Имав тема спакувана од почеток за точациве али ми ја земаа, сега да не ја тупиме по сто пати.
Моето контроверзно мислење е дека Македонците не заслужуваат самостојна држава.
Не зборам општо како народ, сепак сме посебен народ и парче земја али не заслужуваме самостојност, со распадот на Југославија ние имаме најмногу изгубено. Зашто? Па од сите екс ју земји денес ние сме последни, тука негде со БИХ и кај и да е претркани од едно Косово.
Ние сме биле последни и за време на Југославија, пата-пата позиција со Црна Гора. Косово тука не го рачунам. Босна и тогаш била пред Македонија. Значи тука има нула промена.
Имав тема спакувана од почеток за точациве али ми ја земаа, сега да не ја тупиме по сто пати.
Моето контроверзно мислење е дека Македонците не заслужуваат самостојна држава.
Да почнеме од 1991, Македонците се едиствен народ што добиваат држава на тацна, сите други ја плаќаат во крв. Гага држава, и како се што е гага не се цени и буквално е третирана како малска курва, да ја искористиш и да ја фрлиш на улица па кој ќе и се качи следен негов проблем.
Не знам што толку има платено во крв Словенците. Впрочем и истите Словенци ги имаа украдено и целите девизни резерви и направија банкарски измами на излегување. Истото важи и за Црногорците. Не знам кое крвопролевање они го видоа.
Единствените кои се бореа беа Хрватите, Босанците и Србите и тоа сепак беше сведено на паравоени мафијаши да ограбуваат и да убиваат.
Имав тема спакувана од почеток за точациве али ми ја земаа, сега да не ја тупиме по сто пати.
Моето контроверзно мислење е дека Македонците не заслужуваат самостојна држава.
Сме добиле најдобар старт од сите екс ју држави но на првата препрека како нова самостојна држава,
Апсолутно не, ова не знам како може некој и да дојдеш до овој заклучок.
- Прва работа, инфаструктурно сме биле комплетно зависни од оската Север - Југ. Ниту денар не би вложен за поврзување со Бугарија и со Албанија, ниту пак имало и добро поврзување со Црна Гора и Хрватска преку Косово. Србија била тогаш под ембарго, Грците ни ставиле ембарго. Шах мат ситуација.
- Економијата 45 години била градена да биде еден интегрален дел од Југословенската економија, но и уште позафркнато за нас, ние сме биле примарно економија која придонесувала со суровински материјали кон остатокот од Југославија.
- Крајот на 70тите и почетокот на 80тите била направена катастрофална грешка со тоа што парите за инвестирање во економијата биле потрошени на топилници. На краток рок, донело зголемување на БДП, али истите индустрии биле неодржливи зошто зависеле целосно од надворешни фактори.
Повторно најдобриот старт го имала прво Словенија зошто за соседи ги имале Италијанците и Австрија, па потоа биле Хрватите и Србите.
Имав тема спакувана од почеток за точациве али ми ја земаа, сега да не ја тупиме по сто пати.
Моето контроверзно мислење е дека
Македонците не заслужуваат самостојна држава.
а тоа е ембаргото од Грција да поклекнеме во рок од 1-2 години и во 1994/95 да прифатиме ФИРОМ и промена на знаме во замена за прекин на ембаргото од Грција. Иначе многу е интересно дека и ова било предлог од евроспките држави како Франиција и Велика Британија а и дека Грците воопшто не биле за овој предлог на почеток, слично ќе се повтори и во 2018 за името и за Бугарскиот договор, по исти темплејт сите овие договори, предложени од вавилноските курви од Европа а нашиот противник демек не е задоволен од предложеното
Значи после само 4 години од самостојност ние идеме со главата надоле затоа што несакаме да дадеме жртва, со надеж дека некој од страна ќе дојде и ќе ни ги реши проблемите затоа што ние сме неспособни.
Ова е примарно зошто Македонија ја водела комбинација од партиски полтрони и тајна полиција. Огромен дел од нив немале никаков план ниту од Југославија да излагаат. Се што ги интересирало било Жени. пиење и кафани. И позициите на таа клапа ги наследија нивните деца, па денеска и нивните внуци.
Ниту имале план да градат независна држава, ниту пак имале амбиции. Едноставно луѓе со никаков капацитет, или сосема погрешни капацитети ( тајна полиција) непланирано станале власт и они еве 35 години не знаат што да прават со таа власт. Единствено што им е важно е да не ја изгубат власта, зошто таа им е единствениот начин како да стигнат до жените, пиењето и кафаните.
Потоа доаѓа 2001, каде уместо да се запалат селата со се терористите па да не им текне друг пат да креват рака ние повторно со Охридскиот договор главата у песок ја бутаме со надеж дека ете, сега конечно ќе не биде и ќе одиме напред. Згора на се терористите ги ставаме во парламент уместо да се скријат у некоја дупка, како врв на срамот и неспособноста на политичарите. Страв и трепет од НАТО, да не бомбардиараат и у Скопје како на Србија.
Иако тоа би било мала цена да се плати ако тоа би значело чистење на орките али Македончето одма ја бута главата у песок, нејќе да даде жртва за ова парче земја.
Потоа си продолжува се по старо, не дека до пред 2001 цветале рози, се крадело и тоа како, империи прават одредени личности што сега се милионери со бизниси огромни али после 2001 полека старите комуњари искачаат од возот и доаѓаат сега некои нови дечки што тек треба да се богатат.
Тоа се нормално Груевски, Мијалков, Заев, светото тројство на апаши и душмани на оваа држава. Мијалков не знае кое Ферари да го провози низ Монако денеска, Груевски си живее како господин у Будимпешта, децата му се милионери. Заев ако беше милионер пред да дојде на власт сега само он знае каква пара има. Да не зборам што ни збор нема да биде осуден како велепредавник што ја продаде Македонија со помош на странски служби.
И доаѓаме до 2026 кај што повторно се во игра некои нови дечки што тек треба да се богатат. И така во круг и у круг се додека и последниот Македонец не се исели или умре у говна и ѓубре што сега со новиот градоначалник еднаш неделно ќе биде собрано, најчесто. А можда и не.
Истиот одговор како што е горе. Едноставно во 90тите испаднло дека Југославија се распаѓа дефинитивно и ние треба да бидеме независни. Македонија немала ниту војничка ниту економско/индустриска елита. Едиствено што сме имале била една доста скромна интелектуална елита, на која полицијата брзо и ја скроила капата. И после го имаме тоа што го имаме сега. Џандарска држава со комплетно потчинети партиски робови.
Главна карактеристика на полициски држави е стабилност, посебно политичка стабилност. И ако Македонија има една одлика овие 35 години тоа е дека е комплетно политички стабилна држава. Каков било обид да се наруши оваа политичка стабилност секогаш е спречуван со максимална суровост.
Што е нзс на сите овие случувања? Народот. Народот Македонски. Тие политичари не паѓаат од небо, од народот искачаат. А народот како и секогаш ја бута главата у песок и се надева дека некој друг ќе му ги реши проблемите. Зашто он да иде на протест за воздухот кога кај и да е ќе влеземе во ЕУ па Ханс од Германија ќе дојде и ќе ни каже како треба. Ханс нема проблеми дома, чека Македонија да му чукне на врата.
Македончето уместо да излезе на протест, да гори и парламент и влада што името и коренот му се менува оно твита. Пишува на фејсбук. Оваа апатија не зима сила, силата е веќе земена, возот веќе полека ги напушта шините, али слетувањето ќе биде се освен комфорно.
Ваков апатичен народ не заслужува држава и во новата историја може и прв да ја изгуби.
Народот не ја буташе главата во песок во 90тите. Ниту пак ја буташе главата во песок во 2000тите. Целосната апатија помеѓу народот е појава по мое мислење од 2018 навака. А политичарите дефинитивно паднаа од небо ( ако под небо ги подразбираме полициските структури) ниту Бранко, ниту Љупчо ниту пак плејадата на други изникнати како печурки "политичари" проникнаа од народот тука беа инсталирани.
Еве да се направи малце ретроспектива:
- Никола Кљусев од една страна и МААК од друга страна како претставници на скромното интелектуално Македонско крило беа маргинализирани од политичкиот живот по кратка постапка од страна на полициските структури, До 92/93 веќе беа комплетно неважни.
- Киро Глигоров посебно по обидот за атентат беше целосно исконтолиран.
- Петар Гошев и Тупурковски какви и да беа, ги шуткаа лево десно и веќе до негде 2000 година и они беа комплетно маргинализирани.
- гг Михаил умре
МТВ ја уништија. МАНУ го срозаа. МПЦ е компетно импотентно под Стефан. Се што остана е семоќното МВР, Судот и Обвинителство. Што сакаш да прави народот, паралелна држава? Дека реално тоа е и единствената опција, разбирање дека ова не е наша држава и дека треба да се прави нова.