ИТ секторот и неговите проблеми, каде најмногу згрешивме и зошто работите тргнаа надолу?

  • Креатор на темата Креатор на темата ni40z
  • Време на започнување Време на започнување
За еден продукт да биде успешен, потребен е човек што добро ја разбира бизнис-гранката во која тој продукт ќе се применува. Сам програмер што развива проект без да знае каде ќе се користи, каква е бизнис-климата и која е реалната потреба за тој продукт, е исто како да игра бинго.

Ако развиваш софтвер за банки, ти треба некој што го разбира тој бизнис, некој што знае како да направи маркетинг за да привлече нови клиенти, и sales за да се продаде продуктот. За да бидеш ефективен, ти треба цел тим од луѓе што не се програмери.

Практичен пример, цените за тикетинг системите се зголемија за 200–300%, па морав подолго време да истражувам за да најдам прифатлива цена за тикетинг. Доколку постои продукт што го нуди истото по пониска цена и вклучува бесплатно воведување (onboarding), сметам дека може да се натпреварува со останатите тикетинг продукти.

На пример, SolarWinds WHD отиде од 15,000$ годишно на 35,000$. Многу компании ќе гледаат да селектираат поевтин продукт како варијанта.
Не мора софтвер за банки да биде.
За се останато постои AI :)
 
било каков комплексен софтвер бара познавање од тематиката, и тоа екстензивно. Не е ова ќе искуцаш то-до апп. Па после треба да имаш маркетинг тим за да најдеш клиенти некој да се сабскрајбне, па инфраструктура каде ќе ја ставиш апликацијата, не сум толку запознаен, сигурно има и уште многу заебанции. За да створиш нешто ти треба многу пари.
 
Нема проблем во IT секторот, само на некој слабо му оди прилагодувањето и прифаќањето на новата реалност. Проблемот е генерално во аргатскиот менталитет кај народот. Заврши факултет, најди работиче и помини го половина живот како аргат, работејќи за друг. Мочани 1000-1500 евра плата се репер дека си го достигнал врвот, сите среќни и задоволни, бидејќи "ќути, има и полошо".

Колку од вас работат на свој продукт? Колку од вас имаат амбиции и желба да развиваат и заработуваат од нешто свое?

Ги живееме најубавите времиња од научно-технолошки аспект. Никогаш сме немале повеќе можности, никогаш не било полесно да се креира продукт, нешто свое. Ако некогаш биле потребни неколку месеци и десетина програмери за да се изгради MVP, сега се потребни неколку денови (да не речам часови) и двајца програмери, од кои едниот е LLM. Жалосно е луѓе кои влегле во овие води, кои имаат пасија кон тоа што го работат, да не пробаат да изградат нешто.

Кога си опкружен со "мрмоти на лента", голема е веројатноста и ти да прераснеш во мрмот. И после немало стартапи, немало македонски продукти, unicorns... Unicorns, whaat? Проблемот е што немаме таква култура, нема примери, нема инспирација за младите и новите генерации. Дури и да проба некој нешто, веднаш е дочекан на нож.

Сите се жалат не било како порано, слабо работни позиции, криза било, ќе се свичнувале во плочкари и мајстори ако дојде нож до коска. На никој не му паѓа на памет да работи на свој продукт, да пробува, да експериментира додека паралелно работи конвенционална работа за да преживее. Тоа е тој аргатски менталитет.
И? Делот на создавање продукт е прилично лесен, така и бил од секогаш. Проблем е тој продукт да го пласираш на пазар и да стане профитабилен.

Кој ќе ти инвестира во тој продукт? Ќе потрошиш еден куп време и пари, и на која врата ќе тропнеш? Нашите најголеми "бизнисмени" се сопственици на градежни претпријатија, или нуспојави од транзицијата. Кој завртил пари од вложување во бизниси кај нас?
Можеш да продадеш готов продукт на државата? Ќе те затрупаат со бирократија и подмитување.

Немаме ни некоја ИТ визија за дигитализација, може државата сама да стимулира создавање македонски продукти, има барем во државна администрација тон работа во ова поле. На државни тендери предност да имаат македонски продукти, или да има некои даночни олеснувања. Задржи го и кадарот дома, и пласирај производи, и имај продукт кој ќе профитира, со можност за експанзија. Ама за ова требаше визија пред 15 години. И денес не е доцна.

