Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 26: @Mud - Македонците не заслужуваат самостојна држава)

Македонците не заслужуваат самостојна држава!

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
На секоја тема даваше драматична сугестија за степенот на досада, а сега се испичка!

Brink Wuss GIF
 
Нема да чекаме сто години да се решите. Те тагнаа мислење да напишеш, не да ни даваш апдејти кога си во Охрид, кога во Прилеп. No one cares. Цел ден мислење думање, па ја предава палката на друг...

@Saladin, ти си на ред. Ако не можеш кажи, ќе одиме со друг.

Анкета од предходното мислење.анкета 23.jpg
 
Но, иако чест фетиш, многу забораваат дека еџинг не е контрацептивно средство наспроти популарното мислење, еџинг често води до pre cum, и, уште една контроверзна тема, се забременува од истата. Владе така се фатил, затоа е сега таков едвај доволен, проѕирен и подмукол. Во вашите краеви го викаат Еџо.

Ова би било прекрасна тема. :pos:
 
Пробавме ама не оди, морам да интервенирам:

Контроверзно мислење бр.24: комерцијализацијата на празници е добра работа и треба да ја практикуваме.

На запад, некои празници како Божиќ или Св. Валентин се комерцијализирани до степен во кој духовниот аспект е потиснат на сметка на комерцијалниот. Св. Никола стана Дедо Мраз за да се продава кока кола зимно време. Разменувањето на подароци како Божиќна традиција е вистински економски двигател. Американците трошат околу 800 милијарди долари за време на празниците што има значителен импакт на економијата. Божиќ е толку комерцијализиран што во декември го одбележуваат луѓе кои вооопшто не се христијани, како фамилијарна традиција на купување и размена на подароци. Тука го избегнувам зборот „слават“ затоа што не се работи за религија туку за причина за шопинг. За Валентајн се продаваат чоколади и вино, потребна е резервација за да се седне на некое романтично ресторанче и се нуди посебно специјализирано (и поскапо) мени.

Значи има повеќе еконoмија од да му ја јадеш туршијата на комшијата и да пиеш сам дома. :cautious:

Ова ќе изнервира 4-5 души на форумoв (кои и онака се нервираат цело време) но западот е едноставно подобар во одбележување празници, знаат како се прави тоа и време е да научиме нешто.
 
И треба да се практикува. Иако можда духовно не е во ред, ни сме главно далеку од духовното.
Случајно се најдов во Љубљана за вакви празници. Милина, празник за очи и душа, дијазепам за нерви.
Без оглед на комерцијализацијата (као и со пивски фестивали, се трошат пари али народ е задоволен, ужива), ако тоа те натера бар малку да заборавиш на сивилото, сум за.
 
Јас сум за празнување на празници, и придавање значење на таквите прослави. Божиќ, Бадник и Велигден ми се најубави празници и сакам да купувам подароци тие денови. Не мора да е нешто скапо, ама нешто симболично и скромно да.

Сепак правам разлика меѓу нашите празници и тоа што го викаш комерцијален бран. Не го сфаќам целосно концептот на Св. Валентин кај нас. Мислам дека ние треба да си славиме Трифун, кој има длабоки корени во нашата традиција. Ниту пак го сфаќам Halloween, едноставно не ми е дел од ова поднебје. Ама ако младите се среќни што си искажуваат внимание на Св. Валентин или ако на децата им е забавен Hallowen немам ништо против да си се забавуваат.

Од друга страна, симпатично ми е тоа што западњаците постојано си бараат некаква причина за славење и од желбата да го одбележат секој важен животен настан. Мене ми се допаѓа дури и концептот на gender reveal, секако не тоа да биде како втора свадба, ама во кругот на најблиските зошто да не.
 
Мислам дека ние треба да си славиме Трифун, кој има длабоки корени во нашата традиција.
Нема длабоки корени, никој не се замараше со Св.Трифун додека не почна да се одбележува Валентајн, тогаш го прочешлавме календарот и најдовме дека имаме и ние празник на тој датум. Не е дека не постои како празник, туку секогаш бил еден од помалите празници, и да не се совпаднеше со оваа увезена традиција од странство, никој немаше да му обраќа многу внимание. Православниот календар има празници секој ден. Во кавадаречко можеби има подолга традиција, никаде на друго место во МК.
 
Можеби масовноста е нова, но суштината е стара. Дури и ако сме го подигнале Св. Трифун во прв план како одговор на Валентајн, тоа само покажува дека луѓето кај нас сепак сакаат нешто што е автентично и наше, а не вештачки рози и плишани мечиња од продавница. Ама па на крајот се сведува на тоа што претпочиташ мече или вино. Веројатно на младите затоа им е поинтересен Валентајн, а на постарите Трифун.
 
можеби треба да се прекрсти темата во помодарството е добро?
зошто имаме сто имендени, слави, заедно со 8ми март, верски празници, нова година и не знам уште што кај што масовно народот оди во грчка 3 ноќи или полни софри дома/кафана.
Значи проблемот е дека не се богати економијата тука туку во грчка или балентајн и халоуин се кул оти растев со френдс и сакам да сум ко нив?
 
се сеќавам со дедо ми кога идевме за трифун во лозје, ќе запалиме огин ќе поседиме, ќе запржиме нешто мрсно и вино ќе се напиеме и ќе истуриме малце за да роди повеќе, ќе закроиме и ќе прославиме. Трифун да го славиш без лозје нема смисла.
 
Можеби масовноста е нова, но суштината е стара. Дури и ако сме го подигнале Св. Трифун во прв план како одговор на Валентајн, тоа само покажува дека луѓето кај нас сепак сакаат нешто што е автентично и наше, а не вештачки рози и плишани мечиња од продавница. Ама па на крајот се сведува на тоа што претпочиташ мече или вино. Веројатно на младите затоа им е поинтересен Валентајн, а на постарите Трифун.
sustinata e deka lugjeto sakaat da se treskaat od zemja. Da ne bese taka, nemase da cekaat na valentajn za da im tekne na trifun
 
се сеќавам со дедо ми кога идевме за трифун во лозје, ќе запалиме огин ќе поседиме, ќе запржиме нешто мрсно и вино ќе се напиеме и ќе истуриме малце за да роди повеќе, ќе закроиме и ќе прославиме. Трифун да го славиш без лозје нема смисла.
Кој има време и живци да работи лозје веќе за кур кејф?
 
Кој има време и живци да работи лозје веќе за кур кејф?

лозјето е релативно незахтевно у споредба со ниви садење да речеме. Ние конкретно го баталивме пошто сите одоколу се откажаа и нашето лозје беше мета на врапци, мечки и што се не. Народот се префрли на хемија од кавадарци место да прави свое.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom