет, крајот на една ера и почеток на друга...многу позаебана.
Самата серија стана доста потемна, после случувањато од 9/11.
 
Знаеш, Квазимодо го предвидел сето ова. :D

Back
На врв Bottom