Ама се залагаш Македонија да пропадни.
Во меѓувреме за татарстан не ти е гајле иако татарстан има пута 80 проблеми поќе од нас, но не сум го видел роден ил било кој друг џупак овде (а ги избегнувам) да се залага за пропаѓање на тоа дувло.
Ако некој критикува не значи дека (по)малку го сака ова парче земја.
Започнавме со губење на градови, па потоа и на цел регион. Странски знамиња, институционална двојазичност, немакедонски празници, квоти за вработување...ние на хартија сме класична федерација. Дополнителен аргумент кон ова е двојното мнозинство за одредени измени во законските регулативи, што се пркоси со основните демократски начела каде мнозинството одлучува.
Секоја власт прави се повеќе и повеќе отстапки, носи погрешни одлуки и политики и се вади на грешките од претходната гарнитура.
Културата ни тапка во место. Еве и археолошките локалитети, со децении стојат како проекти, се работи кога ќе добијат некој грант или донација. Работата е сезонска, точно, но мора да имаме континуитет. Културолошки шок ќе биде ако дневниот програмски сервис не е покриен со сто синхронизирани турски серии.
Мора да ни стане јасно, ние сме држава која умира, од година во година станува се постара и постара нација. Губиме се повеќе и повеќе првоодделенчиња. Периферните градови ни се празнат, Скопје одамна е епицентарот на сите случувања во државата (а има и решение ова да се промени). Државата ни тоне во долгови, а реформите во сите сектори чекаат со години.
Секоја власт ветува правда и правдина, а останува со куси ракави затоа што тоа било надлежност на обвинителството! Реформа со судското и никогаш да немало.
И нема да навлегувам со критика на демократската догматика, како слободата на медиумите и владеењето на правото затоа што е клизав терен односно се варијабли кои не секогаш ја намифестираат реалната состојба.
Буџетот од година во година е поголем, а со тоа и јавниот долг. Трошиме пари кои ги немаме, и не само што ги трошиме, лошо менацираме со истите. Наместо да се насочат кон капитални инвестиции, насоката е тендерско богатење на фирмите блиски до другарчињата кои се на власт. Без тие кредити нема да има плати и пензии, нема да има кој да ги гласа, нема да има власт.
Џабе го тупиш, навистина сме утепани и не само го главните категории како најлошо здравство во Европа и еден од најлошите образовни системи во Европа, туку и во култура, наука, спорт и економија. Социјалното прашање е заразно, никој не сака ни да го отвори, а претходната власт само го продлабочи овој проблем.
И ете, продолжи да спиеш на летната тераса во зимскиот сон како се е супер, притоа за сѐ криви се малцинствата, странските агенти, надворешните патролни политичари и луѓето од сенка кои ни ја водат државата и немој никако никогаш да ги преиспиташ своите политички одлуки.