Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 26: @Mud - Македонците не заслужуваат самостојна држава)

Македонците не заслужуваат самостојна држава!

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
лозјето е релативно незахтевно у споредба со ниви садење да речеме. Ние конкретно го баталивме пошто сите одоколу се откажаа и нашето лозје беше мета на врапци, мечки и што се не. Народот се префрли на хемија од кавадарци место да прави свое.
Нема есап за 15 ден/кг...ако ти е за своја душа може ама ако немаш друга работа. Проста математика....3 декари што се околу 1000 лози има кроење двајца два дена или по 5 ден од лоза 5000 ден, врзување10 дневници, прскање 5 дневници, копање 8 дневници и берење 5 дневници. Ќе најдеш 6 тона, пута 0,3 евра тоа ти е 1800 евра. Минус дневниците све ти е ќор дал слеп земал. А за да биде трагедијата уште поголема климава е катастрофа за овошје у Македонија...50/50 дека ќе најдеш нешто.

Ако произведуваш грозје за јадење, асталско и ако имаш систем капка по капка и ти се работи тогаш ќе вадиш нешто....1/10 од мајстор за плочки да речеме, што е пак нешто.
 
Па ради таа математика све се распадна и сега увезуваме све од Албанија, Србија и Турција.
 
Големо За.

За жал имам ембарго за купување на книги, така, нема да можам да се засладам на актуелните попусти, дел базирани и на Валентајн.

Меѓутоа маркетинг стратегијата како "божиќната потрошувачка треска" или "велигденската манија", се добри и за економијата, па и за подновување и разубавување на домот. Не мора да се чека црн петок, гараж сејл, отворање на нова продавница или промоција, каде просечниот граѓанин може да си приушти и нешто повеќе од основната потрошувачка кошничка.

Сега, ова не го пишувам од аспект на верник, затоа што не сум, го пишувам од аспект на потрошувач. Друга работа, поволните цени, за време празниците, граѓаните можат да си дозволат поголема, побогата, трпеза.

Американците си го одбележуваат Денот на независноста со пикник, скара и огномет. Ние тоа го имаме за Први мај, иако треба да биде и ден кога се протестира, може да биде и симболично, за подобрување и унапредување на правата на работникот. Ама и оваа тредиција згаснува. Претежно сме затворени во домот, дневната рутина дома-работа - дома, негираме засивност од социјални мрежи, и имаме летаргичен пристап кон прошетките во природата, каде сме сведени на најатрактивните локации во околина на главниот град, Водно, Матка и Градски парк.

Од она што доследно се прославува од година во година, се неколкуте карневали, како Вевчанскиот и Струмичкиот, што останаа доследни на традицијата.

Можеби граѓанинот е уморен, можеби недоволно богат, можеби и двете, за ваквите подвизи, ама дефинитивно го немаме западниот пристап за празнувањето. За тоа говорат и недостатокот на јавни настапи, каде сведени само на организирана прослава за Нова година на Градскиот плоштад.
 
Дедо мраз не е за да се продавала кока кола на запад, туку е персонификација на сатаната изведена од окултната сатанистичка елита за да го направат приемчив кај децата и истите да го слават сатаната за Божиќ, а не Христа.
Валентин е педерски празник за жени и машки лигуши и папучари, нема врска со христијанството, напротив абоминација е на верата.
Комерцијализација е за стадото овци и крдото свињи да трошат пари на небитни работи и да се оддалечат од правата религија. Идолопоклоници, кои ништо не разбираат. Не ни требаат тие сатанистички практики од сатанистичкиот запад во Македонија. Ама народот е глуп и се копира.
 
Отследив неколку луѓе кој ги поштував (до денес) на Инстаграм. Оти споделуваја слики за валентАјн.
 
Прво да кажам дека не сум верник, за да може да ми се сфати перспективата. Со тоа кажано, ја сум да избереме лента на терање, што сакам да кажам со тоа, Хелуин не се покрива со никој адетско-христијански празник, нека го има, маскембал е, но не може човек да се води и тупа у гради македонски христијанин а да ми празнува Валентајн, има твој празник тој ден и тоа е тоа. За Дедо Мраз ко маскота сум ок, само треба во еден момент на децата да им се објасни од кај доаѓа Дедо Мраз, т.е. дека е Св. Никола.
 
Нема длабоки корени, никој не се замараше со Св.Трифун додека не почна да се одбележува Валентајн, тогаш го прочешлавме календарот и најдовме дека имаме и ние празник на тој датум. Не е дека не постои како празник, туку секогаш бил еден од помалите празници, и да не се совпаднеше со оваа увезена традиција од странство, никој немаше да му обраќа многу внимание. Православниот календар има празници секој ден. Во кавадаречко можеби има подолга традиција, никаде на друго место во МК.
Јас мислам дури обратно, сега се занемарува Св Трифун. Порано ми текнува стари луѓе обавезно коментираа, (некои Трипун викаа), а за Валентин не ни знаеа. Дедо ми обавезно одеше на лозје. Сега не е празник од типот на Божиќ и Велигден, ама дефинитивно не бил некој што не го знаеле.
 
Македонците историско преживувале од две работи: овци (видливо уште во Мариово иако сите расселени, тие што се останати уште чуваат овци) и лозје.
Сигурно дека чекале Трипун.

Ко че го слушнам изговорот валентајн ми се гади од пети. Ептен лигушки и не океј.
Автоматски споено мислење:

Ако немаш лозје не мора да го чекаш Трифуна.
Ама да се брукаш со Валентајн е нареден левел на бламажа.
 
Ама да се брукаш со Валентајн е нареден левел на бламажа.
Супер си е валентајн, што му фали. Си излегуваш со девојката, и купуваш цвеќе, чоколадо, седнуваш на романтично местенце со вино и добра вечера...

Сега знам дека кај тебе има други компликации, не се знае кој купува цвеќе и чоколадо, па може да дојде до незгодни ситуации во кои и двајцата се појавувате со истото чоколадо па потоа се расправате кој треба да ја плати вечерата... ама тоа не е причина да не го сакаш празникот :cautious:
 
Такви расправии да му се смачи на човек, чоколадото низ гз да му излезе..... буквално :icon_lol:
 
Супер си е валентајн, што му фали. Си излегуваш со девојката, и купуваш цвеќе, чоколадо, седнуваш на романтично местенце со вино и добра вечера...

Сега знам дека кај тебе има други компликации, не се знае кој купува цвеќе и чоколадо, па може да дојде до незгодни ситуации во кои и двајцата се појавувате со истото чоколадо па потоа се расправате кој треба да ја плати вечерата... ама тоа не е причина да не го сакаш празникот :cautious:

Не се прај многу интересен. Или лут си дека не ти ја ебам темата? Немам ништо против љубовта ама вакво лигавење е толку туѓо за нашето општество и менталитет што нема збор да се опиши.
 
Немам ништо против славење Валентајн, сум славел години наназад и секако ми е ќејф да излезам на вечера и некоја чаша вино во некој убав ресторан, па уживам во тој момент од празникот. Ама многу сум некреативен во избирање поклони, па тој дел ми правеше многу притисок порано, бидејќи едноставно кога си во врска со некој 10+ години, си го извртел секој можен поклон и изборот станува се помал и помал. Среќа пред некоја година се договоривме да не си купуваме веќе поклони за овој празник. :D

Сепак, од друга страна, како поминуваат годините, така се повеќе сметам дека треба да си ги чуваме и нашите празници, бидејќи таа комерцијализација која ја прифаќаме од западот, не тера да си ја заборавиме традицијата. Трифун можеби бил заборавен во поголемите градови уште години наназад како што спомна Ио погоре, ама дефинитивно се славеше во деловите од земјава каде што луѓето се занимаваат со лозарство. И тоа не е само во Тиквешијата, туку скоро цел југоисточен регион од Македонија.

Како дете со татко ми и чичко ми одевме секоја година на лозјето да "зарежиме" по некое гранче. Знам дека се поливаше црвено вино и осветена вода на тие корени што се зарежени, па традиционално палевме оган и се вртеа колбаси на скара. После тоа тргнав на факутет, па на работа и ете сигурно има 10-15 години како не сум бил со нив.

Ама, како што спомнав погоре, во последно време имам некое чувство дека ја губиме традицијата, па така годинава се договоривме да ги дружиме со сопругата. Ќе одиме утре, ќе сецнеме некоја гранка, ќе испиеме по некоја чаша вино и сигурен сум дека ќе им го направиме ќејфот максимално на татко ми и на чичко ми. Па наредно здравје ќе гледам да бидам слободен и за гроздоберот, бидејќи и таму немам присуствувано бар 4-5 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom