Се повеќе Кинески брендови на автомбили во Македонија, дали вреди да се ризикува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Trolejbus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.823
Поени од реакции
8.355
Што мислите за големиот замав на Кинески брендови во Македонија? Дали вреди да се купи Кинески автомобил и колку се чека за делови и сервиси пошто ќе зависите само од овластениот сервисер. Дали постои можност да останете бе сервис доколку брендот што сте го одбрале не се продава доволно и компанијата затвори?

За сега се продаваат следниве Кинески брендови во Македонија: Баик во Чилаз, групацијата Донфенг (Forting, Aeolus, DFSK) во ABC Brother, Чери и МГ (не знам зашто МГ ги викаат Кинези, кога се Британци со Кинески газди) во Мида, GWM во Толту Моторс, Skywell во АвтоМакедонија, Geely и Lynk & CO во Делфино, доколку сум пропуштил некој бренд, дополнете. Во Србија ги има плус и Чанган и BYD. Во кина има преку 150 различни брендови на коли, не ми е јасно како се исплати толку различни брендови да постојат, јес да се милијарда ама пак, кај нас веќе има преку 8 бренда, многу брзо може да се засити пазарот.

Од поевтините коли се Аеолус со Шајнот и Мејџот и тие веќе почнуваат доста да се гледаат по улиците, коли со соилден мотор од 200 коњски сили и одлична опрема за 20 000 и 25 000 евра, Чери исто така имаат доста добра понуда, поготово Аризо 8 кој за 24 000 евра добивате лукузна лимузина, но каков е квалитетот? Од поскапите Кинески коли се Линк анд Ко, но и тие веќе се забележуваат по Скопје, значи некој пукнал 50 000 евра на Кинеска кола...
 
Јас земав нова пред 5 години, Форд, следна нова здравје за некоја година ќе биде кинеска дефинитивно, за помалце пари нудат многу повеќе. А со оглед што е растечки пазар во иднина мислам дека и сервис и подршка ќе има се поголема за кинеските модели.
1772714194835.png
најверојатно секоја втора кола у иднина ќе е кинеска
 
А што па Шкода, Фиат, БМВ и остало друштво да не се со 100% доживотна гаранција?
Јас кога сега би купувал сигурно би бил кинез.
Од проста причина што кинезите одат напред, а рестото од светот назад.
Пежо пред 30 години има дупло поквалитетна изработка од Пежо сега.
Пластика, не споредувај, лимарија исто, само електроника имаат додадено и тоа килаво 1.2 л моторче. Штедат на се', патосници, даска на багажник..... основни работи опции ги направија.
Кинезот за тоа е фер.
 
Уште еден коментар, коа гледав коли влагам у ново VW Polo, цената беше нешто под 20000 €, внатре ко да сум влегол у југо. За тие пари сега имаш кинеска лимузина внатре е ко спејс шатл.
 
Кинеска кола нема што нема внатре за ептен мала цена, па ако споредиш со другиве што нудат ептен се понапред. Баш како што рече другаров пред мене, во Поло нема ништо за 20.000 а овој во кола од 18.000 ми дава и дисплеј во кола и се.

Само не би купил барем сега кинеска кола од 3 причини.
Првата е што од Кина купувам еден куп работи преку Тему, половина од тоа што е дојдено не е она што е рекламирано, а животниот век му е значително помал од тоа што би го купил од регуларна продавница.
Конектор за повеќе УСБ портали земав, по 2 месеца самиот почнува да ми ги гасне и пали глушецот и тастатурата. Отидов од Сетек земав еве го една година тера да не го подречам. Разликата у цена 400 денари.
Ако е ризик да земеш нешто со толку мала цена што можеш одма да го фрлиш и да речеш шо го ебам, за 15.000 - 20.000 евра не би рекол дека така ќе ти биде реакцијата.
Градбата на електрониката внатре е со послаб квалитет од градбата на европските коли, и до сега што следам најмногу замерки на коливе има за лоша инсталација на електрика внатре која предизвикува споеви и оштетувања па не ти работи дисплеј или светло додека не го замениш кабелот внатре(плус и дека лошо се смирисувале внатре, ова додека не видам не тврдам).

Втора работа можност за сервисирање на возилото и резервни делови. Тие што имаат американски коли знаат како е да шеташ од мајстор по мајстор па кој иде до грчка да земе нешто. Плус овде се работи веќе за возило што не се сервисира кај боле мајсторот. Никој овде нема работено кинеска кола и колку ќе се нафатат да ја прават. Внатре има електроника до пичку матер, а сервис официјален од кинезите уште е под формата „имаме 1 ама е за цел балкан“, во меѓувреме имаме соработка со тие носи ја кај нив, па чекаш па ќе видиме.

Третата е што вредноста на тие коли значително побрзо опаѓа од вредноста на европските коли. Посебно со тоа што имаат преку 60 продавачи на различни коли, не знаеш која ќе згасне за 2 години и колку време ќе остане поддршката со резервни делови.

Кинеска кола во игра за мене лично ќе влезе по најмалце 10 години. Сакам да видам друг да ги вози, да ми рече другар кинезов го земав еве го тера ништо гајле нема 7-8 години го возам. Да видам кинеска кола да не рѓосува сама по себе на металот.
 
10 години се малку многу, ама на сите би им препорачал, не прва серија, не прв увоз.
Додуша тоа не е само за кинеските коли.
 
Штом последниве 3 зими цепаат на -35 тука и на последнава зима со рекордни количини снег не се покажаа ништо полоши од Европските/Корејсите/Јапонските брендови.
Има доста добар избор за доста при солидни пари. Зависи сепак во Македонија какви цени ќе има.

BYD е најпопуларниот ама и Geely се многу многу квалитетни.
 
Geely даваат 4 години гаранција ако не се лажам, Донфенг даваат 8 години на мотор и мењач 5 години на се друго, така да зимаш да речеме џип Мејџ за 25 000 евра со 200 коњаки сили и фул опрема и имаш 8 години гаранција на мотор и мењач и 5 на електроники и остали заебанции што не е малце.
 
Geely Monjaro доста го експлотираат тука. И со оглед на тоа какви зими имаат, многу добар. Зависи од која година секако. Секоја година се подбри се. Интериер исто така е топ.
Lynk & Co 05 е добра опција. Создаден е за европскиот пазар. И е на Гели. Во соработка со Волво се возилава.
Geely Tugella е исто добар сув. Изгледот е многу сличен на БМВ.

Мене последно време на Hongqi hs5 ми паѓа око и најверојатно ќе биде во плановите за пазарење наредна година. Тоа или Mazda CX-5 само со новиов рестајлинг.
 
Ja bi razmislil za DFSK 500, mene mi izgleda kako soliden izbor za gradsko vozilo, definitivno podobar od evropski i japanski vozila od toj cenoven rang (konzervi 1.0 i 1.2 so 3 klipa, kinezot 1.5 16v MPI e mashina za niv).
 
Јас земав нова пред 5 години, Форд, следна нова здравје за некоја година ќе биде кинеска дефинитивно, за помалце пари нудат многу повеќе. А со оглед што е растечки пазар во иднина мислам дека и сервис и подршка ќе има се поголема за кинеските модели.
Прегледај го приврзокот 471420
најверојатно секоја втора кола у иднина ќе е кинеска
Како некој што е сопственик на 2 форд мондеа, 2001ва генерација и 2015та генерација кое после фејслифтот во 2019та го укинаа, тврдам дека тоа беше последната добро направена кола.

Претходниот пат бев до Форд да земам АБС сензор, ја гледав Кугата искрено со ништо не ме воодушеви. Ништо специјално а цена во ранг од 40 илјади. Ако се зима на лизинг у опасна зона се бидејќи со мала месечна разлика влегуваш во зона на Шкода што според мене нудат повеќе квалитет, ако е некој за втора рака малку возени возила тогаш ооогромна е понудата во тој ценовен ранг.

Со тоа се сведува моментот на вреди ли да се купи нешто од среден ранг од европа, кога кинезите го прават тоа доста поевтино. Од друг момент, купивме кинески автобуси и видовме како се заврши :unsure:

Единствено на Џили им верувам од кинезиве и тоа бидејќи доста време се сопственици на Волво па делат платформа со ХЦ 40ката.
Од друга страна од Азија, Хонда и Мазда ти се непогрешливи, посебно Мазда со новиот дизајн и новите мотори мислам дека ги шие сите, само кога би имала знакче Ауди напред на хауба ќе беше најпродавано возило на Балканов
 
А што па Шкода, Фиат, БМВ и остало друштво да не се со 100% доживотна гаранција?
Јас кога сега би купувал сигурно би бил кинез.
Од проста причина што кинезите одат напред, а рестото од светот назад.
Пежо пред 30 години има дупло поквалитетна изработка од Пежо сега.
Пластика, не споредувај, лимарија исто, само електроника имаат додадено и тоа килаво 1.2 л моторче. Штедат на се', патосници, даска на багажник..... основни работи опции ги направија.
Кинезот за тоа е фер.
Пежо,Рено и Цитроен во однос на електрониката тапкаат во место цели 30 години и сеуште го држат првото неславно место по најлоша авто електроника во светот.Што се однесува до каросеријата сега е далеку подобра од порано во смисол поцврст е лимот а не како на старите Цитроени хартија,подобра заштита од корозија посебно кај Пежо 206 кој има поцинкувана и ХДИ 1.6 а посебно ХДИ 2.0 како и 1.5 и 1.9 дизелите на Рено се трајни и докажани на терен додека бензинските на Пежо,Цитроен се тапа за разлика од оние на Рено 1.2,1.6 и оние бензинските од Рено 25 кои поминуваа без проблем 1 милион км без отварање.
 
Како ќе расте бројот на кинески автомобили на улиците, така ќе расте и наивна цена.

Моментот е сега, да се биде еден од пионерите и да се ризикува, или да се чека 4-5 год и да се оди на сигурно - но по друга цена.

Иста ситуација беше и со Киа кога влезе на пазарот. Сега ценовно е скоро рамо до рамо со европските автомобили. Поефтина е, но не значително

Ретко кој автомобил од 2020та па навака би се сервисирал во локална гаража, освен овие што се градски автомобили. Премногу електроника, специјални алати за дијагностика, комплицирани менувачи и мотори... се со цел да се ограничи купувачот на официјален сервис и да плаќа премиум цени.

Единствена разлика кај кинезите би била достапност на делови кои не се во редовни сервиси - како каросериски делови и слично. Ако ти се деси сообраќајна незгода, ризикуваш неколку месеци без автомобил.
 
Кинеска кола нема што нема внатре за ептен мала цена, па ако споредиш со другиве што нудат ептен се понапред. Баш како што рече другаров пред мене, во Поло нема ништо за 20.000 а овој во кола од 18.000 ми дава и дисплеј во кола и се.

Само не би купил барем сега кинеска кола од 3 причини.
Првата е што од Кина купувам еден куп работи преку Тему, половина од тоа што е дојдено не е она што е рекламирано, а животниот век му е значително помал од тоа што би го купил од регуларна продавница.
Конектор за повеќе УСБ портали земав, по 2 месеца самиот почнува да ми ги гасне и пали глушецот и тастатурата. Отидов од Сетек земав еве го една година тера да не го подречам. Разликата у цена 400 денари.
Ако е ризик да земеш нешто со толку мала цена што можеш одма да го фрлиш и да речеш шо го ебам, за 15.000 - 20.000 евра не би рекол дека така ќе ти биде реакцијата.
Градбата на електрониката внатре е со послаб квалитет од градбата на европските коли, и до сега што следам најмногу замерки на коливе има за лоша инсталација на електрика внатре која предизвикува споеви и оштетувања па не ти работи дисплеј или светло додека не го замениш кабелот внатре(плус и дека лошо се смирисувале внатре, ова додека не видам не тврдам).

Втора работа можност за сервисирање на возилото и резервни делови. Тие што имаат американски коли знаат како е да шеташ од мајстор по мајстор па кој иде до грчка да земе нешто. Плус овде се работи веќе за возило што не се сервисира кај боле мајсторот. Никој овде нема работено кинеска кола и колку ќе се нафатат да ја прават. Внатре има електроника до пичку матер, а сервис официјален од кинезите уште е под формата „имаме 1 ама е за цел балкан“, во меѓувреме имаме соработка со тие носи ја кај нив, па чекаш па ќе видиме.

Третата е што вредноста на тие коли значително побрзо опаѓа од вредноста на европските коли. Посебно со тоа што имаат преку 60 продавачи на различни коли, не знаеш која ќе згасне за 2 години и колку време ќе остане поддршката со резервни делови.

Кинеска кола во игра за мене лично ќе влезе по најмалце 10 години. Сакам да видам друг да ги вози, да ми рече другар кинезов го земав еве го тера ништо гајле нема 7-8 години го возам. Да видам кинеска кола да не рѓосува сама по себе на металот.
Validni se poentite, najvekje taa so servisot so ogled na toa deka nova kola ocekuvas da ja vozis podolgo.

Megjutoa vo momentot koga kje gi resat ovie prasanja, cenata nema da bide tolku povolna kako sega.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom