„Најдобро платена ескорт женска во Сан Фрациско, Ава Хадсон, млада, бела и со високо образование, три референци кои и дозволуваат своите услуги да ги наплаќа по повисоки цени од останатите, почнувајќи од 600 долари за "коктел" до 10.000 долари за викенд дружење.
Американката Сузи Фејвор Хамилтон во својата кариера има три настапи на Олимписките игри, неколку рекорди, безброј медали, сопруг, 7-годишна ќерка, но и таен живот, таа работи како скапа ескорт дама.
Светлана З. е 24-годишна пензионирана ескорт девојка која на 19 години доаѓа во Њујорк од рускиот град Челабинск. Во себе има 300 долари. 4 години подоцна се пензионира со 200.000 долари, сите од секс за пари. Плус, на нејзините им купила викендичка.
29-годишен маж од Австралија, кој веќе со години работи како ескорт во Лондон, Со проституција, која е легална во Велика Британија, почнал да се занимава пред 10 години, бидејќи како што самиот вели, поискористено се чувствувал кога бил дел од канцелариски тим во голема фирма.
Идентитетот не сакал да го открие, но се опишал како момче со кафеава коса, сини очи, атлетско тело и бисексуалец.
како изгледа неговата работа:
„Некогаш одам на вечера со клиентите, некогаш во кино, казино или на нивните приватни јахти и авиони, одморалишта и вили. Некогаш се случува и да дојдат кај мене или да одам кај нив во стан или хотелот во кој се сместени.
Тешко е да се рекламираш како независен работник и да работиш сам бидејќи сè е полесно кога водат макроата, борделите и слично.“
Открива и дека повеќето клиенти му се мажи, но повеќе сака да спие со жени или транссексуалци.
„Не е дека не ми се допаѓа сексот со машките клиенти, уживам и во него, но тоа е само мал дел од мојата сексуалност и ако имам секс само со машки клиенти, не би бил задоволен.“
Доколку клиентите доаѓаат кај него тогаш плаќаат 220 долари на час, а ако тој оди кај нив, тогаш плаќаат 300 долари.
Цифрата се зголемува доколку оди надвор од земјата, а цената се дуплира кога е во Дубаи.
Вели дека имало и клиенти кои се заљубиле во него, па имал непријатни ситуации.
„Често ми викаат те сакам и морам добро да размислувам што да им одговорам, за да не им дадам лажна надеж. Обично велам: Баш си сладок/ка. Сакам да поминувам време со тебе. Не сакам да ги повредам. Тогаш обично ја завршуваме соработката, бидејќи не можат да се носат со емоциите кон мене.“
Неговото семејство не знае со што се занимава бидејќи не сака да ги загрижува, но вели дека е претпазлив и не се бакнува со клиентите, користи заштита, не консумира недозволени супстанци и не се впушта во сексуален однос со двајца клиенти истовремено.
„Одбивам лица кои се под дејство на алкохол или супстанци, како и лица кои одбиваат да се истушираат. Сакам да нагласам дека низ оваа работа запознав многу интересни луѓе, имав прекрасни искуства, многу патував и заработив.
Најдобро од сè е што парите одат директно кај мене и никој друг нема профит,“ нагласува младиот машки ескорт. “