Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
па како може да знае краен купувач колку платил за царини? Пишува на фискалната у Волмарт колку царина плаќаш? Тоа му пишува на увозникот. А ти таа царина ја плаќаш преку повисоката цена. Затоа крајните купци не можат да направат поврат сега на тие 170 милијарди. Трамп ќе мора само на увозниците да им ги врати парите назад.
Ако корисникот веќе ја платил цената за продуктите што се повисоки, нема што увозникот пари да бара назад. Не е ова нуклеарна физика.
 
^^ A сепак некои „глупаци“ ги откупуваат хипотетичните враќања на тарифите, 30-40 центи за долар. Се прашувам зошто. :)
 
Не кажа да може да се одгледа без повраќање и дијареа (дали е „гледлив“)? ;)
Го немам гледано. Сега слулајно на страницата на Кајгана имаше статија за 10 најпиратирани филмови и овој е на 10то место.
Името ми привлече внимание и решив да го изгледам трејлерот.
И сфатив дека доста е. Исто како да го изгледав филмов.
Заради ефектите и малце ради причата би го гледал да видам дали мене ќе ме дирне пропагандата дека америте се најпаметни и единствени доараснати да не штитат сите нас останати од секакви катастрофи.
Иначе не приметив многу нетфликс детали освен дека ете има некој мал процент на малцинства што вреди да преживеат.
 
пљачка ви праат Јузе, пумпаат само ќеш, а вие се радувате на некои да речам глупости :kafence:

Остави го нека се радува, златното доба на Америка штотуку започна.

Типот ужива во привилегија во каква што уживале само поданиците и следбениците на Бенито Мусолини и Адолф Хитлер низ 1920-те и 1930-те години.

Можеби нема ни да биде меѓу живите кога ќе дојде цехот за наплата, па нека си ужива таму. Ние обичните смртници ќе си трпиме тука на Балканот и ќе се надеваме дека ќе умре комшијата за да му ја украдеме козата, за разлика од порано кога се надевавме дека на комшијата ќе му умре козата.
 
Веќе се гледа ефект, тарифите функционираат како што треба.

Ова е листа на компании што веќе се враќаат или сериозно размислуваат за враќање.

Се покажува точна изјавата на трамп „Можам човек да убијам на сред улица, Јузе и понатаму ќе ме подружува“.
Најбрз и најдобар начин да се реши трговски и буџетски дефицит е да се девалвира валутата, што е докажано низ историјата. САД не сака тоа да го стори да не ја загуби доминацијата на доларот. Барем засега, но на крајот ќе мора (како на пример во 1929 година).
Втор начин е да се субвенционира домашното производство (во комбинација со делумно затварање на домашниот пазар) со ефтини кредити, но постои опасност од инфлација, треба тоа стручно да се направи.
решавање на вака огромен проблем само со воведување на царини не е можно. И тоа времето ќе го покаже. Иако, овие нови царини од 15% за сите држави имаат поголема логика од претходните кои дозволуваа заобилоување преку трети земји. Иронично, но Кина е во добивка затоа што имаа царини над 15%, а ЕУ, Мексико и Канада под тоа ниво, а сега сите имаат исто. А Кина има поевтини производи кои сега стануваат уште поконкуренти.
Царините Трапм ги користи како политичко оружје, така да не треба да се очекува намалување на дефицитите, ни поголемо враќање на индустријата, погон овде, погон таму не менува ништо.
 
Да беше тоа така, одамна ќе бев регистриран републиканец. Не сум член на ниту една партија. Ако дојде демократ што прави работи корисни за мене, моето семејство и заедницата, ќе гласам за него. Моментално, Трамп е единствениот што покажува барем два грама здрав разум меѓу политичарите. Тоа што на форумов се шират пропаганди, а јас се обидувам да објаснам како реално стојат работите во САД, не значи дека го бранам Трамп.

Дефицитот е само еден од проблемите, не и единствениот. Најголемиот проблем е одливот на талент и индустрија надвор од САД, што на долг рок (10–20 години) ќе биде катастрофално. Трамп не функционира во вакум, целиот негов тим го дели истото мислење.
 
Мала шега нашинец. Ти најдобро знаеш што ти одговара. Работата е што САД се голема држава и голема економија па проблемите се прелеваат на остатокот на светот. Мене ме загрижува можноста да дојде до криза или крах кој ќе дојде и кај нас. Добро се знае дека најбогатите 1% (се надевам дека си близу) немаат гајле, ние овде ќе го кркаме.

За тоа и зборувам. Царините сами по себе нема да ги решат проблемите. Не е работата дезинформација туку основна економса аритметика. Да се зајакне индустријата и многу мерки кои не гледам дека се преземаат. Се е адхок и од денес до утре
Кога се потпушуваа оние големи договори за безцарински зони, со канада, мексико, ЕУ, јапонија итн, бизнисот тоа го имаше во предвид кога планираше идни инцестиции. Се калкулираа цени, добавувачи на материјал, се димензионира производството, колку машини да се набават, какви кредити да се земат. Хоризонтите се различни за различни бизниси, но има сигурно долгорочни проекти кои траат со децении и кои имаат поврат на инвестиција после 10 или 15 години. И сега одеднаш преку ноќ, не важи тоа, имаш царина. Се паѓа во вода. Тоа не е сериозно.
Има уште една работа, а тоа е дека вишоците на извозниците, од КИна, Јапонија, Германија, Кореа и помалите, во најголем дел се пласираа во САД. На берза за обврзници, акции, се купуваа долари, недвижности. На основа на тоа америка има, да видеиме само до кога, голема можност да живее од рента.
 
Последно уредено:

Не „копчам„ една работа...
Од „нашата земјата„ се отселуваат по светов, ама знаеме каде.
Сите наши соседи се „празнат„, и кај нив има отселување...знаеме каде.
Велиш и од САД кадрите се отселуваат?
Каде?...Кое е тоа место на Земјава кое прима кадри од цел свет па и од САД?...
 
Уште многу имам до 1%, засега едвај топ 5%, ама се работи на случајот.

Тие договори за безцарински зони беа поволни за политичката класа, не за работниците. Затоа и го избраа Трамп, двапати. Живеење од рента не е долгорочна стратегија. Кога ќе го изгубиш производството, го губиш и leverage-от, а тој leverage исчезнува веднаш штом производителите добијат подобри понуди на друго место.
Не „копчам„ една работа...
Од „нашата земјата„ се отселуваат по светов, ама знаеме каде.
Сите наши соседи се „празнат„, и кај нив има отселување...знаеме каде.
Велиш и од САД кадрите се отселуваат?
Каде?...Кое е тоа место на Земјава кое прима кадри од цел свет па и од САД?...
Имаше некој кажано "Engineering talent follows factories. Always." што е многу точно. Во случајов од САД одат во Тајван (TSMC), Кореа (Samsung), Холандија (ASML) и Јапонија.

Единствената добра работа што ја направи Бајден беше CHIPS Act, што дава поттик производителите на fabs (чипови) да се вратат во САД.
 
HB2i6RlbMAA8hlY

Автоматски споено мислење:

На муабетот за фабрики што се враќаат назад. Веста е од пред 2 саати.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom