Кобе, готово е веќе, не се замарам толку со тоа дерби. Важно е секогаш, но нема да биде пресудно за освојување ма титула, како во 21/22 или како што симболички на вас ви беше важно пред две сезони, кога не тепавте на Сан Сиро.
Да ги тргнеме на страна работите за кои нема да се сложиме, и кои секако ги гледаме навивачки, па на крај секогаш се завршува со пцуење и навредување (а сега и немам мерак да се докажувам), дури и Интер да не победеше, шансите на Милан ќе беа мали.
Но, вака со -8, па и -5 да е (иако натпреварот во среда е се, само не лесен) премногу е и готово е, посебно ако се знае дека Интер ги има натпреварите со Наполи и Јувентус позади себе, а Милан ќе треба да гостува во Наполи, а да го пречека овој многу незгоден Јувентус (се виде и вечерва колку можат да се добри). И плус, што исто така е важно, Интер не губи бодови, со протовници од кои Милан губел или може да изгуби.
Милан после дербито треба да игра со Наполи, Јувентус, Аталанта. Значи, после дербито треба да има неколку бода предност, за да има што да "стопи" до крај, да направи пресврт од негатива е еднакво на чудо.
А и таа низа со добри резултати во дербито веќе е предолга, особено за клуб кој во тој период е полош во домашно напреварување и во Европа од конкурентот.
Милан е сега на 84 бодови, тоа е титула во ланската сезона. Ја "утнавме" сезоната.