Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
IMG-20260302-WA0084.jpg
 
Драга честит празник на сите дами од женски род, но денес сум и хумористично настроен (хе хе), па нека да знаат дека има и некој појак од нив:

Screenshot 2026-03-08 120112.png

ииииииииииииии, да не се заборави:

 
Дк
Преубаво ми е кога гледам дека уште мажите знаат да подарат цвет!
Душата ми е полна кога ги гледам дечињата како им подаруваат букет на своите мајки
 
Среќен 8 март жени!

Цвеќињата ќе свенат, чоколадите ќе се изедат па затоа ќе ви дадам неколку совети кои вие секако нема да ги послушате, а треба.

1. Нема да го смените сељакот. Ќе ве тепа, ќе пие, ќе се коцка, ќе ебе други жени. Знам дека ви е интересен, знам дека изгледа како добрата сперма за вашите деца, знам дека мозокот ви е во пештерско доба каде сабјаст тигар може да ве изеде. Во светот каде што вие сте онолку интелигетни колку што се прикажувате овие профили треба да бидат школска дефиниција за инцели. И нивната деструктивна ДНК треба да заврши со нив. Не само што нема, туку ваквите имаат многу опции и се посакувани кај жени. Доказ дека има уште многу вистинска работа што треба да се обработи, а не ретардирани срања дека феминизмот сеуште не ги остварил своите цели.

2. Непреземањето никаква одгворност и префрлањето вина на се и сешто освен на сама себе ќе ве чини многу на долг рок. Нема да научите од сопствените грешки оти нели не сте направиле никакви грешки, перпетуално ќе усерувате се и сешто во вашиот живот повикувајќи се на разно-разни изговори како victim blaming, нерамноправност на полови, хороскоп, менструален циклус и секако над се сопругот кој не се сетил дека денес е 15 месечнина од кога прв пат сте се плеснале, никогаш нема да сфатите зошто толку срања се дешаваат во вашиот живот и зошто не престануваат и траат.

3. Вашите чувства и емоции се тотално нерелавантни во реалноста и збиднувањето на нештата. Едно куче има емоции: те сака, љубомори кога ќе погалиш друго куче, цивка жално кога не си дома, ведне глава во срам кога го караш оти ти ги изгризал влечките. Донесувањето на одлуки посебно битни животни одлики само затоа што "така чувствувам дека ми е најубаво" е сигурен рецепт за пропаст. Мозокот треба да ви е примарен орган за расудување. Нема да правам така затоа што не ми е убаво или ќе правам така затоа што ми е убаво не се секогаш стаблни основи за одлучување.

4. Твое тело, твој избор. Ама ебавањето со сва и свашта на млади години а после тоа глумењето калуѓерка значи секој ден молење да не дознае дечкото/сопругот. А во време на рапидно развивање на интернет, социјални мрежи и слично тоа ќе станува се потешко. Кога не сте во сериозна врска контролирајте си ги сексуалните нагони. Знам, животот не е фер, сакате ем да се курвате ем после на никој не му е гајле за тоа ама не одат така работите. И ниски машки сакаат да бидат почесто забележувани и посакувани, па најчесто не се. А они не ни имале избор на одлука во таа ситуација.


5. Ако сакате да бидете почитувани треба да стекнете вештини што не ги поседувате што се викаат образ, чест, достоинство. Гледање да префрлиш цела работа на колега и колешка, манипулација на луѓето околу себе за сопствени цели, обвинувањето на се друго освен сама себе, лажење, емотивни уцени со плачење, коментирање позади грб на блиски луѓе, неизвинување посебно кон партнер за ова посебно постојат милион мемиња на интернет дека женко не знае за извини, барање на другиот да ти чита мисли наместо јасно и гласно дефинирање на став или што мислиш, и општо генерална подмуклост се особини што во глобала ги поседувате како пол барајќи од друга страна почит. Не дека нема и многу мажи што го прават ова. Ама од друга страна има причина зошто за сите овие работи постои терминот: ко пичка. Пример: му дадов 100 евра и сега се крие и не ми се јавува ко пичка. На работа заглавивме до касно он излезе демек требало да го носи детето на детски роденден, а после од слики дознавме дека жена му го однела а он не ни бил само за да избега од работа и да не остави на цедило ко пичка. Знам случај каде еден што го знам и раскина на девојката преку СМС и немаше машко кој не го осуди дека се испонашал како пичка. Не може да се понашаш како пичка и да бараш почит на ниво на маж. Не може да си добра со некого само кога те тапша по рамо а да го мразиш кога ти кажува работи што не се убави за слушање и да сакаш да те вреднуваат и да бидат искрени со тебе. Не може повредата на чувствата да биде побитно од аргументот.

Има и други работи ама ќе се задржам на овие.

Права жена за пример била Сирма Војвода. Живеела во крајот на 18 и почетокот на 19 век кога жената во Македонија горе-доле имала ист статус како што има жената сега во Авганистан. И покрај таквите услови не плачела ко пичка, не викала патријархатот ме ебе и е крив за се, не си ја исфарбала косата розева, не пуштила влакна под мишки (добро за ова не сум баш сигурен), не викала имам добиено, не го кривела ретрограден Меркур, не дозволила тогашните Ина Многуфина и Миа Костовска од маало да и го дефинираат гледиштето туку направила се во своја моќ да ги помине сите препреки што жена во тоа време ги имала. А биле многу. Жени не можат да бидат комити, срамота е при здрави мажи да се тераат жени да војуваат? Ме заболе пичката. Се облекла како машко, заминала во комити, се борела 22 години рамо до рамо со мажите без никој да примети дека не е машко, во време кога немало ни улошки па не рекла ни ох ни ах ни ПМС имам ни Вело мој не ми купи цвеќе за Валентајн сега ќе се понашам како сељанка со сите. Е тоа е жена бе! А тие курвите што ги следите на инстраграм се курви.

Во време на курви и феминистки бидете Сирма Војвода!

Песна за Сирма војвода​

Каде се чуло, видело,
мома војвода да биде?
На седумдесет другари,
на тие гори зелени,
на тие гори зелени,
на тие води студени.

Сирма на другари говори:
- Тоа со лутина не бива,
ќе врземе прстен на бука,
пукајте редум на нишан,
кој ќе ми прстен прониже,
тој ќе ми биде војвода.

Сите си редум пукаа,
никој ми прстен не удри,
Сирма ми вели, говори:
- Подајте ми мене пушката!
Пукна ми пушка од рака,
прстенот падна под бука.

Пак Сирма им вели, говори:
- Ќе фрламе камен, другари,
кој ќе ми камен натфрли,
тој ќе ми биде војвода,
тој ќе ми биде војвода,
на седумдесет другари.

Сите си камен фрлаа,
никој си камен не натфрли,
Сирма си камен натфрли,
десет чекори потаму.
Тогај ја Сирма избраа,
војвода Сирма да биде.


Еве и небумерска верзија за ЏенЗ

 
Среќен 8ми Март дами. Секој ден да бидете сакани, ценети и почитувани.


-не се пратило горното.

Сѐ што ми носи горчина и болка знам дека ќе помине. Од прееска правам пиши бриши. Не знам како да почнам. А во глава немам стоп. Не дека знам шо да кажам. Сржта не сакам да ја кажам. Ама тешко ми е. Сѐ помалце покажувам, зборам, ама нешто кога си носиш си носиш.
Некои работи не можам да ги прежалам.
 
ДК,
Гледам Златна Бубамара, излегува Жарко кумановецот и почна стендап точка за Груевски.
Знам дека цела кариера му се базираше на тоа, но, се прашувам до кога? 2026та година дојде, 8 години откако замина за Будимпешта и секоја година за него фори слушаме. Има ли некој кој се уште се смее на ова? Од сите случувања изминатава година, тебе хајлајт ти е Груевски...

Така некако ни изгледа и секојдневието, наместо да се фокусираме на актуелните проблеми уште има ликови на кои најголем проблем им е "Каде е и што прави Груевски"?
 
Споредбата на трагедијата во Кочани со масакрот во Крагуевац од Нацистите од страна на Џамбазов е пробивање ново дно за кое не знаев дека постои. Многу невкусно и безосетно е да рамниш трагедија со организиран геноцид, ама тоа е нивото на култура во нашето општество за жал.
 
Го спремам син ми за општински натпревар по математика. Задачиве почнуваат да стануваат: „Една топка паѓа од 12 м. висина. Д. има 12 години. Одреди го растојанието од Земјата до месечината.“

:popce:

P.S. Јас сум дипломиран професор по македонски!

:popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce:
 
Драга К

Се враќам втора смена од работа и си викам, ај да ја почастам колата со 500 денари плин, кога што да видам колони и колони на бензинските. Океу, поминав две и викам одам на ова кај што никад немало гужва, кога и таму иста приказна.
Си продолжив накај дома, не планирав да чекам ред.

Ај што сакам да паднат цените на горивата, па да се осеќате како идиоти што ги окупирате бензинските.

Вака исто правевте по маркетите, купувавте зејтин, макарони, тоалет итн па после ги фрлавте.


Што паничар од народ ќе бевме.

Да заборавив, денес баш се смеевме на работа, да објавиме оглас дека продаваме нафта, да видиме колку ќе се јават да ја купат.

Имај убава вечер.
 
Драга,

Ке ми простиш што се надополнувам со членов горе, ама така полесно се владее со глуп народ. Посебно со народ кој верува во се и сешто и во секого. Да кажат дека утре ке поскапе пченицата, ке има и тепачки за брашно.

Затоа и никогаш нема да се реши состојбата во државата, затоа што македонскиот народ е глуп и лесно подложен на манипулации. И со години бира криминалци и неспособни идиоти да ги водат нив и државата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom