Секоја година организацијата за Куп треба да ја земаат градовите надвор од Скопје, како што се Куманово, Кавадарци, Битола итн, сали каде што има простор да дојдат повеќе навивачки групи. Намерно не ја спомнувам Гевгелија, затоа што години уназад, стално мака се мачело да дадат карти ако Кожув е во полуфинале или финале, со изговор дека нема место.
Организационо годинава највеќе се потфрли во однос на греењето, каде што на првата утакмица на МЗТ против Работнички во сала беше камен ладно, нешто недозволиво ако си веќе организатор. Не ми е јасно како кога ја реновирале салата, најбитната работа не ја средиле првично, а тоа е обезбедување на греење.
Во однос на интересот, капа доле, без разлика дали публиката е едуцирана кошаркарски или не (зборам за обичните гледачи), нема поубаво нешто кога е полна сала, и има интерес за карта повеќе. Во време кога кошарката е во огромен пад, само вакви настани можат да дадат надеж дека има шанса да се вратат некои стари денови.
Се на се, одлични три дена.