Дали некој знае како да поврзам стар модел DVD плеер со понов модел телевизор?
DVD плеерот е стар модел Sony кој го имам од времето на телевизорите со SCART опција приклучок.
Од пред неколку години сменив телевизор Philips и знаете веќе сите новите телевизори немаат SCART.
DVD плеерот има од тие пинови со боја црвена бела и жолта и така натаму и кабел таков.
Прегледај го приврзокот 468402
Е сега назад во телевизорот има само две такви слични приклучоци во боја зелена и бела за приклучок на онаков како од аудио.
Со телевизорот добив две како додатоци еден со зелен приклучок и темно сино, црвено и зелено, едно со бел приклучок со црвено и бело.
Прегледај го приврзокот 468403
На сликава зеленото изгледа како друга боја, нека не ви прави забуна.
Ако знае некој како да ги приклучам и како да добијам слика на телевизорот нека пише.
Прашував и Chat GPT но овој пат тотално сум збунет.