Преку глава ми е од луѓе што глумат човечност/хуманост само кога ќе се вклучи некаква камера или само кога ќе се сподели.
Ќе земат 10 кеси, ќе кренат по некое шише од земја, ќе се снимаат како да спасуваат цел град, и после тоа ќе има контент од 15 минути по социјални мрежи како да напраиле некое огромно морално дело.
Ај што се лицемерни и го прават тоа за clout, многу се копиранти на западњациве... тотални копиранти 1 на 1 100%. Демек земал ќе се снима како средува некој тротоар/жардиниера или што год. Wow, големо морално дело, нема што. Автентичност 0.
Ако доброото дело ти почнува со местење кадар, вложување во професионална камера, проверка на агол како си снимен и спамање по 20 сториња, братче тогаш не го правиш тоа од човечност или совест, него од суета. Не чистиш улица зашто ти е грижа, него бидејќи сакаш да изгледаш како "совесен" пред некаква си публика. Тоа не е човечност, тоа е едноставно евтин перформанс за лајкови.
Вистински корисни луѓе не прават театар од секое добро дело. Помагаат и кога нема публика, дотолку повеќе тогаш најмногу помагаат уствари, кога нема аплауз и кога никој нема да им пише "браво". Овие другиве лицемерниве, не бараат решение за проблемот, него бараат "браво/аплауз" од опиената публика.
Чиста самопромоција, каква свест какви бакрачи. Улицата им е само позадина, ѓубрето реквизит, а хуманоста им е евтин маркетинг. Денес чистат пред камера, утре веројатно ќе најдат нов начин да се продаваат како морални величини. Манипулатори.
Ајде еве разбирам да се постира 1 слика или нешто такво... ама 50 видеа, 50 сториња, 50 слики е малку too much. На 5-6 платформи. Мислам смешно ми е што за да исчистиш безвезе некое тротоарче ти требаат 2 саати а за едитирање и менаџирање на социјални мрежи, профили и тн - дупло од тоа.
Тоа ти е слично како НВО во нашава вукојебинка... демек "шириме свест"... 35 години такви фаци шират свест на секој чекор, ама никако свеста да се прошири како што треба... "Ширење свест" е лозинка за moral virtue signaling. Не ви текнало дека уствари ширењето свест НЕ Е НАЧИН за решавање на проблемите, туку потребни се други, многу порадикални мерки ?
Мн е тажно што кај многумина добрината веќе не е карактер, туку содржина за објава. Ако некој стварно сака да помогне - нека помогне. Ама нека не ми продава филмче дека тоа е некаква голема доблест кога без камера/слики/објави/постови/социјални мрежи не би мрднал ни со прст.
Едноставно не сте свесни дека добрината како доблест тотално ја девастирате бидејќи ја претварате во шоу-програма.
Уште полошо: со ова се удира по тие што стварно прават нешто без да крекаат. Тивки луѓе што чистат пред зграда секоја недела, што помагаат на комшија, што носат храна на некој стар човек, што средуваат тротоари или дворови без да прават „прес-конференции“ и ПР стратегии, тие испаѓаат како да не постојат, пошто немаат сториња по инстаграм и линкедин. А уствари тие се тие што ја држат реалноста на нозе. Нив никој не ги тагнува, нив никој не ги снима, ама нивниот труд се гледа пошто очигледно не е дел од алгоритмот.
И да, некој ќе рече: да бе ептен си хејтер ти, они барем мотивираат други. Можеби. Ама ако мотивацијата ти е врзана за аплауз, срциња и сториња, тоа е мотивација што умира инстантно кога ќе згасне камерата. Култура е кога никој не ти гледа, а ти пак си ист во своите дела и постапки.
Па ако веќе сакаат да помагаат и шират нешто, нека ширaт одговорност: притисок за казни, инспекции што стварно работат, контејнери што не се преполни, функционални институции, урбана дисциплина, пријавување прекршоци, и секако - континуитет. Ама изгледа тоа не е секси за инстаграм и линкедин.
Може сум хејтер, ама сакам реални луѓе, реални дела, реални решенија. Без спектакл, глума и продажба на морал.