Може некој знае повеќе да потврди, но ако сум добро упатена и банките во МК немаат сопствен софтвер, се е на одржавање во Асеко или како и да се викаше таа компанијата. Дури мислам дека и сама Народна Банка работи со нив, значи нема inhouse софтвер за менаџирање дневен промет во државата.
 
Не се согласувам со мислењето дека е премногу лесно да се седне и осмисли свој продукт во Македонија. Дури и најдобриот проект би имал загарантиран неуспех тука. Пред се најголемиот проблем се инвестициите и финансирањето. И секако менталитетот на народот, на кој му е скапо и 50 ден subscription месечно. Да не заборавиме декаи покрај страници,како купи продај, огромен број на луѓе објавуваат огласи на ФБ групи, да не зборувам за плаќањето по шалтери кога е секаде достапно електорнското плаќање.

Каде државата згреши, наместо ние да користиме странски продукти, за банки, за државни системи, едноставно државата можеше да го начека моментот пред 10-15 години, и да инвестира во наши луѓе, со крајна цел тој продукт да се продава и на други држави. Но за жал, најголем успех ни е електронскиот извод од матична книга.

Лесно е да зборуваме, види ги американците од 15 години работаат, инвестираат, се трудат затоа и успеале. Бројот на успешни проекти на луѓе кои тргнале од 0 е на ниво на статистичка грешка, едноставно тоа не функционира така во денешниот свет.
 
Кликни јади имаа години и години да се подобрат и експанзираат, е сеа тапкаа во место па ги проголта некој друг.
Ист пример може да дадеме и за балтичките земји, а каде се тие каде сме ние. Секако дека влезот во ЕУ им отвори врати за кои ние само можеме да сонуваме, но они беа поутепани од нас.
Пред некој ден читав за македонски производ, фит кит нешто така? Изгледаше, барем по насловот дека ќе се шират во Балканов.

Од почеток на годинава работиме ексклузивно со claude, значи за сапорт тикети, девелопмент ( бекенд, фронт, мобилна ). Не куцам код.
Пред некој ден ми реши сапорт таск што ќе ми требаше две недели да го решам, бидејќи ќе требаше да контактирам екстерен провајдер, да барам инфо, документации итн. Како последен обид напишав промпт опишувајќи го проблемот, дадов насоки каде да пребарува документација и за 4 мин имав решение на багот.
Да не зборам дека за девелопмент, пола од q1 сме завршиле, а не е ниту крај на Јануари.
Ќе се изретчиме, не знам само дали тоа ќе биде благослов или клетва.
Primerot so klikni jadi mi bese deka produkt ne e dovolen vekje. Wolt gi izede vo del koj nema vrska so IT, kako posledica na faktot deka se pogolema kompanija.

Ne mi bese celta da kazham deka e ne mozhes da lansiras produkt od Makedonija, ima ete nekolku primeri, nabrojani se vo temata. Tuku deka e nevozmozno e toa sto se zbori tuka, deka nekako magicno site treba da stanat pretpriemaci, da otvaraat firmi i da staneme IT powerhouse vo svetot. Brojot na takvi lugje e sosema normalen i povrzan so brojot na populacija, stepenot na digitalizacija i ekonomskiot razvoj na drzavata. Ne e stvar na kultura.

Ja ne znam so kakvi lugje rabotite, ama ja neam sretnato pomrzlivi i neambiciozni lugje od zapadnjacive u moja 10 godini kariera, ne samo IT. I pokraj toa, kaj niv ima poise produkt kompanii. Mojot gazda, generacija na tatko mi, prviot komercijalen produkt go zapocnal u 90ti. Toj gap ne se zatvara taka lesno, iako ideme nataka.

Btw, ne kucam kod racno vekje godina dena. Duri i ne pamtam od koga se iam izmaceno za nesto tehnicko zadnje vreme. Taka da ne gleam kako bi bilo ova blagoslov, zasto kad tad site kje go svatat ova :D
 
Кликни јади не беа на некоја тешка комуњара на онаа розево офарбаната што имаше малверзации со нејзината НГО што земаше пари за дресура на магариња од ФИТР?
Им се погоди корона, и веројатно токму таа лапнала некоe милионче поддршка од државата...
За да на крај останат должни на рестораните, наслушнав муабет дека имале проблеми и со плаќање на ресторани.
Тоа е се што треба да знаеме за тој "продукт".
ФИТР имавме, кои беа перална за пари.
Мислам за каква држава зборуваме воопшто. Ние не сме држава, туку феудален пашалук.

Треба да седнеме и да прифатиме дека ние не сме држава со традиција во оваа индустрија и ќе треба екстремен напор за да едноставно престигнеме некои култури кои се просперитетни во поглед на технологија со декади.
Така да, дури и да имавме држава, функционална, мислам дека би било контра интуитивно да инвестира и да стимулира технологии и софтвери.
Секако, тоа не значи дека не би успеале, туку дека многу повеќе вложувања ќе бидат потребни за да се издигнеме на едно нормално ниво.
Од друга страна, имаме потенцијал и традиција во повеќе други сектори, и сметам дека вложениот денар во нив ќе дадат далеку поголем ROI отколку софтверски решенија и софтвер стартапи, како на пример земјоделие, сточарство, лозарство/винарска индустрија, сончева енергија, органска храна и прехранбени производи и тн. Тука лежи нашиот потенцијал, и сметам дека најголем ROI би имало во овие сфери. Секако, не сум експерт по економија, ова е само лаичко мислење што го имам.

2026та ние тек воведовме дигитално "вадење" на неколку базични документи, и тоа е успех демек.

Мислам залудно збориме и сонуваме, кога 30 години уназад, кога сме биле во пелени оваа држава континуирано се пљачка и краде, неспособни без едукација ни се министри/премиери, немаат капацитет да погледнат 2 години во иднината, освен секако, за себе...
Искрено, не знам како можеме да напраиме revert/reset на тие 30 години, бидејќи тоа е бајаги време да се краде и пљачка безмилосно.

Нас родителите во рани 2000ти ни викаа "абе стани од тоа компјутерот, цел ден си на него"... за да сега имаме full circle момент, да ние на нив во старост им викаме "абе остај тоа телефонот и фејсбукот".

Освен тоа, имаме тежок upbringing баш ради тоа, 30 години сиромаштија и немање... па сега сите претприемачиња од сумљив калибар се "ВИДИ МЕ ВИДИ МЕ, ЈАС ЈАС ЈАС, НАЈДОБАР СУМ" (креиран промпт од четЏПТ) 3х на ден по социјални мрежи. Одма тука гледаш дека голем дел немаат супстанца и немаат depth.
Пошто да се биде претприемач, значи да се биде скромен и честит... а не како оној моронот CEO да сензационализираш и да шириш контроверзи, па дури и отворени провокации само за да бидеш кликнат и луѓето да дознаат за тебе и твојата"купи-продај" фирмичка, и да ренташ луѓе за 30$ на саат, а да ги плаќаш 10$, другите за тебе, како некој pimp.
 
Нема проблем во IT секторот, само на некој слабо му оди прилагодувањето и прифаќањето на новата реалност. Проблемот е генерално во аргатскиот менталитет кај народот. Заврши факултет, најди работиче и помини го половина живот како аргат, работејќи за друг. Мочани 1000-1500 евра плата се репер дека си го достигнал врвот, сите среќни и задоволни, бидејќи "ќути, има и полошо".

Колку од вас работат на свој продукт? Колку од вас имаат амбиции и желба да развиваат и заработуваат од нешто свое?

Ги живееме најубавите времиња од научно-технолошки аспект. Никогаш сме немале повеќе можности, никогаш не било полесно да се креира продукт, нешто свое. Ако некогаш биле потребни неколку месеци и десетина програмери за да се изгради MVP, сега се потребни неколку денови (да не речам часови) и двајца програмери, од кои едниот е LLM. Жалосно е луѓе кои влегле во овие води, кои имаат пасија кон тоа што го работат, да не пробаат да изградат нешто.

Кога си опкружен со "мрмоти на лента", голема е веројатноста и ти да прераснеш во мрмот. И после немало стартапи, немало македонски продукти, unicorns... Unicorns, whaat? Проблемот е што немаме таква култура, нема примери, нема инспирација за младите и новите генерации. Дури и да проба некој нешто, веднаш е дочекан на нож.

Сите се жалат не било како порано, слабо работни позиции, криза било, ќе се свичнувале во плочкари и мајстори ако дојде нож до коска. На никој не му паѓа на памет да работи на свој продукт, да пробува, да експериментира додека паралелно работи конвенционална работа за да преживее. Тоа е тој аргатски менталитет.
IMG_1026.jpeg
 
За одредени работи се согласувам, за други не.

Од технички аспект, ДА, живееме во најдоброто време во кое може да изградиш било што, дури и да не си технички поткован во секој сегмент, имаш алатки кои ќе ти помогнат. Но, од аспект на пробивање на производ на пазарот, живееме во најтешкиот период досега. Баш пред скоро правевме анализа, и дојдовме до некоја си математика дека за помалку од 10 години, B2B CPC (цена по клик) е зголемена за 170% до 300% во зависност од каналот (особено на Google и LinkedIn).

