Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Пред извесен период се најави отварање на продавница која ке продава само лепиње (за оние кои не знаат, тоа е специјалитет од Ужице). На неколку метра од него постои продавница со готови јадења, каде купувам чат пат кога немам време дома да спремам нешто за јадење. Пред неколку дена бев видов и тој дека ставил во понуда лепиње.

Пред неколку години во Куманово човек отвори мекичара блиску до бурекџилница, инаку бурекот според мое мислење е еден од најдобрите во градот до ден-денес. После неколку дена и овој што прави бурек скокна да продава мекици. Не знам дали помина година дена, човеков ја затвори мекичарата, не сакам да грешам душа, дали дека овој му го уриваше бизнисот бидејќи гледав и кај него луѓето купуваа, ама ете да кажеме не му одело добро.

Ако нешто мразам тоа е крадење и копирање на идеи во било кое после, а посебно во бизнисот, така да им посакувам од се срце на овој да си го тера и понатаму бизнисот без лепињи, а на другиов да има секој ден полни раце работа.
 
Драга
Сакам само да ја поздравам темата за читање, Кајгана чита, можеби единствена тема која ме инспирираше да го поминувам слободното време квалитетно, да направам вистински позитивни промени во животот.
 
Драга,

денес открив дека покрај библијата, житијата и неколку литургиски текстови, светов во 21 век создавал и пишани дела со нерелигиски карактер.
 
Ќеј,

Секојпат кога сум Прилеп работите се толку...македонски.
И ова го мислам на најубав можен начин. Дечишта возат електро скутери - два другари качени на еден скутер, се пикаат за сантим до џипот. И мене не ми смета. Апсолутно. Ништо. Од таа. Македонска. Енергија.

Смачено ми е од деца кој се редат ко патки на семафор и чекаат да дојде зелено дур да поминат ко роботи. Уште на таа возраст мора да се ко роботи? Дали е тоа океј?? Hate me!!!

Друго, преубавото Мариово копа на стара Македонија, на моите гени Александрови, Аргеадни ил Дорски ил Мирмидонски или какви и да се, со старата гробница во село Бонче каде беа најдени штитови ко тие од Вергина. Дур и солидно измешани да се со Словенски моите гени, пак смрди, копа на стара Македонштина.

Знам дека како многу други луѓе, јас тешко прострадав овде. Да гледам сега од оваа точка и да се радувам на родот мој е во најмала рака прогалено, прокудено, превилигирано. Но јас секогаш бев горд на своите гени. Особено кога растев.

Ми фалеа овците по зелените пасишта. Тука крај реката, пролетно надојдена, видов и еден преубав Македонец, кој уште во седмо одделение извиши солидни 1.88цм. Со неговото Davidson џиш црвено палто - се видов себе, далечни 2010ти. Тогаш сеуште имаше толку многу народ.
 
Последно уредено:
Се си има рок на траење, па дури и сеќавањата што ги имаме. Деновиве размислувам за тоа колку е сурово кога забележуваш дека и меморијата почнала да избледува. Малку така те фаќа паника кога почнуваш да сфаќаш дека си го заборавил гласот на некој твој близок кој што веќе не е меѓу нас. Имаш слика во глава, ама немаш тон. Се изгубил некаде низ времето, а тебе ти останува само тишината која е тешка за поднесување и те потсетува дека тој некој неповратно си заминал.

Среќа што денес имаме телефони, па тие неколку случајни видеа и гласовни снимки може да ја прекинат тишината и барем на кратко да ни ги вратат спомените. Снимајте ги додека се смеат, додека ви раскажуваат нешто или ви го спомнуваат името. Кога сеќавањето ќе го изгуби тонот, тие снимки се единствениот глас што ќе ви остане во тишината.
 
ДК,

Се' што сакам е еден ден без драма и без нервози, еден ден, ништо повеќе. А вака како што тргнала работата, ќе ме умрат пред да наполнам пееска!
 
Вејче две недели во темана за бугарење пишуваат само Срби кој чекаат да им заврши постапката.
И после че речат Македонците вака така, абе чику.
 
Си бара посебна вештина и се повеќе се испраксувам: да станеш во 07:10 рамно, да се расониш, да обавиш хигиенски и природни потреби, да се облечеш и да си го спремиш работниот ранец, да појадуваш, да ја загрееш колата, да го собереш, врзеш и фрлиш ѓубрето, да возиш низ safe city со 40-50, да најдеш паркинг и да си на работа во 08:00 рамно.
 
Одам по улица вртам поглед гледам на оние билборди пишува реклама "Светот е твој" продолжувам да одам со мислава -Џабе да ми го даваш не го зимам,не ми треба..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom