Па Клиперс не е ниту Атлетико Мадрид

Ко за Гетафе да навиваш во Мадрид, можеби и полошо. Ко Гостивар кога го донесоа од Гостивар да игра во Скопје и некој од Скопје да почнеше да навива за нив за 10 години од сега.
Проблемот со Клиперси е што не се тим од ЛА. Почнале во Бафало, па се преселни во Сан Диего и после за поголема популарност франшизата била префрлена во ЛА. Доаѓаш во место каде што веќе постои клуб и тоа еден од двата најтрофејни во лигата, да не речам најпопуларниот. Ти си екипа без никаков успех, не знам кој локалец би навивал за тебе.
Неисе

Омилените тимови во фудбал горе-доле ми се одбрани како сплет на околности во годините кога сум почнал да пратам фудбал. Секогаш бирав тимови што се при врвот, ама не се најјаки, али поважно ми беше да одам контра другите од друштво

Како мал ги сакав Јунајтед ради Кол и Јорк, ама ради другарите од друштво пичнав да навивам за Арсенал во Англија, особено заљубен во Анри. Јуве ради Зизу и Дел Пиеро, контра на друштвото кое навиваше за Милан, Интер (тогаш ради Роналдо) и Лацио кој беше ултра популарен тие години (Филе торлакот го промовираше највеќе). Шалке во Германија контра Баерн, после и ради пријателството со Комити.
Ситс овие ми се најсимпатични во соодветните лиги, али од странство секогаш највеќе сум навивал/навивам за Депортиво. Зошто? Затоа што беа класични underdogs. Ги тепаа јаките, а немаа некои преголеми ѕвезди во тимот. Плус јака атмосфера во тимот.
Во Македонија, пораснав со ЈСП/Славија Пржино, утакница не пропуштав како дете, ме носеа и по тетовските села со играчите во бус. Вардар ми стана омилен клуб откако потпораснав, нормален избор за секој скопјанец, плус тогаш беше етничката омраза на највисоко ниво, мораше да станам Комита во тие години

После тоа гледате како се одвива таа приказна...
Е сегаааа, каде е Клиперс во ситуацијава.
Ги одбрав во 90-тите дека беа убедливо најслаби. Прво имав еден албум НБА 96-97 во кој на Клиперс најмала страна им беше отстапена. После ги играв на НБА изданијата од крајот на 90-тите дека беа најдрва. Највеќе го сакав Оловоканди

После со Елтон Бренд во екипа повеќе ги засакав. Па Сем Кесел, Бајрон Дејвис и дојдоа годините на Лоб сити каде што финално се приврзав за тимот и ги пратам редовно. Цело време ги држи клетва со повреди, инаку ќе имаа подобри резултати со сигурност. Константно ги пратам, ако ништо сруго хајлајтси, читам извештаи и слично.