Customer Acquisition Cost (CAC) е пораснат за над 200% во последнава деценија, додека циклусот на продажба (sales cycle) е продолжен за преку 70%. Пред десет години можеше да „закачиш“ клиенти само со добар cold email, а денес мораш да бидеш присутен на сите можни канали одеднаш за воопшто да те забележат. Бројот на компании читав дека е зголемен во просек за 16 пати (во некои индустрии и многу повеќе), што значи дека не само што плаќаш поскап маркетинг, туку се бориш со едно чудо конкуренти. Помина времето кога можеше да лансираш полупроизвод со 3 функционални копчиња, а останатите 10 да чекаме да проработат.

Денес MQLs (Marketing Qualified Leads) се речиси залудна метрика, а органскиот маркетинг е на историско најниско ниво. Кога прв пат почнавме маркетингот и продажбитие беа прилично едноставнии: Ad → Landing Page → Demo → Sale. Сега маркетериве ќе ти кажат дека важи „Rule of 20“, односно потенцијалниот клиент прави и до 20 различни интеракции и проверки на разни платформи пред воопшто да одлучи да те контактира.

Можам да направам споредба за последните 6 години бидејќи повеќе време поминувам во продажба отколку во „куцање“ код, и осетно станува потешко. Маржите се сведени на минимум (во голема мера цената е падната дури и надолу, плус трошоците се драстично зголемени). Каналите кои порано беа злато, како cold calling, сега со АI-то се речиси мртви. Порано со 6-7 часа неделно интензивно ѕвонење закажував по 10+ презентации месечно. Сега, од 200 луѓе што ќе ги свртиш, едвај 20 ќе кренат слушалка, а со едвај 5 ќе направиш муабет подолг од две минути, 3ца не можеме да закажиме колку што сум закажувал самииот и тоа парт тајм дури ладам глава од код. Плус и се е некако нервозно и под притисок.

Продажбата и маркетингот се најтешкиот и најскапиот дел денес. Техничкиот дел е можеби поевтин и олеснат со новите алатки, но за возврат пазарот очекува милијарда беспрекорни функционалности и ќе те гњават со месеци пред да успееш да им продадеш било што.
 
За еден продукт да биде успешен, потребен е човек што добро ја разбира бизнис-гранката во која тој продукт ќе се применува. Сам програмер што развива проект без да знае каде ќе се користи, каква е бизнис-климата и која е реалната потреба за тој продукт, е исто како да игра бинго.

Ако развиваш софтвер за банки, ти треба некој што го разбира тој бизнис, некој што знае како да направи маркетинг за да привлече нови клиенти, и sales за да се продаде продуктот. За да бидеш ефективен, ти треба цел тим од луѓе што не се програмери.

Практичен пример, цените за тикетинг системите се зголемија за 200–300%, па морав подолго време да истражувам за да најдам прифатлива цена за тикетинг. Доколку постои продукт што го нуди истото по пониска цена и вклучува бесплатно воведување (onboarding), сметам дека може да се натпреварува со останатите тикетинг продукти.

На пример, SolarWinds WHD отиде од 15,000$ годишно на 35,000$. Многу компании ќе гледаат да селектираат поевтин продукт како варијанта.
И? Делот на создавање продукт е прилично лесен, така и бил од секогаш. Проблем е тој продукт да го пласираш на пазар и да стане профитабилен.

Кој ќе ти инвестира во тој продукт? Ќе потрошиш еден куп време и пари, и на која врата ќе тропнеш? Нашите најголеми "бизнисмени" се сопственици на градежни претпријатија, или нуспојави од транзицијата. Кој завртил пари од вложување во бизниси кај нас?
Можеш да продадеш готов продукт на државата? Ќе те затрупаат со бирократија и подмитување.

Немаме ни некоја ИТ визија за дигитализација, може државата сама да стимулира создавање македонски продукти, има барем во државна администрација тон работа во ова поле. На државни тендери предност да имаат македонски продукти, или да има некои даночни олеснувања. Задржи го и кадарот дома, и пласирај производи, и имај продукт кој ќе профитира, со можност за експанзија. Ама за ова требаше визија пред 15 години. И денес не е доцна.

Може некој знае повеќе да потврди, но ако сум добро упатена и банките во МК немаат сопствен софтвер, се е на одржавање во Асеко или како и да се викаше таа компанијата. Дури мислам дека и сама Народна Банка работи со нив, значи нема inhouse софтвер за менаџирање дневен промет во државата.
За одредени работи се согласувам, за други не.

Од технички аспект, ДА, живееме во најдоброто време во кое може да изградиш било што, дури и да не си технички поткован во секој сегмент, имаш алатки кои ќе ти помогнат. Но, од аспект на пробивање на производ на пазарот, живееме во најтешкиот период досега. Баш пред скоро правевме анализа, и дојдовме до некоја си математика дека за помалку од 10 години, B2B CPC (цена по клик) е зголемена за 170% до 300% во зависност од каналот (особено на Google и LinkedIn).

Customer Acquisition Cost (CAC) е пораснат за над 200% во последнава деценија, додека циклусот на продажба (sales cycle) е продолжен за преку 70%. Пред десет години можеше да „закачиш“ клиенти само со добар cold email, а денес мораш да бидеш присутен на сите можни канали одеднаш за воопшто да те забележат. Бројот на компании читав дека е зголемен во просек за 16 пати (во некои индустрии и многу повеќе), што значи дека не само што плаќаш поскап маркетинг, туку се бориш со едно чудо конкуренти. Помина времето кога можеше да лансираш полупроизвод со 3 функционални копчиња, а останатите 10 да чекаме да проработат.

Денес MQLs (Marketing Qualified Leads) се речиси залудна метрика, а органскиот маркетинг е на историско најниско ниво. Кога прв пат почнавме маркетингот и продажбитие беа прилично едноставнии: Ad → Landing Page → Demo → Sale. Сега маркетериве ќе ти кажат дека важи „Rule of 20“, односно потенцијалниот клиент прави и до 20 различни интеракции и проверки на разни платформи пред воопшто да одлучи да те контактира.

Можам да направам споредба за последните 6 години бидејќи повеќе време поминувам во продажба отколку во „куцање“ код, и осетно станува потешко. Маржите се сведени на минимум (во голема мера цената е падната дури и надолу, плус трошоците се драстично зголемени). Каналите кои порано беа злато, како cold calling, сега со АI-то се речиси мртви. Порано со 6-7 часа неделно интензивно ѕвонење закажував по 10+ презентации месечно. Сега, од 200 луѓе што ќе ги свртиш, едвај 20 ќе кренат слушалка, а со едвај 5 ќе направиш муабет подолг од две минути, 3ца не можеме да закажиме колку што сум закажувал самииот и тоа парт тајм дури ладам глава од код. Плус и се е некако нервозно и под притисок.

Продажбата и маркетингот се најтешкиот и најскапиот дел денес. Техничкиот дел е можеби поевтин и олеснат со новите алатки, но за возврат пазарот очекува милијарда беспрекорни функционалности и ќе те гњават со месеци пред да успееш да им продадеш било што.
Не се бара од никој да креира софтвери за банки, enterprise продукти, B2B или којзнае какви продукти кои ќе ја променат економската слика на државата, ниту па мора продукти за македонски пазар, туку ни требаат многу примери, многу мали успешни и неуспешни bootstrap приказни кои ќе бидат инспирација за некој. Потоа, со тек на време, природно ќе си испливаат на површина и визионери кои ќе направат посериозен успех.

Образовниот систем ни е конципиран за масовна продукција на аргати. Млади талентирани луѓе излегуваат од образовни институции технички спремни, но сепак осакатени, со суптилно наметнат mindset "каде да се вработам", наместо "како да заработам" и "каков продукт да креирам".

Ни требаат луѓе кои во појава на нова технологија како AI, ќе гледаат како на gold rush момент и бизнис можности, како да ја искористат за да заработат, да креираат нешто, а не првично да им создава страв дека ќе ги замени, ќе изгубат работно место или дека масоните сакаат да ги заглупават и контролираат.

Ни треба менталитет кој на постови за MRR/ARR ќе гледа како инспирација и brainstorm материјал, а не "види го бе, копиле, јавно се фали". Жалосно е во 2026, државно вработување и плата од 500 евра сè уште да е атрактивна опција за млади луѓе.

Тежок бил маркетингот и пласманот на продуктот. Тежок е за сите, но сепак постојано се појавуваат нови кои успеваат.
 
Пак ќе повторам, се согласувам дека ни фали во културата и менталитетот и дека ни требаат повеќе бизнис ориентирани луѓе. Се согласувам и дека може да се пробијат алатки, ама дека е лесно, или дека тие што се имаат пробиено се пробиле лесно, со тоа не се согласувам.

Не знам дали си пробал, или само слушаш и читаш како луѓе пробиле продукти, ама ако имаш твој продукт/фирма, баш ме интересира со која стратегија сте го пробиле и кога?
 
Не може ти да продуцираш таков кадар од факс, кога самите факултети немаат никакви финансии за R&D. Не може да бараш иновативност кога не ја поддржуваш на никаков начин, цели 12 години од задолжителното образование и следни 4 во додипломските. А каде се понатака сериозни истражувања и иновации деливирани од магистери и докторанди? Ние продуцираме аутпут на хартија, чиста теорија.

На Финки решававме интеграли долги 10 страни, а практична примена на интеграл, што пресметува, кај се користи, 3д визуелизација, никаде. За истиот концепт учиш на црно-бела фотокопирана копија од англиски учебник стар 10 години, пошто нашиот професорски кадар не издава сопствена литература, не може да се замара со тоа. На најдобриот технички факултет во државата. ( Кој патем нема(ше) ни зграда, просториите што ги користевме на ТМФ беа со 1-2 штекери, не може ни со лаптоп да седнеш да работиш ). Немаше интернет ни по студентските домови, т.е некое типче препродаваше дсл интернет, од 19 навечер до полноќ гугл не се отвараше, не па нешто друго.

Немаш грантови за истражувања, за проекти, за иновации. Како студент, посебно па ако не си од Скопје, ти треба финансиска сигурност за да може да влегуваш во такви авантури. Нормално дека секој гледа да се вработи, бидејќи не сака да биде финансиски товар на домашните во ионака слабата домашна економија.
Немаме студенски кредити, немаме финансирања на студентски проекти, немаме интердисциплинарна соработка меѓу факултети.
Колеги со кои разговарам тука ( во Шведска ) на факс работеле на проекти на кои ни наш професор не може да стигне да работи, бидејќи ги нема условите за тоа.

За некој да иновира, мора да има сигурност. Капитал, финансии, можности. Даночни олеснувања, владини програми, асистенција од научна фела. ( зборам општо за иновација, не само за стартапи, но се пресликува и тука ).
Едноставно не може без посериозни инвестиции во образованието да се очекува ништо повеќе, сржта на иновацијата е образованието.
Кај нас 20 години не можат да спремат програма и учебници за основно и средно образование, а ние очекуваме да сме хаб на иновации и стартапи на балканов.
 
Не ја хејтај книгата по Калкулус, таа е една од најдобрите книги на ФИНКИ :D.
Уствари, тоа што на ФИНКИ се учи од странски (амерички) книги е една од најдобрите работи таму. Баш во таа книга по Калкулус имаше еден куп примери за тоа што уствари значи извод а што интеграл. Не знам дали имаше програмерски предмети каде што директно се користеле овие работи, ама мене примерите од таа книга уште ми се врежани во главата.
За разлика од тоа, во средно имаш Македонска книга каде што лимесите, изводите и интегралите се опишани на толку високо ниво, како целна група да се луѓе на докторски по математика, а не средношколци. И после се чудиме зошто децата се учат како да решаваат, наместо како да применуваат.
За другото се согласувам.
 
Пак ќе повторам, се согласувам дека ни фали во културата и менталитетот и дека ни требаат повеќе бизнис ориентирани луѓе. Се согласувам и дека може да се пробијат алатки, ама дека е лесно, или дека тие што се имаат пробиено се пробиле лесно, со тоа не се согласувам.

Не знам дали си пробал, или само слушаш и читаш како луѓе пробиле продукти, ама ако имаш твој продукт/фирма, баш ме интересира со која стратегија сте го пробиле и кога?
Никој не рече дека е лесно, таман работа. Мене акцентот во муабетот повеќе ми беше околу културата и менталитетот, отколку навлегување во технички детали, бидејќи техничиот дел е доста субјективна работа, има многу променливи тука, многу фактори, различен пристап од продукт до продукт.

Ако твојот или мојот продукт/стратегија/пристап не вродиле со плод според очекувањата, не значи дека за Трајче ќе биде истото, и дека не треба да проба. Ете ќе земам некој пример, некоја идеја, да речеме систем за букирање термини за фризерници. Некој ќе се убие од пари трошење на PPC кампањи, некој ќе го скрејпа Централен регистер и директно outreach-не потенцијални клиенти for free.

Јас сум пишувал ботови за француски и германски социјални мрежи (dating ниш), кои автоматски лајкуваат профили и симулираат активност. Секој лајк генерира нотификација, што ги мотивира корисниците да го отворат бот-профилот, каде во bio имам поставен линк. За други проекти (на времето) сум користел clickjacking за раст на Facebook страници и промоција. Пред неколку години, со еден пријател имавме продукт кој решаваше одреден проблем во e-commerce ниш. Го креиравме без некоја посебна стратегија како ќе го маркетираме, бидејќи некогаш јасно гледаш дека има потреба за нештото. Гледаш по коментари, постови, едноставно има побарувачка. Буквално коментар по коментар да одиш, човек во човек да контактираш, ќе има некој успех.

И еден куп други примери. Поентата ми е дека нема некоја сигурна стратегија, проверен step-by-step процес, кој сигурно дава посакуван резултат за било каков продукт. Трендовите се менуваат од месец за месец, особено сега. Некогаш е потребно да се импровизира. Пробивањето е доста субјективна работа, има тука доста влијание ad copy, value proposition, pricing стратегија, пристап при cold outreach, дали е B2B или B2C итн.

Еве, веќе некој период работам на два различни B2C проекти. Двата во иста област, но различно конципирани. Едниот како headless CMS со повеќе sub-продукти, секој со свој LP, сите автоматизирани и менаџирани од едно место. Вториот е некоја комбинација од повеќе бизнис модели, и е малку посериозен. Вториот од старт ќе биде со referral програма, а подоцна веројатно и affiliate. Ќе се креира еден органски distribution канал со малку поширок ниш од проективе (веројатно на неколку платформи), каде подоцна ќе се пласираат продуктите. Секако не бега и paid ads. Ова некоја default стратегија, која секако ќе биде и ad-hoc проширена.

Не може ти да продуцираш таков кадар од факс, кога самите факултети немаат никакви финансии за R&D. Не може да бараш иновативност кога не ја поддржуваш на никаков начин, цели 12 години од задолжителното образование и следни 4 во додипломските. А каде се понатака сериозни истражувања и иновации деливирани од магистери и докторанди? Ние продуцираме аутпут на хартија, чиста теорија.

На Финки решававме интеграли долги 10 страни, а практична примена на интеграл, што пресметува, кај се користи, 3д визуелизација, никаде. За истиот концепт учиш на црно-бела фотокопирана копија од англиски учебник стар 10 години, пошто нашиот професорски кадар не издава сопствена литература, не може да се замара со тоа. На најдобриот технички факултет во државата. ( Кој патем нема(ше) ни зграда, просториите што ги користевме на ТМФ беа со 1-2 штекери, не може ни со лаптоп да седнеш да работиш ). Немаше интернет ни по студентските домови, т.е некое типче препродаваше дсл интернет, од 19 навечер до полноќ гугл не се отвараше, не па нешто друго.

Немаш грантови за истражувања, за проекти, за иновации. Како студент, посебно па ако не си од Скопје, ти треба финансиска сигурност за да може да влегуваш во такви авантури. Нормално дека секој гледа да се вработи, бидејќи не сака да биде финансиски товар на домашните во ионака слабата домашна економија.
Немаме студенски кредити, немаме финансирања на студентски проекти, немаме интердисциплинарна соработка меѓу факултети.
Колеги со кои разговарам тука ( во Шведска ) на факс работеле на проекти на кои ни наш професор не може да стигне да работи, бидејќи ги нема условите за тоа.

За некој да иновира, мора да има сигурност. Капитал, финансии, можности. Даночни олеснувања, владини програми, асистенција од научна фела. ( зборам општо за иновација, не само за стартапи, но се пресликува и тука ).
Едноставно не може без посериозни инвестиции во образованието да се очекува ништо повеќе, сржта на иновацијата е образованието.
Кај нас 20 години не можат да спремат програма и учебници за основно и средно образование, а ние очекуваме да сме хаб на иновации и стартапи на балканов.
Со многу работи се согласувам, за жал така е, образованието ни е далеку од тоа што треба да биде. Гледав имаше некоја најава за отворање на некаков мултифункционален научно-технолошки парк, кој наводно ќе бил приоритет за годинава. Не сум некој оптимист околу тоа, но ќе видиме што ќе испадне.
 
Никој не рече дека е лесно, таман работа. Мене акцентот во муабетот повеќе ми беше околу културата и менталитетот, отколку навлегување во технички детали, бидејќи техничиот дел е доста субјективна работа, има многу променливи тука, многу фактори, различен пристап од продукт до продукт.

Ако твојот или мојот продукт/стратегија/пристап не вродиле со плод според очекувањата, не значи дека за Трајче ќе биде истото, и дека не треба да проба. Ете ќе земам некој пример, некоја идеја, да речеме систем за букирање термини за фризерници. Некој ќе се убие од пари трошење на PPC кампањи, некој ќе го скрејпа Централен регистер и директно outreach-не потенцијални клиенти for free.

Јас сум пишувал ботови за француски и германски социјални мрежи (dating ниш), кои автоматски лајкуваат профили и симулираат активност. Секој лајк генерира нотификација, што ги мотивира корисниците да го отворат бот-профилот, каде во bio имам поставен линк. За други проекти (на времето) сум користел clickjacking за раст на Facebook страници и промоција. Пред неколку години, со еден пријател имавме продукт кој решаваше одреден проблем во e-commerce ниш. Го креиравме без некоја посебна стратегија како ќе го маркетираме, бидејќи некогаш јасно гледаш дека има потреба за нештото. Гледаш по коментари, постови, едноставно има побарувачка. Буквално коментар по коментар да одиш, човек во човек да контактираш, ќе има некој успех.

И еден куп други примери. Поентата ми е дека нема некоја сигурна стратегија, проверен step-by-step процес, кој сигурно дава посакуван резултат за било каков продукт. Трендовите се менуваат од месец за месец, особено сега. Некогаш е потребно да се импровизира. Пробивањето е доста субјективна работа, има тука доста влијание ad copy, value proposition, pricing стратегија, пристап при cold outreach, дали е B2B или B2C итн.

Еве, веќе некој период работам на два различни B2C проекти. Двата во иста област, но различно конципирани. Едниот како headless CMS со повеќе sub-продукти, секој со свој LP, сите автоматизирани и менаџирани од едно место. Вториот е некоја комбинација од повеќе бизнис модели, и е малку посериозен. Вториот од старт ќе биде со referral програма, а подоцна веројатно и affiliate. Ќе се креира еден органски distribution канал со малку поширок ниш од проективе (веројатно на неколку платформи), каде подоцна ќе се пласираат продуктите. Секако не бега и paid ads. Ова некоја default стратегија, која секако ќе биде и ad-hoc проширена.

Со многу работи се согласувам, за жал така е, образованието ни е далеку од тоа што треба да биде. Гледав имаше некоја најава за отворање на некаков мултифункционален научно-технолошки парк, кој наводно ќе бил приоритет за годинава. Не сум некој оптимист околу тоа, но ќе видиме што ќе испадне.
Горе-доле пристапот ни е сличен, само што со скрејпањето сме ограничени во однос на тоа до каде можеме да одиме како компанија.

Имаме и платени реклами како додаток на дел од социјалните/професионалните мрежи, плус Newsletter кој им се праќа преку е-маил, плус и алатки кои се користат генерално за маркетингот (Canva, AI алатки, сервис за мејлови, автоматизација на LinkedIn, дополнителни domaini, проксиња, Linkedin Sales Navigator, Apolo, dialer-i, и слично). Кога ќе се соберат сите овие трошоци, излегува солидна сума која мора да се потроши секој месец, плус време и плати за тие што го прават. Затоа и спомнав дека е далеку од лесно, или пак ефтино.

Што се однесува до нашиот Б2Б продукт и сервисите, сум задоволен од напредокот. Меѓутоа, имам инвестирано и во производ кој го развиваме со партнери (производот е и за двата пазари, Б2Ц & Б2Б). Делот за Б2Б почнува да се движи полека, додека другиот дел (Б2Ц) е прилично слаб. И тие корисници што ги имаме се повеќе главоболка отколку ќар. Постојано им даваме промоции, па заради Х причини барања за refund, нон стоп истиот јузер го гледаш дека прави trial акаунти, нон-стоп замаранции со customer support и мејлови, и барем од досегашното искуство, десет пати би помислил пред да инвестирам во Б2Ц во иднина.

Инаку продукти што не ги ни бројам се интеграциски плагини и модули, такви имаме направено прилично многу, и скоро сите имаат/или имале корисници додека ни биле под одржување. На овие можевме да направиме повеќе пари, ама тогаш бев апла зафатен, и немав време да ги рекламирам. Денес ваквите веќе не се ни интересни, со no-code/low code платформите веќе има голем дел готови темплејти, или пак едно чудо народ што може да им ги сетира за едно чоколадо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom