123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

046. Тоше Проески - Некаде во ноќта (1999)

Мене баш ми се допадна албумов. Голем број од хитовите на Тоше се баш од тука. Има тралалајки, да, но целосно впечатокот ми е позитивен.

4/5
 
Пак 5 дена поминаа. 04.03.2026, албум 48:

1772647731858.png

048. Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс)

1772648007125.png

Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) — македонска поп-пејачка, родена во Битола. Честопати е позната и само по името Каролина. Ја започнала музичката кариера во 1991 година со настап на месното детско шоу и продолжила да учествува во наредните години, добивајќи се со признание за нејзиниот талент. Во 1992, го издава својот прв детски албум насловен Мамо, пушти ме. Таа потпишала договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2000 година.

Дискографијата на Гочева се состои од девет музички албуми коишто опфаќаат поп, R&B, рок, традиционални фолк и етно, џез и светски музички стилови. Кратко откако го потпишала договорот со Авалон продукција, Гочева го издала првиот студиски албум Јас Имам Песна, којшто ја вклучува песната „Немир“ снимена со Тоше Проески. Нејзиниот втор, трет и четврти студиски албум Зошто сонот има крај, Знаеш колку вредам и Во заборав биле издадени во 2002, 2003 и 2005, последователно. Додека нејзините први пет албуми се претежно во стилот на поп, R&B и рок, подоцнежните издадени дела Македонско девојче (2008), Македонско девојче 2 (2014) и Извор (2018) вклучувале елементи од македонската традиционална музика и џез. Оваа промена во звукот води до зголемена популарност, широка прифатеност од публиката и распродадени концерти во Македонија, Србија и Бугарија . Нејзиниот деветти студиски албум, во сорапотка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Песни за љубов и копнеж, е издаден на 24 декември 2022. Десеттиот очекуван студиски албум е најавен како поп проект којшто е најавен со синглот „Дај на сунце“ (македонски: „Дај на сонце“) и се очекува да биде издаден кон крајот на 2024.

Ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2002 година во Талин, Естонија, со песната „Од нас зависи“ каде се пласирала на 19-то место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапува со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето. Гочева има освоено многу награди и признанија во Македонија како и другите Балкански церемонии за награди. Широко е позната како најпознатата македонска поп пејачка за што ги добива називот „македонска поп принцеза/кралица“ и „поп дива“. Иако најголемиот број од нејзините песни се испеани на македонски, Гочева исто така има издадено албуми на српскохрватски и англиски што довело до зголемена популарност во Бугарија и екс-Југословенските држави како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Покрај тоа, Гочева е позната по нејзиниот лежерен моден стил за којшто често соработува со Цаци Пакоска. Со нејзината музичка работа, Гочева придонесува во кампањи против злоупотреба на дрога и рак на грлото на матката.

Четвртиот студиски албум на Каролина, „Во заборав“, излезе на 5 декември 2005. Статусот на голема музичка ѕвезда на територијата на екс-ЈУ, ги привлече најголемите музичари и композитори на просториве да дадат свој прилог кон реализацијата на проектов: Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Бајага, Ивица Бричиоски, Џибони, Златко Ориѓански, Калиопи, Мирко Вукомановиќ, Младен Марковиќ и Весна Малинова. Српската компанија „City records“ ја издаде српската верзија на овој албум “У забораву“ на територијата на екс-ЈУ. Со над 20.000 продадени копии, „Во заборав“ е најпродаваниот албум во Македонија на сите времиња.

1. Ова срце знае
2. Умирам без тебе
3. Слатка горчина
4. Први март
5. Во заборав
6. Се лажам себе
7. Пловиме
8. Уште само еден ден
9. Љубов
10. Ружа Ружица

БОНУС
1. Kao malo vode
2. Kad mi nebo bude dom

За албумот беше снимено специјално шоу на МТВ во кое Каролина ги изведува песните од албумот во студио на МТВ. Истото може да се најде на YouTube. Заради успехот на песната „Ружа Ружица“ од овој албум, на музика на Златко Ориѓански, Каролина почнува соработка со него и следниот албум, „Македонско девојче“ го прави со него, во ист стил како „Ружа Ружица“. Подоцна, под влијание на успехот на оваа песна и песните од „Македонско девојче“ издава уште 2 албуми со ист стил на музика.

ЛИНКОВИ ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ:
1772648280214.png 1772648349540.png


Две песни од албумот ги нема во плејлистата на YouTube, можете да ги слушнете тука:
1. Умирам без тебе
2. Слатка горчина
 
Лета времето, упм, 6 дена поминале, а дека само тројца го преслушаа „Некаде во ноќта“, не ни помислив дека треба да се смени. Ама ај, ако е забаено, да не е забораено.

27.02.2026, албум 47:


047. Митан Проект - Приказна за едно моме (2009, ПРО МУЗИКА)

Прегледај го приврзокот 470905


Митан Проект е името на еден состав кој преработува традиционални македонски песни изведени од врвни инструменталисти и музички уметници, меѓу кои: Мите Димовски, Андријана Јаневска, Петар Ренџов, Дамир Имери, Ади Имери, Гоце Димовски, Газменд Бериша, Влатко Стефановски, Џијан Емин, Владимир Крстев, Иван Бејков, Трајко Симоновски и др. Албумот „Приказна за едно моме“ е нивни втор албум со 12 композиции инспирирани од љубовта, радоста и тагата. Во споредба со претходниот албум „Македонски рози“ од 2008 година, тука акцентот е ставен повеќе на традиционалната музика.

Андријана Јаневска е успешна музичарка и професор, виолинистка во МОБ и професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Преку 12 години собира народни песни од регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора во Албанија и Косово. Неодамна докторатот го изработи врз база на тоа истражување на македонската народна песна од овие региони.

ЗА ЖАЛ, ЈАС НЕ УСПЕАВ ДА НАЈДАМ WEB МЕСТО КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕСЛУША АЛБУМОТ. АКО НАЈДЕТЕ, СПОДЕЛЕТЕ.
Како албумов влегол всушност, а немало ни линк? Тие што гласале за него сега да пратат.
 

Тие што го знаат албумов, нека пишат дали песните од него се овие од плејлистата?
Бидејќи не ми се поклопуваат со песните наведени тука. Ако листата од discogs е грешна да ја игнорираме и да слушнеме од плејлистава, ако е точна листата, а плејлистата не е со песни од албумов, дали има исправна плејлиста?
 
Како албумов влегол всушност, а немало ни линк? Тие што гласале за него сега да пратат.
@Darklady инсистираше да го ставиме, затоа. Ајде, ќе се обидам некако да се дограбиме до него.
Автоматски споено мислење:


Тие што го знаат албумов, нека пишат дали песните од него се овие од плејлистата?
Бидејќи не ми се поклопуваат со песните наведени тука. Ако листата од discogs е грешна да ја игнорираме и да слушнеме од плејлистава, ако е точна листата, а плејлистата не е со песни од албумов, дали има исправна плејлиста?
Не се. Овие повеќето се од претходниот албум, „Македонски рози“. „Приказна за едно моме“ го нема.
 
048. Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс)

Според мене, ова е најдобриот поп албум на Каролина Гочева во кариерата! Скоро сите песни, речиси без исклучок, беа хитови. Скоро сите песни, речиси без исклучок, и денес звучат свежо, оригинално и модерно. Аранжманите се преубави, текстовите на песните исто така, добро е што различни автори работеле на сите композиции (и тоа какви автори!), од Дино Мерлин, Бајага, Калиопи, Џибони, Влатко Стефановски, Ивица од Ареа... Мислам дека е прав поп masterpiece албумов. Го преслушав одма уште дента кога го постирав тука и уживав во секоја една песна. Тука нема некоја да не ми се допаѓа: има такви што ми се допаѓаат мноогу, други помалку и трети што мислам дека се безвременски! Јако е што провејува духот на сите тие музичари кои работеле на албумов низ песните на истиот, па така не може да не го слушнеш Мерлин во „Во заборав“ или Влатко Стефановски во „Као мало воде“... Пре-пре-пре-убав албум! Се мислев дали да дадам 4 или 4.5, ама што го ебам, ќе го сечам!

5/5 (y)
 
Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс) - 4.5


1. Се лажам себе - Оваа ми е најмеланхолична песна од Каролина, може до мене е само, како во вртлог ми е целиот почеток и после те здрмува рефренот, многу моќно е направена. После во вториот дел “се будам во сон“ делот ми е врвот на зашеметеноста која ми ја дава песнава (позитивна секако). И после фејд авеј ли се вика ефектот кога гласот во исчезнување повторува еден збор “се лажам лажам себе“, ептен кул. И тогаш бев на впечаток дека инстант влага во уво песнава и сега сум на истото мислење, не ми е меѓу омилените нејзини, ама е топ.

2. Уште само еден ден - Прекрасна песна, боженствена... Каролинчето е створена за да си пее вакви песни, единствено пратење да е едно пиано и тоа е тоа, рајски врати отвара нејзиниот глас. Мислам дека песнава не е доволно хит колку што требаше да биде, ја имаат засенето некои песни од албумов, а е ремек дело. Интересно е што текстописец е Калиопи, идејата од нејзината култна “не ми го земај времето, времето ми е поважно од се“, ja пресликува и во песнава “казна е што е не можевме да пронајдеме време“. Мислам дека оваа ми е омилена од албумов.

3. Ружа Ружица - Најава за сите чалгиски песни што следуваа во продолжение на кариерата на Каролина, убава песничка.

4. Први март - Никогаш не ми била меѓу омилените, но доста добро прифатена од страна на повеќето. Симболички и Каролина настапува на први март, последен пат беше во Пјур во парк пред некоја година. Мислам дека кај женската публика оваа песна беше меѓу поомилените, бидеќи овие стадиуми на паралелни емоции “те сакам јас, те мразам јас, оди си“, се непознати за нас машките како поедноставни смртници.

5. Пловиме - Малку и вибрации на рок балада, нешто налик Ивана Негатив, многу убаво скоцкано песниче. Ептен позитивно песниче, мотивира, отвара хоризонти, размислувања за иднината, охрабрува кога сме неодлучни.

6. Ова срце знае - Еј ми се има смачено од песнава, не знам дали е само до мене, ова своевремено се пушташе секаде, сите радија, сите телевизии кои пуштаа музички спотови. И спотот го знам на памет, Каролинчето во лифт + покрај Рамстор, тогаш нов мол, мислам и прв затворен мол воопшто направен, 2005 година човече, сега пропаднат во голема мера мол, ама тоа за друга тема. Немам нешто против песнава, ама не можам веќе да ја слушам.

7. Љубов - Навистина не ми легна машкиот вокал во песнава, т.е. вокалот на Дексо. Некако како пародија да прави на песната, а Каролина е мелем за душа. Текстов е потценет доста, права уметност “И од небото глас, ми покажува пат, по виножито боса газам и ме крева ко бран“, а и ова “И не постои срам, нема тага ни жал, само луѓе со ведри лица, бела светлост над нас, широк ангелски глас кој не води кон Љубовта“.

8. Во заборав - Интересна песна, убав ритам, не ми била никогаш некоја од поомилените, не ми носи тежина како некои други песни од албумов, за квалитетот на албумов просек.

9. Као мало воде - Ми фали нешто во песнава, некако не влага во глава, а вака продукциски делува дека е одлична. Нешто кечи ко да фали во рефренот, може е до мене само.

10. Кад ми небо буде дом - Многу добар текст ми има песнава, браво за Џибони. "Pobrkani lonci cine svjet kume moj drzim glavu iznad mutne vode predugo", ова е нешто како “За овој свет“ во албумот на Тоше, не кореспондира со тематиката од другите песни, но мене ми се допаѓа. Не е песна што ќе е заразна и ќе допре масовно до сите, но убава песна за душа.

11. Умирам без тебе - Ако добро памтам на спотов одеше епизода од Очајни Домаќинки, серија која тогаш одеше на А1. Ми беше многу интересно во тоа време. Меѓу најнеомилените нејзини хитови лично, немам ништо против, ама ете некако најлесна, најмногу за широка маса песна ми била и не успеала да допре до мене.

12. Слатка горчина - Своевремено голем хит, малку како да ми ја имаат подзаборавено? Може сум грешка. Добра песна ништо повеќе, не ми е една од нејзините омилени, но може да си ја слушам без проблем постојано, добри спомени буди. Секако дека насловот не треба да е Слатка горчина, туку И кога лажам знај. :D
 
Последно уредено:
Веќе не кажувам колку дена поминаа. :sramezliv: Одиме со 49 албум:

1773076458637.png

049. Леб и сол - Леб и сол 2 (1978, PGP RTB)

Леб и сол 2 е името на вториот студиски албум на македонската џез/рок група Леб и сол. Албумот бил издаден во 1978 година, преку издавачката куќа ПГП РТБ, и бил реиздаден заедно со „Леб и сол 1“ во 2000 од ПГП РТС како „Леб и сол 1 & 2“.

Список на песни:
Акупунктура (4:08)
Како ти драго (3:58)
Абер дојде, Донке (4:49)
Таласна дужина (4:09)
Дикијева игра (4:09)
Узводно од туге (4:10)
Марија (6:30)
Бонус (1:34)
_____________________________
Целосно времетраење: 34:02

Постава:
Влатко Стефановски – гитари, вокали
Гарабет Тавитијан – тапани
Бодан Арсовски – бас гитара
Кокан Димушевски – клавијатури

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс)
3.5/5

Има навистина топ песни кои останале хитови и до денес и звучат свежо и модерно али има и доста подпросечни.
Автоматски споено мислење:

049. Леб и сол - Леб и сол 2 (1978, PGP RTB)
3/5

Шо знам Леб и сол и по дифолт треба нели висока оцена али реално освен Абер дојде Донке останатото ми е ОК али толку не повеќе
 
Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс)
3.5/5

Има навистина топ песни кои останале хитови и до денес и звучат свежо и модерно али има и доста подпросечни.
Автоматски споено мислење:

049. Леб и сол - Леб и сол 2 (1978, PGP RTB)
3/5

Шо знам Леб и сол и по дифолт треба нели висока оцена али реално освен Абер дојде Донке останатото ми е ОК али толку не повеќе


Потполно се слагам со двете мислења. Истите оценки и од мене.
Штета што Каролина не се ангажира повеќе и да се истакне како најдобрата пеачка од Македонија.
 
033. Каролина Гочева - Македонско девојче 2 (2016, Авалон продукција)

Според мене, ова е најдобриот македонски албум од женски вокал.
Ремек дело. Ова е еден од албумите кои секако би ги препорачала на некој од надвор. Албумот е наш македонски, а сепак звучи светски. И после 50 години ќе звучи свежо и пријатно. Безвременски.
За разлика од Ориѓански, двоецот Никола Мицевски и Валентин Соклевски многу повеќе ми се допаѓа. Од преубава лирика, (Весна Малинова и Валентин(y)), одлично аранжмански, до одличните вокални способности на Каролинчето.
Од „Кој да ми запее“, па се до „Ако згрешам нека изгорам“ нема лоша песна на албумов. Од почеток, па до крај вкусно одбрани песни, зачинети со префинетост, мекост и елеганција, во комбинација на вокалот и сето тоа поставено на преубава инструментална подлога.
Иако останувам на ставот дека Каролина е вокал за слушање, а не за гледање.:icon_mrgr:

5/5

034. Нокаут - Нокаут (1998, МЕИ Макфест / Буба Мара Продукција)


Албум прегазен од времето. Лошо, лошо, лошо.
Само заради „Би се викал те сакам“ и „Дождот“ ќе добијат 2, инаку ќе беше 1. Веројатно кога излегол (1998) звучел модерно и интересно, ама денес звучи досадно, монотоно, со текстови ко да ги пишувало некое третоодделенче, неартикулирани звуци.
Овој и албумот на Врчак дефинитивно најлоши досега (n)

2/5

035. Кирил Манчевски - Ајде сонце зајде (1975, PGP RTB)


Сосема спротивност од албумот на Нокаут. Вистинско уживање:vozbud:

Заедно со Никола Бадев се златните грла на македонската народна музика. „Абер дојде Донке“, „Јано мори, Јано“ се едни од најубавите македонски народни песни. А посебно ми оставија впечаток дуетите со Виолета Томовска.
Предизвиков е одлична можност да ги слушнеме македонските албуми, кои ретко кој ќе седне и ќе рече „ај сега ќе го слушам албумот на Кирил Манчевски, Никола Бадев и сл“, а се албуми кои и те како заслужуваат внимание, албуми кои треба да се негуваат и за да се зачуваат од заборавот. Албуми кои вриштат од македонштина и кои се слушаат за уживање.
Толку чисто, топло, меко, нежно, мило пеење, секоја чест. :cuc:

5/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom